Author: riste

Болоња не губи надеж дека и следната сезона може да го задржи актуелниот тренер Тиаго Мота на кормилото на тимот. Сопственикот на клубот Џои Сапуто и директорите се уверени дека ќе го убедат Мота да остане барем уште една сезона, особено ако екипата се квалификува за Лигата на шампионите. „Газета дело Спорт“ објави дека Болоња е подготвена да му понуди на Мота нов двегодишен договор. Директорот на Болоња, Клаудио Фенучи, зборуваше за иднината на Мота во клубот, велејќи дека е изнервиран од растечките гласини. „Тиаго работи како да има долгорочен договор со нас“, изјави тој за радиото во Серија А.…

Read More

Ракометната федерација на Македонија в четврток ја одржа ждрепката за завршниот турнир на Купот. Извлекувањето кое се одржа во просториите на федерацијата ни ги даде паровите во машка и женска конкуренција. Денес дополнително РФМ ги утврди и саатниците за натпреварите во битката за двата трофеи. Полуфиналињата ќе се одиграат на 16 и 17 мај, додека двете финалиња се закажани за в недела на 19 мај. Саатници за натпреварите во машка конкуренција:Полуфинале:16.05.2024 – 19:30 часот (Алкалоид – Вардар 1961)17.05.2024 – 19:30 часот (Тиквеш – Еурофарм Пелистер)Финале – 19.05.2024 – 19:00 часот Саатници за натпреварите во женска конкуренција:Полуфинале:16.05.2024 – 17:00 часот (ЖРК Куманово – ЖРК Ѓорче…

Read More

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, кој ја предводи Европската клупска асоцијација, повторно се изјасни против создавањето на Суперлига, за која лобираат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. „Го прашав претседателот на Барселона – Лапорта кога ќе се откажат од оваа глупава идеја за создавање Суперлига. За мене не постои Супер лига. Лигата на шампионите е најдобриот клупски турнир во светот. Тие се во него, ние се сретнавме во четврт-финалето, се надевам дека ќе го прекинат ова наскоро, бидејќи тоа е бесмислен потфат“, рече Ал-Хелаифи за „Мундо Депортиво“. На крајот на минатата година, Европскиот суд на правдата ги прогласи…

Read More

По кусо боледување, денеска на 75 годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа. Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа. Џаровски беше и претседател на ФК Слога Југомагнат во шампионските денови.

Read More

Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот гигант продолжува да испишува историја во својата домашна лига. Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориент со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа од шампионат на Франција. Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога загуби со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припагаше на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од…

Read More

Челзи не одлучил за иднината на тренерот Маурицио Покетино, пишува „Телеграф“. Според изворот, раководството на лондонскиот клуб продолжува да му дава поддршка на 52-годишниот специјалист, признавајќи дека мора да работи во тешки околности. Сепак, за некои членови на раководството, минималната задача беше да влезат во европските натпреварувања, без нив, присуството на Покетино во клубот може да биде загрозено. Покетино го презеде Челзи во јули 2023 година. Договорот на Аргентинецот со клубот е до летото 2025 година, со можност за продолжување на уште една година. По 32 кола, Челзи е на деветтото место во Премиер лигата со 47 бодови. Во шампионатот води Арсенал…

Read More

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека в четврток напладне ќе ја изврши ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција. По мартовските четвртфинални групи познати се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот. Вардар 1961, кој го брани трофејот, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Тиквеш се полуфиналисти во машка, додека ЖРК Куманово, како и Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и ЖРК Чаир ќе се борат за трофејот кај дамите. Ждрепката е слободна и нема никакви ограничувања, така да може во полуфинале да видиме дуел на фаворитите, иако Куп натпреварите се такви што никој не…

Read More

Напаѓачот Душан Влаховиќ призна дека не е ѕвезда од калибарот на Нејмар или Лионел Меси, но ги истакна своите цели за Јувентус поради извештаите за интерес од Челзи и Пари Сен Жермен. 24-годишниот српски репрезентативец продолжи да импресионира во Торино и покрај неговите борби и честата изолација во шемата на Масимилијано Алегри, постигнувајќи 16 гола во 28 натпревари во Серија А. Влаховиќ има уште две години од актуелниот договор со Јувентус и се поврзува со потенцијален летен трансфер. Неговата иднина зависи и од тоа кој ќе го води гигантот од Торино следната сезона. Во интервју за францускиот весник „Л’Екип“, Србинот…

Read More

Брза реакција на Реал Мадрид откако капитенот Начо Фернандес, неодамна порача дека на крајот од сезоната си заминува од „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, веднаш тргна по потписот со неговиот наследник, тоа е најбараниот млад дефанзивец во Европа, Лени Јоро. Јоро, кој има само 18 години, настапува за францускиот Лил и веќе се наоѓа на списокот на желби на гиганти како ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн Минхен, но со вклучувањето на Реал Мадрид во трката по неговиот потпис, шпанските медиуми немаат дилеми за кој тим ќе игра дефанзивецот од следната сезона. Според медиумите, Перес е…

Read More

Македонската репрезентација во традиционално карате оствари големи резултати на ЕТКФ Европскиот шампионат во традиционално карате освојуваќи 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени медали. ЕШ се одржа на 20 и 21 април во СЦ Јане Сандански во Скопје. Првиот ден според програмата се одржаа натпреварите за деца од 6 до 13 години во повеќе дисциплини поединечно и екипно. Најуспешни наши натпреварувачи беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Андреј Мишиќ, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Милан Трајковски, Мурат Ефе Арас, Драган Стојановски, Давид Китановски и други кои освоија вкупно: 16 златни, 15 сребрени и 47…

Read More