Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува пресметка со Молдавија во пријателски натпревар кој се игра во тренинг центрите во Анталија. Празниот период без официјални средби нашиот национален тим ќе ги искористи за воигрување пред стартот на Лигата на нациите во септември. Во пресрет на дуелот кој се игра утре, на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски. „Секако дека можам да изразам задоволство од виденото кај момците за овие три дена, што се однесува до работната атмосфера. За жал Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал имаме играчи кои…
Author: riste
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа предвреме го заврши настапот на фјучерс турнирот во Ларнака (Кипар) што се игра на земјена подлога за 25.000 долари. Ѓорческа не можеше да го заврши денешниот меч против Дебора Киеза од Италија, меч во кој имаше одличен прв сет кој го доби со 6:2, меѓутоа потоа почнаа проблемите за неа, Италијанката ги доби наредните шест гема и израмни на 1:1 (6:0 во вториот сет) , а во третиот сет Киеза поведе со 3:0 по што Ѓорческа одлучи да се повлече и предаде натпреварот поради повреда. Ова за Лина Ѓорческа беше втор турнир во низа во…
Тренерот на Барселона Чави е суспендиран на два натпревари во Ла Лига поради неговото исклучување на натпреварот против Атлетико Мадрид. Шпанскиот стручњак ќе може да заземе место на тренерската клупа на 21 април кога неговата екипа ќе игра против Реал Мадрид. Да потсетиме, на натпреварот од 29. коло меѓу Атлетико Мадрид и Барселона одигран на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, меч кој заврши со победа на Каталонците од 3:0, во 41. минута, главниот тренер на Барселона, Чави, доби жолт картон поради преактивен изразување на незадоволството од судијата, кој од непознати причини не ги казнуваше фудбалерите на домашната екипа за очигледни прекршоци. Неколку минути подоцна имаше…
Реал Мадрид е се поблиску до потписот на Килијан Мбапе. Кралскиот клуб постигна договор со францускиот напаѓач околу неговата плата, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. Двете страни се во преговори од почетокот на годината, а 25-годишниот фудбалер влезе во последните шест месеци од договорот со ПСЖ. Во извештајот се наведува дека платата на Мбапе на „Бернабеу“ ќе биде слична на онаа на другите две ѕвезди на тимот Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Се очекува Килијан Мбапе да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на лето. Веќе стана јасно дека тој му најавил на ПСЖ дека нема да…
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Робињо ќе отслужи затворска казна за силување во Бразил, пренесува CNN Brasil. Според изворот, Високиот суд на правдата гласал да ја одобри казната на италијанскиот суд против Робињо, со тоа што казната е префрлена во Бразил. Се истакнува дека барањето за ратификација на странската пресуда ги исполнувало сите законски и процесни услови. Барањето за потврдување на италијанската казна е поднесено затоа што Бразил не ги екстрадира своите државјани на издржување казни во странство. Одлуката може да биде обжалена од одбраната на Робињо во самиот суд и во Федералниот врховен суд. Да потсетиме дека Робињо во 2017 година беше осуден на…
Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари на А репрезентацијата против Молдавија и Црна Гора. Стефан Ашковски веќе три недели го мачи повредата на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22. март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора. Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија.
Топ 10 најплатени играчи во француската Лига 1 се само играчи на Пари Сен Жермен. Ова го објави авторитетното француско издание „L’Equipe“. Еве кој се десетте најплатени играчи во Лига 1 според месечната плата која ја добиваат: 1. Килијан Мбапе 6 милиони евра месечно.2. Осман Дембеле 1,2 милиони евра.3. Маркињос 1,2 милиони евра.4. Лукас Хернандез 1,1 милион евра.5. Милан Шкрињар 1,1 милион евра.6. Џанлуиџи Донарума 849,5 илјади евра.7. Марко Асенсио 831 илјади евра8. Рандал Коло Муани 750 илјади евра.9. Ашраф Хакими 738 илјади евра10. Норди Мукиеле 700 илјади евра. Ова доволно кажува…
Прес-службата на Олимписките игри ги објави резултатите од ждрепката за фудбалскиот турнир на игрите во Париз во 2024 година. Олимпискиот фудбалски турнир ќе се одржи од 24 јули до 10 август. Во моментов се познати 12 учесници на натпреварот. Останатите четири екипи ќе бидат објавени на почетокот на мај. Резултати од ждрепката на Олимпискиот фудбалски турнир:Група А: Франција, САД, Нов Зеланд, победник Африка 1/Гвинеја Група Б: Аргентина, Мароко, Азија 3, Украина Група Ц: Шпанија, Египет, Доминиканска Република, Азија 2 Група Д: Парагвај, Мали, Израел, Азија 1 Најголеми фаворити за златото се Франција, Шпанија и Аргентина. Да потсетиме, на турнирот ќе можат да учествуваат и фудбалери кои во моментот на Игрите…
Голманот на Баерн Минхен и Германија, Мануел Нојер се повреди на тренинг. Проблемот на чуварот е мускулест во левиот адуктор, а на сесија со репрезентацијата доживеа болка. Нојер ќе се врати во Минхен откако веќе ја напушти Германија за да се фокусира на неговото закрепнување. Голманот штотуку се врати од повредата и важеше за сигурен прв избор на голот на домаќините на ЕП 2024 – Германија. Сега мора да се провери во каква состојба е Нојер, кој најверојатно ќе отсуствува од терените неколку недели.
Претстојното Дерби „Дела Мадонина“ од 33. коло во Серија А, во кое ќе играат двете првопласирани екипи на табелата во Серија А, односно Интер и Милан, ќе се одигра на 22 април, понеделник, според објавената програма за следните три кола од Италијанската елита. Така, за прв пат во историјата двата милански гиганти ќе се соочат во понеделник. Симболичниот домаќин Милан побарал натпреварот да се одигра на тој датум бидејќи нивниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против Рома се игра во четврток, на 16 април. Од друга страна, ниту Милан, ниту Интер нема да играат во полуфиналето на Купот…
