Либерти Медиа, која е сопственик на Формула 1, ќе ја купи Дорна Спортс, која ги поседува правата на Мото ГП и Светскиот шампионат во супербајк, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори.
Пред неколку недели се појавија гласини дека е постигнат договор меѓу Либерти Медиа и Дорна. Според извори, објавувањето на зделката било планирано да биде објавено пред почетокот на новата сезона во Мото ГП во Катар, која започна на 10 март.
Се верува дека двете страни во договорот одлучиле да го одложат објавувањето во јавноста поради загриженоста за антимонополските закони во Европа.
Следниот можен датум за објавување на оваа зделка е 14 април, кога ќе се одржи МотоГП етапата во Остин (САД).