Крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака ја коментираше победата во мечот со Тотенхем (3:2) во последното коло од Премиер лигата и проговори за борбата за шампионската титула со Манчестер Сити. „Знаеме дека Сити е фантастичен тим, но тие не се совршени и ние само треба да ја завршиме нашата работа. Немаме многу простор за грешки, се сеќаваме на искуството од минатата година и подготвени сме за последните три натпревари“, изјави Сака за „Би-Би-Си“. По 33 натпревари од англиското првенство, Тотенхем има 60 бодови и е на петтото место. По 35 кола во англиската Премиер лига, Арсенал освои 80 бода и е на…
Author: riste
Раководството на Милан може да го преиспита планот да го покани шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги на местото нов тренер на Росонерите поради негативната реакција на навивачите на ваквите гласини. Ова го пренесува „Milan News“ повикувајќи се на познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио. Според изворот, раководството на Милан е многу чувствителнп на мислењето на навивачите на клубот, па уште еднаш ќе анализираат дали вреди да го отпуштат сегашниот тренер Стефан Пиоли и да го поканат Лопетеги да го заземе неговото место. Милан не сака да направи грешка при изборот на нов тренер за тимот. Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација…
Иднината на Вирџил ван Дајк ќе биде главен приоритет за идниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, бидејќи Борусија Дортмунд и неколку други европски клубови се обидуваат да го ангажираат холандскиот дефанзивец, објави „Мирор“. Капитенот на „црвените“ има уште една година од договорот и не брза да потпише, особено што менаџерот Јирген Клоп, кој го донесе во тимот, ќе си замине на крајот од сезоната. Ван Дајк, кој во јули ќе наполни 33 години, се уште има огромен мотив и амбиција и сака да продолжи да игра на највисоко ниво. Дефанзивецот се здоби со тешка повреда против Евертон во октомври 2020…
Хари Кејн се насочи кон рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона, откако вчера постигна два гола во победата од 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт. Кејн има 42 гола оваа сезона во сите натпреварувања, а исто така ја мина границата од 400 гола во профедионалниот настап за неговите клубови и за репрезентацијата на Англија. 30-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 35 гола на 31 натпревар во Бундеслигата, шест помалку од рекордот на Левандовски, 41 во 2020-2021 година. Запрашан за можноста за рушење на рекордот на преостанати три натпревари во од сезоната во дресот на Баерн, Кејн рече:…
Се очекува холандскиот стручњак Арне Слот да биде назначен за нов тренер на Ливерпул, што ќе доведе до промена во распределбата на задачите на „Енфилд“. Според „Тајмс“, Слот нема да ги има истите одговорности како сегашниот менаџер Јирген Клоп, туку ќе биде ограничен првенствено на тренирање – подготовка и водење на тимот за време на натпреварите. За разлика од Клоп, кој исто така имаше голема улога во трансфер политиката, Слот ќе им го остави тој дел на газдите на клубот, меѓу кои се Ричард Хјуз (спортски директор) и Мајкл Едвардс (извршен директор). Слот тешко дека ќе има ништо против, бидејќи…
Потврдата за квалитетот на нашата ракометна судиска двојка е потврдена со уште едно учество на ЛОИ, овој пат во Париз. Шеснаесет судиски парови се делегирани да судат на Летните олимписки игри во Париз, а очекувано на списокот се о нашите претставници, најдобра судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Начевски и Николов ќе бидат дел од најголемиот спортски настан оваа година заедно со уште неколку судиски парови од регионот односно Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Ракометниот турнир започнува на 25 јули, финалините натпевари се планирани за 10 и 11 август. Натпреварите од нокаут фазата во двете конкуренции ќе се играат на…
Шпанскиот гигант Барселона на лето ќе сака да потпише нов квалитетен играч за врска, а главниот тренер Чави Ернандез, кој ќе остане на чело на Каталонците и следната година, веќе составил список со имиња кои ги сака на таа позиција и го доставил до спортскиот директорот Деко, пишува „Диарио Спорт“. Најголема желба е Марко Верати, кој минатото лето го напушти Пари Сен Жермен и се пресели во тимот на Ал Араби во Катар. Барселона ќе се обиде да го ангажира Италијанецот на позајмица, додека самиот Верати е отворен за преселба на „Камп Ноу“. Италијанецот не е задоволен од животот на…
Утрешниот дуел меѓу Интер и Торино ќе влезе во историјата на италијанскиот фудбал, а причината за ова е што тоа ќе биде првиот натпревар во Серија А на кој ќе суди судиска тројка која целосно е од женски пол. Главен судија на натпреварот во Милано ќе биде Марија Капути, а помошни судии – Франческа Ди Монте и Тицијана Трашати. Досега нешто слично се случуваше во Серија Б и Купот на Италија, но не и во италијанската елита. 33-годишната Капути е на списокот на судии во Серија А од летото 2022 година. Минатата година таа стана првата Италијанка што судела меѓународен…
Реал Мадрид не е заинтересиран да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија шпанските медиуми. Според истите, Реал Мадрид ги променил приоритетите во засилувањето на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона. И покрај тоа што постигнале вербален договор со левиот бек Алфонсо Дејвис, раководството на Реал Мадрид се префрли на купување на централниот дефанзивец на францускиот Лил, Лени Јоро. Воедно, можен е и трансфер на Алфонсо Дејвис по завршувањето на следната сезона, кога треба да му истече договорот со Баерн. Да потсетиме, оваа сезона Дејвис учествуваше на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна…
Раководството на Милан напредува во разговорите со Хулен Лопетеги. 57-годишниот стручњак од летото е главен фаворит за нов тренер на „росонерите“. Миланскиот гигант ќе се раздели со актуелниот тренер Стефано Пиоли и желба на газдите е Лопетеги да го замени. За шпанскиот стручњак е заинтересиран и Вест Хем, но тој приоритет му дава на Милан, пишува новинарот Матео Морето. Тренерот имал позитивни разговори со одговорните фактори на „Сан Сиро“ околу проектот на италијанскиот клуб, а се очекува тие да продолжат и во наредните денови. Лопетеги последен пат беше на чело на Вулверхемптон. Ги водеше претходно и Порто, Реал Мадрид, Севиља…
