Ајнтрахт Франкфурт нема да го купи играчот од средниот ред Дони ван де Бек , кој настапува во нивните редови како позајмен од Манчестер Јунајтед. Ова го пренесува новинарот Фабрицио Романо на своите социјални мрежи . Според изворот, Ајнтрахт не планира да ја активира опцијата за откуп на холандскиот фудбалер за 11 милиони евра по завршувањето на тековната сезона Се очекува Дони ван де Бек да се врати во Манчестер Јунајтед од каде следното лето ќе бараат нови опции за продолжување на кариерата. Ајнтрахт ја објави позајмицата на Дони во јануари оваа година. Рокот на позајмица на холандскиот играч за врска е до крајот на…
Author: riste
Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман може да потпише нов договор со тимот, пренесува новинарот Матео Морето. Според изворот, договорот на играчот истекува во летото 2026 година, но клубот веќе му понудил нов договор на Французинот. Сериозен интерес за офанзивецот има од ПСЖ и Интер Мајами. Оваа сезона, напаѓачот одигра 41 натпревар во сите натпреварувања за клубот пд Мадрид, постигнувајќи 21 гол и 8 асистенции.
Напаѓачот на Барселона Рафиња е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Ова го објави официјалниот сајт на УЕФА. На 10 април шпанска Барселона играше на гости кај францускиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Средбата заврши со победа на Барселона со резултат 3:2. Главен херој на овој натпревар беше Рафиња кој постигна два гола. Во конкуренција за играч на неделата во Лигата на шампионите беа и францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, англискиот играч за врска на Манчестер Сити, Филип Фоден и норвешкиот играч за врска на лондонски Арсенал Мартин Одегард. Да потсетиме, оваа сезона Рафиња…
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Тој рече дека целта е тимот да се пласира во Лигата на шампионите, а потоа управата на клубот ќе одлучи дали тој ќе продолжи да ги води „бјанконерите“. „Целта е место во Лигат ана шампионите, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро“, рече тренерот. „Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија (Јуве е на чекор до…
Македонските тенисерки дојдоа до две победи во сингл мечевите кои им донесоа триумф над Грузија во мечот за пласман од 4-6 место во рамките на Били Џин Кинг купот Втора Евроафриканска зона што се игра во Вилнус, Литванија. Македонија ја совлада Грузија со 2:1 и утре во мечот против Изреал ќе игра за четвртото место во оваа зона. Првиот поен на Македонија и го донесе Стоилковска која со 2-1 во сетови (6:1, 2:6, 6:3) ја победи Зозија Кардава за 105 минути игра. Во вториот меч Лина Ѓорческа играше против Екатерине Горгодзе. Мечот се играше само еден сет, кој и припадна на…
Ракометниот клуб Вардар секојдневно го зголемува списокот на пријатели – спонзори кои застануваат зад проектот кој минатото лето го започна новото раководство на РК Вардар предводено од извршниот директор Борко Ристовски. Во програмата на Спортско радио 90,3 разговаравме со Борко Ристовски на повеќе теми поврзани со тековното функционирање на клубот, за тековната сезона, за финансиското стабилизирање на клубот и за идните планови. „Сезоната ја почнавме одлично со победа на турнирот во Струга, со освојувањето на Супер купот на Македонија (против Еурофарм Пелистер) и игравме одлично во првиот дел од сезона. Да не се случеа оние број повреди на клучните играчи…
Во пресрет на големото градско дерби со Вардар, тренерот на Работнички, Горан Станиќ во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм зборуваше за очекувањата од неделната пресметка со еден од главните ривали и во трката за опстанок во елитата. „Од наша страна можеме да кажеме дека засега се оди според планот. Работиме во одлична атмосфера и се подготвуваме за дербито. За Вардар знаеме како започна сезоната, во каква ситуација беше и каде е сега. Ние почнавме добро со поинакви аспирации од она каде сме сега. Верувам во моите фудбалери и одиме на победа. Ова не е преголем оптимизам, навистина го мислам…
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, го пофали начинот на кој неговиот тим одговори по бледото прво полувреме против Атлетико Мадрид. Неговата екипа загуби со 1:2 на „Ванда Метрополитано“, но ги задржаа реалните шанси за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите. „Има шанси. Во првите 30 минути дефинитивно не го направивме тоа што треба. Ако направите толку многу грешки на ова ниво, тоа често излегува дека е фатално. Сепак, не се откажавме и покажавме на што сме способни“, прокоментира Терзиќ. „Точно е дека до паузата направивме повеќе од една или две сериозни грешки, но за мене важно беше како…
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике ги кажа своите размислувања по првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите со Барселона (2:3). „Резултатот од натпреварот? Не е добро ако резултатот не е онаков каков што сакате. Иако одигравме добар натпревар против многу добар противник, генерално играта беше тешка за нас. Натпреварот го свртевме во вториот дел, но тие го постигнаа третиот гол, кој денеска го реши исходот на мечот, но на крајот не реши ништо. Очигледно реваншот ќе биде решен со ситни детали. Тој ќе биде финалниот во оваа пресметка. Ќе одиме во Барселона и ќе се бориме до крај,…
Атлетико Мадрид нема претрпено ниту еден пораз на домашен терен под водство на Диего Симеоне во натпреварите од плејофот од Лигата на шампионите. Ова го објавија шпанските медиуми по синоќешниот меч во Мадрид. Според изворот, Атлетико, кој ја победи Борусија Дортмунд (2:1) во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите, нема пораз во домашните натпревари во плејофот на турнирот од назначувањето на аргентински тренер во 2011 година. З а тоа време, Атлетико одиграл 17 натпревари на „Висенте Калдерон“ и „Ванда Метрополитано“, во кои има 11 победи и шест нерешени. Гол разликата е 20:5. Реваншот меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд…
