Напаѓачот Никлас Фулкруг го постигна победничкиот гол за Германија во победата од 2:1 над Холандија во пријателски натпревар како дел од подготовките на двете екипи за УЕФА ЕУРО 2024 година. Напаѓачот на Борусија Дортмунд е игра одлично во националниот дрес, кој првпат го облече пред Светското првенство во Катар во 2022 година. Фулкруг одигра 15 натпревари за Бундестимот, постигнувајќи 11 гола. Тоа значи дека само двајца играчи имаат подобар старт во германската репрезентација од Фулкруг. Тоа се Мирослав Клосе и Серж Гнабри, кои на првите 15 натпревари за репрезентацијата имаат по 13, односно 14 гола.
Author: riste
Документарецот за ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Жуниор ќе биде објавен кон крајот на 2025 година. Во јуни 2023 година, Нетфликс објави дека започнуваат со снимање на филмот. Според „Ел Чорингуито“, компанијата се надева дека премиерата на филмот ќе се совпадне со евентуалното освојување на Златната топка на бразилската фудбалска ѕвезда. Во тековната сезона фудбалерот на Реал Мадрид има 12 гола и 4 асистенции на 20 натпревари во шпанската лига.
Бразилскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Каземиро на лето би можел да биде прекомандуван во клуб од Саудиска Арабија, од каде што покажуваат сериозен интерес за него. Ова го објави новинарот Екрем Конур на својот профил на една од социјалните мрежи. Тој не прецизираше за кој клуб станува збор. Каземиро, кој потекнува од школата на бразилскиот Сао Паоло, се пресели во Реал Мадрид во 2013 година, а 9 години подоцна беше префрлен во Манчестер Јунајтед. Во тековната сезона, 32-годишниот играч има 21 настап во сите натпреварувања за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 5 гола и 2 асистенции. Договорот на Каземиро со…
Агентот на играчот од средниот ред на Арсенал и Италија, Жоржињо, Жоао Сантош изјави дека се водат разговори со англискиот клуб околу договорот на играчот од средниот ред роден во Бразил. „Ќе разговараме со Арсенал за прашањето за договорот на мојот клиент кој истекува во јуни. Ова е наш приоритет“, изјави Сантош за Радио Спортива. „Арсенал има фантастичен состав и ќе видиме дали ќе му треба Жоржињо следната сезона“. Запрашан дали е можно враќање на фудбалерот во Италија, Жоао Сантош рече: „Зошто да не? Можеби еден ден тоа ќе се случи“. Жоржињо кој има 32 години минатата сезона го замени…
Полската тенисерка Ига Швојтек, проговори за поразот од Русинката, Екатерина Александрова, во меч од четвртото коло на турнирот во категоријата ВТА-1000 во Мајами (САД). „Секако дека сум разочарана бидејќи очекував да играм подобро во Мајами. Екатерина одигра неверојатен меч. Немав време да го пресметам нејзиниот сервис. Малку се напнав кога не можев добро да одговорам на тоа“ – изјави таа за прес-службата на ВТА. Турнирот во Мајами се одржува од 19 до 30 март а наградниот фонд е 8.995.555 долари.
Арсенал е заинтересиран да го ангажира 29-годишниот десен бек на Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој оваа сезона игра како позајмен во Барселона. Ова го објави „Спорт.ес“ повикувајќи се на информацијата објавена од англискиот „Сан“. Според изворот, „топчиите“ имаат намера да направат обиди да го ангажираат португалскиот фудбалер претстојното лето. Претходно во медиумите се појави информација дека самиот Кансело сака да ја продолжи кариерата во Барселона, но постои можност Барселона да не успее да да се договори за потписот на дефанзивецот со Манчестер Сити. Оваа сезона Кансело учествуваше на 32 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и четири асистенции.…
Екипата на Интер која е на чекор до освојувањето на титулата во Серија А е се поблиску до потпишување на договор со бразилскиот репрезентативец Бенто, но допрва треба да постигне конечен договор со неговиот клуб Атлетико Параненсе. „Нероаѕурите“ го следат 24-годишниот голман од летото 2023 година, кога договорот не се оствари и Интер се засили со Јан Зомер. Договорот на Бенто со Атлетико Параненсе е до декември 2026 година, но тој е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата и да ја напушти татковината за да се пресели во Европа. Бенто веќе некое време е на радарот на Интер,…
Ливерпул направи список со кандидати за менаџерската функција во нивниот клуб, пренесува „Дејли Мејл“. Според изворот, клубот од „Енфилд“ бара млад стручњак кој меѓу другото ќе се развива во клубот. Кандидати меѓу тренерите се Чави Алонсо (Баер Леверкузен), Роберто де Зерби (Брајтон) и Рубен Аморим (Спортинг Лисабон). Актуелниот менаџер Јирген Клоп веќе најави дека без разлика на исходот од сезоната , тој на крајот на сезоната ќе го напушти „Енфилд“. Во текот на наредните месеци раководството на Ливерпул ќе мора да одлучи кој ќе биде наследник на Клоп на клупата на Ливерпул по неговото заминување.
Останаа уште три места за да биде пополнет бројот на учесници на ЕП 2024 во Германија. Шест репрезентации вечерва ќе треба да дадат се од себе за да дојдат до победа која има голем влог, а тоа е настап на ЕП. По одиграните полуфинални натпревари вечерва се играат последните финални средби по кои 3 репрезентации ќе се радуваат на пласман на континенталниот собир во Германија. Финални натпревари:18.00 Грузија – Грција20.45 Украина – Исланд20.45 Велс – Полска Победниците од овие натпревари ќе се квалификуваат за Евро 2024 следното лето во Германија, за кое веќе е извршена ждрепката.
Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора го заврши мартовскиот циклус пријателски натпревари. Селекторот Благоја Милевски по натпреварот со Црна Гора (0:1) даде своја анализа на овој , но и на претходниот натпревар на нашата репрезентација. „Противникот немаше ниту еден шут од игра кон голот. Прекините ни се проблем, работиме напорно на тоа. Се обидовме денес да ја промениме поставеноста на корнери, игравме некоја зона. Сепак, се случуваат такви грешки како при голот и ќе работиме понатаму. Морам да изразам задоволство за начинот на кој игравме. Македонија доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал шансите, особено…
