Author: riste

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и покрај тоа што со големи амбиции ја започна новата сезона сепак немаше среќа и ќе мора да паузира. Ивановски имаше можност во претсезонките подготовки да тренира заедно со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и беше подготвен за поголеми предизвици, но денес соопшти лоши вести. Имено, најдобро рангираниот македонски тенисер на социјалните мрежи објави дека во следните пет до шест месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека во најдобар случај на турнирите би им се вратил во септември. „Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам… Ќе бидам надвор од терените во следните…

Read More

Ливерпул покажува активен интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Родриго , во кој раководството на „црвените“ гледаат долгорочна замена за 31-годишниот крилен напаѓач Мохамед Салах. Ова го објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, Реал Мадрид бараат за бразилскиот фудбалер сума која се движи од 100 до 120 милиони евра. За возврат Ливерпул е подготвен да понуди 80 милиони евра, што не му одговара на мадридскиот клуб. Се нагласува дека постои можност Салах претстојното лето да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Во исто време, позицијата на Родриго во Реал Мадрид може значително да ослаби откако Килијан Мбапе ќе се приклучи на…

Read More

Женската репрезентација на Македонија од 8 до 13 април ќе настапи во Литванија како дел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонските тенисерки минатата година на домашен терен триумфираа во Третата Европска зона и со тоа обезбедија пласман во повисок ранг. Селекторот Димитар Лабудовиќ беше гостин во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ и зборувавме за настапот во Литванија. „Не очекуваат тешки натпревари во Литваниа, сега сме дел од група на репрезентации кои се со повисок квалитет, а исто така во Литванија доаѓаат со силни состави, фаворит за првото место е Хрватска која ја има пријавено Дона…

Read More

Либерти Медиа, која е сопственик на Формула 1, ќе ја купи Дорна Спортс, која ги поседува правата на Мото ГП и Светскиот шампионат во супербајк, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори. Пред неколку недели се појавија гласини дека е постигнат договор меѓу Либерти Медиа и Дорна. Според извори, објавувањето на зделката било планирано да биде објавено пред почетокот на новата сезона во Мото ГП во Катар, која започна на 10 март. Се верува дека двете страни во договорот одлучиле да го одложат објавувањето во јавноста поради загриженоста за антимонополските закони во Европа.  Следниот можен датум за објавување на оваа зделка е…

Read More

Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави синоќа весникот „АС“. Двајцата играчи ќе потпишат нови договори до летото 2025 година. Претходните договори на Шпанците со Реал Мадрид истекуваа на крајот од сезоната 2023-2024. Претходно се дозна дека играчот од средниот ред Тони Крос исто така ќе остане во шпанската престолнина најмалку уште една година. Се очекува 14-кратниот европски клупски шампион да објави нови договори во многу блиска иднина. Васкез (32) има еден гол и четири асистенции на 28 натпревари оваа сезона, додека Фернандез (34) има 33 настапи за Реал Мадрид.

Read More

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, може да ја задржи функцијата на крајот од сезоната, пренесува „Билд“. Според овој извор, доколку германскиот тим не се пласира меѓу најдобрите четири во првенството, тогаш раководството ќе ја разгледа опцијата за отказ на Терзиќ. Иднината на Терзиќ е под влијание на резултатот од двомечот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Претходно беше објавено дека раководството на Борусија Дортмунд е незадоволно од резултатите на тимот во тековната сезона во Бундеслигата. Да потсетиме, Борусија Дортмунд по 26 кола во германското фудбалско првенство е на четвртото место со 50 бодови.

Read More

Секогаш кога има пауза за репрезентативните настапи, главоболките за Пеп Гвардиола се зголемуваат. Таква е ситуацијата и по ова пауза за настапи во репрезентациите. Менаџерот на Манчестер Сити, пеп гвардиола повторно има проблеми по враќањето на играчите од своите репрезентации. Така и овојпат, а веќе во недела го чека големото дерби со Арсенал кој во оваа 2024 година игра во фантастична форма. Факт е дека Манчестер Сити нема да може да настапи со најсилниот состав. Се знае дека Пеп не може да смета на Едерсон и Стоунс, се повреди и Вокер, а под голем знак прашалник е настапот на Џек…

Read More

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започнува денеска, 28.03.2024 во 9.00 часот и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани. Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по завршувањето на сезоната ќе потпише нов договор со клубот, пишува „Гаzета дело спорт“. 47-годишниот стручњак постигна договор со раководството на Нероаѕурите и ќе го продолжи договорот. Актуелниот договор на Инзаги е до летото 2025 година, а тој треба повторно да потпише уште една година. Договорот ќе има опција за продолжување на уште 12 месеци – до крајот на сезоната 2026/27. Симоне Инзаги е на чело на Интер од јуни 2021 година. Во тој период го освои секој можен трофеј во Италија и минатата сезона го одведе својот тим до финалето на Лигата на шампионите,…

Read More

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, продолжи со вообичаените тренинзи. Тој заедно со соиграчите учествуваше на тренингот на парижаните во текот на вчерашниот ден, информираше „Л’Екип“. Репрезентативецот на Бразил е надвор од терените од 17 февруари кога заработи повреда на Ахиловата тетива во победата од 2:0 над Нант. Ова е одлична вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој ќе може да смета на искусниот централен бек за претстојниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против Барселона во април. Шпанскиот тренер на ПСЖ реши да им даде два дена одмор на сите интернационалци од тимот кои играа за своите решрезентации…

Read More