Author: riste

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни го пофали нивото на игра на 18-годишниот напаѓач на неговиот клуб Кенан Јилдиз. „Би се обложил со секој дека Кенан Јилдиз ќе биде номиниран за Златната топка во следните пет години. Сум играл со многу играчи, но таков талент не сум видел. Сигурен сум дека ќе го добијам овој облог“, изјавил Шчесни за „Кориере дело спорт“. Да потсетиме дека оваа сезона Јилдиз учествуваше на 30 натпревари од сите натпеварувања, на кои постигна пет гола и една асистенција. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2027 година. Според информациите пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон нема да игра против Нотингем Форест. Бразилецот почувствувал болка во коленото при ремито 1:1 против Вест Хем. Мејнор Соломон, Рајан Сесењон и Фрејзер Форстер исто така ќе бидат недостапни за Анге Постекоглу поради долготрајни повреди. Натпреварот првично требаше да се игра во понеделник навечер, но штрајковите на железницата и подземната железница ги принудија да го поместен ден порано, за што Премиер лигата официјално им се извини на навивачите. Тотенхем го доби првиот натпревар од сезоната против Нотингем Форест со 2:0 во декември. Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, нема нови проблеми со повреди пред натпреварот…

Read More

Возачот на Ред Бул и актуелен шампион, Макс Верстапен, триумфираше на трката за ГН на Јапонија, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Верстапен стигна до нова победа на доминантен начин откако водеше од почеток до крај на трката. Трикратниот светски шампион трета година по ред славеше на популарната патека во „Сузука“ и со тоа дојде до 57-та победа во кариерата. Холанѓанецот го забележа третиот триумф сезонава и се погрижи да биде на највисокото скалило на подиумот на секоја трка што ќе ја заврши. Најблиску до бранителот на титулата беше неговиот тимски колега Серхио Перес, додека возачот на Ферари,…

Read More

Напаѓачот Томас Милер испиша историја во Баерн Минхен. Легендарниот напаѓач го одигра својот 700-ти натпревар за клубот. Ова се случи при денешното гостување кај Хајденхајм. Томас Милер го започна натпреварот како стартер, што е рекорд за фудбалерот на Баерн Минхен. Напаѓачот многу брзо би требало да го подобри вкупниот рекорд. Пред него е само легендарниот голман Сеп Мајер со 709 натпревари. Милер дебитираше за „баварците“ пред 16 години. Досега има 239 гола и 265 асистенции.

Read More

Борусија Дортмунд e заинтересирана за 24-годишниот крилен напаѓач Џејдон Санчо, које е на позајмица од Манчестер Јунајтед. Сепак од Борусија Дортмунд не се подготвени да ги платат 40-те милиони фунти (46,6 милиони евра) што ги побараа од Манчестер Јунајтед за англискиот фудбалер, објави „Скај Спорт Германија“. И покрај неподготвеноста да плати толкава сума, Борусија не се откажува од надежта дека ќе го ангажира Санчо, кој пак се чувствува удобно во клубот од Дортмунд. Да потсетиме, англискиот крилен напаѓач минатата зима се пресели во Борусија на позајмица до крајот на сезоната. Сезонава Санчо учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна…

Read More

Раководството на Барселона стапило во контакт со агентот на 21-годишниот централен играч за врска на оваа екипа, Педри за да разговараат за продолжување на договорот за соработка. Ова го објави „Мундо Депортиво“. Според истиот извор, овој документ не е само предлог за продолжување на договорот, туку и изјава за намери во однос на фудбалерот, во кој каталонскиот клуб гледа еден од главните елементи на тимот. Да потсетиме, сегашниот договор на Педри со Барселона истекува во летото 2026 година. Шпанскиот фудбалер за каталонскиот клуб настапува од 2019 година. Во овој период во сите натпреварувања учествуваше на 133 натпревари на кои постигна 18 гола…

Read More

Макс Ферстапен ја освои 36.пол-позиција во кариерата. Актуелниот шампион беше најбрз во квалификациите пред трката за ГН на Јапонија. Најбрзиот круг на Холанѓанецот на патеката во Сузука беше 1:28.197 минути. Веднаш до Ферстапен, од првиот ред на утрешната трка ќе започне неговиот тимски колега Серхио Перез. Мексеканецот задоцни за 66 илјадити делови од секундата. Останатите возачи беа далеку зад пилотите на Ред Бул. Трет во квалификациите заврши Ландо Норис од Мекларен, а до него трката ќе ја стартува возачот на Ферари, Карлос Саинц. Во квалификациите во Топ 10 завршија: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Оскар Пјастри (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Шарл…

Read More

Претстојното лето, Наполи има намера да му понуди на 23-годишниот крилен напаѓач Хвича Кварацхелија нов договор до 2028 година, со зголемување на неговата плата од 1,2 милиони евра на 4,5 милиони евра годишно. Ова го објави новинарот Франческо Поласто, а според истиот, покрај зголемувањето на платата, новиот договор на Кварацхелија ќе вклучува и бонуси за учинок. Се нагласува дека Наполи сака да го направи грузискиот фудбалер нов херој на Неапол. Да потсетиме, оваа сезона Кварацхелија учествуваше на 38 натпревари на сите турнири, на кои постигна 10 гола и шест асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2027 година. Според…

Read More

Македонскиот олимписки комитет денес го организираше Олимпискиот пикник, настак кој на едно место ги собра поранешните спортисти, спортски работници, но и сегашните наши имиња од спортот. Овој настан МОК го организира по повод 6. април, меѓународниот ден на спортот за развој и мир. МОК само ја обновува традицијата на “Олимписки пикник” кој се оддржуваше и порано, а сега се одржа во кругот на СЦ Јане Сандански. Оваа манифестација е наменета за дружење меѓу спортските великани, спортски работници, новинари, спортисти подржувачи на спортот.

Read More

Фудбалскиот клуб Брегалница спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната. Брегалница во последните шест натпревари е без победа, со четири порази и само две ремија, поради што од морални причини следи повлекувањето на Здравков од тренерската функција а во насока на позитивен импулс за тимот и фудбалски Штип во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. „Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку…

Read More