Јувентус ќе го казни Душан Влаховиќ со 70.000 евра за црвениот картон што го доби на мечот против Џенова (0:0) во неделата, пренесува „Газета дело Спорт“. Напаѓачот доби два жолти картони поради несогласување со одлуките на судијата и затоа беше исклучен на последниот натпревар на „бјаконерите“ во Серија А. Тренерот Масимилијано Алегри по натпреварот изјави дека Влаховиќ ќе биде казнет, а според „Газета дело Спорт“, српскиот интернационалец ќе плати 70.000 евра, што е 5% од неговата месечна бруто плата. Влаховиќ доби суспензија од еден натпревар, па ќе го пропушти претстојниот натпревар против Лацио кој ќе биде предводен од новиот тренер…
Author: riste
Македонската репрезентација за играчи до 19 години со пораз ги стартуваше елитните квалификации за пласман на Европското првенство, нашата селекција загуби од Украина со 0:2 (0:1). Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, при ФФМ, а гостинската селекција коaј беше фаворит ја оправда улогата иако во првиот дел Македонија играше доста добри и цврсто во одбраната , па Украина дојде до водство дури во судиското надополнување на првиот дел кога најдобро се снајде Данило Кревсун, кој од петнаесетина метри упати прецизен удар за водство од 1:0 на Украина. На самиот старт на вториот дел Пономаренко зголеми на 0:2 по…
Десниот бек на Баерн, Саша Бое нема да излезе на терен во блиска иднина поради повреда. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Според изворот, Саша Бое се здобил со скинат мускул на левата тетива. Дефанзивецот се повреди на тренинг. Бое нема да може да учествува на клупските натпревари во наредните недели. Да потсетиме, Баерн потпиша договор со францускиот дефанзивец во јануари 2024 година. Трансферот на Бое го чинеше тимот од Минхен 30 милиони евра Договорот на поранешниот дефанзивец на Галатасарај со германскиот клуб е до 2028 година. Оваа сезона Саша Бое одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола. Пазарната вредност…
Фудбалерот на Барселона, Андрес Кристенсен ќе ги пропушти претстојните натпревари на данската репрезентација. Дефанзивецот на Барселона веќе го напушти таборот на својата репрезентација и нема да му биде на располагање на својот селектор за пријателските натпревари против Швајцарија и Фарски Острови. Фудбалската федерација на Данска потврди дека Кристенсен претрпел „благ удар“ и бил заменет во тимот со Јакоб Расмусен од Брондби. Сепак, се очекува Кристенсен да биде подготвен за настап на следниот натпревар на Барселона на крајот на месецот.
Натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина од 28. коло во италијанското фудбалско првенство е одложен, соопшти прес-службата на Серија А. Натпреварот требаше да се одигра денеска со почеток од 18 часот. Според италијанските медиуми, причина за одложувањето на средбата е тоа што извршниот директор на Фиорентина Џо Бароне имал срцев удар. Бароне, кој оваа недела наполни 58 години бил е хоспитализиран. Новиот датум и време за одигрување на натпреварот ќе бидат објавени подоцна.
Напаѓачот на Лацио и репрезентацијата на Италија, Чиро Имобиле може да ја промени клупската средина во претстојниот летен преоден рок, објави „Тутомеркатовеб“. Според оваа информација, Интер е заинтересиран за потписот на 34-годишниот напаѓач. Претставници на миланезите веќе се сретнале со агентите на фудбалерот и разговарале за деталите за евентуален трансфер. Забележано е дека самиот играч размислува да го напушти римскиот тим поради притисок од навивачите. Имобиле за Лацио игра од 2016 година. Оваа сезона напаѓачот одигра 35 натпревари за „орлите“ во сите натпреварувања, на кои постигна 10 гола и една асистенција. Договорот на играчот со римскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата…
Норвежанецот Тимон Хауган е победник на слаломската трка која се возеше во Салбах, во рамките на Светскиот куп. Хауган дојде до првата победа во кариерата со резултат 1:54:00 минута. Резултатот на Норвежанецот беше подобро за 0,40 секунди во однос на второпласираниот Мануел Фелер од Австрија, додека на подиумот место обезбеди и Штрасер од Германија со заостанување од 0,44 секунди во однос на победникот. Натпреварувањето во Светскиот Куп кај мажите завршува следниот викенд со трките во спуст и велеслалом, а шампион е швајцарецот Марко Одермат.
Швајцарката Лара Гут-Бехрами ја освои титулата во Светскиот ски-куп, иако на велеслаломската трка во австрискиот Салбах заврши дури на десеттото место. Овој резултат за Швајцарката и беше доволен за да си обезбеди мал и голем Кристален глобус. На две трки пред крајот Лара Гут-Бехрами е недостижна за конкуренцијата и стана највозрасната шампионка на Светскиот Куп, но исто така си ја обезбеди и првата позиција во велеслалом. За неа ова е прв голем Кристален глобус од 2016 година. Што се однесува до денешната велеслаломска трка, првото место ѝ припадна на Федерика Брињоне која имаше време 2:20,05. На втората позиција се пласира…
Германскиот шампион Баерн Минхен објави дека нивниот најдобар голгетер Хари Кејн, кој го повреди левиот скочен зглоб при победата од 5:2 на гостувањето кај Дармштад, ќе добие право да се приклучи на репрезентацијата на Англија. Напаѓачот ќе се опоравува под будното око на лекарите на англиската репрезентација. Се очекува Кејн да може да игра на пријателските натпревари против Бразил следната сабота и против Белгија три дена подоцна. Во меѓувреме, Баварците објавија дека Рафаел Гереиро, кој исто така се здоби со исчашување на горниот дел од левата надколеница, нема да може да се приклучи на репрезентацијата на Португалија и ќе остане…
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалниот натпревар на турнирот во Ларнака. Во финалето на ИТФ турнирот во Ларнака, Кипар нашата тенисерка загуби од Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска (5.та носителка) со 2:0 во сетови (6:2, 6:3). Ова беше прво финале за Лина Ѓорческа во 2024 година или нејзино 34. во сингл во кариерата. Досега има освоено 13 титули. Лина Ѓорческа останува и следната недела во Кипар, каде ќе учествува на уште еден турнир во Аламинос.
