Раководството на Баерн Минхен подготвува нов договор за 21-годишниот офанзивен играч за врска Џамал Мусиала, чиј актуелен договор завршува летото 2026 година. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Според Романо, минхенскиот тим иднината на клубот ја гледа во Мусиала и затоа си поставиле една од главните цели да го продолжат договорот со германскиот фудбалер. Нагласено е дека во наредните месеци Баерн се подготвува да достави нова понуда која вклучува зголемување на платата на играчот. Да потсетиме дека оваа сезона Мусиала учествуваше на 31 натпревар на сите турнири, на кои постигна 12 гола и седум асистенции. Според информациите објавени на порталот…
Author: riste
Македонскиот интернационалец и репрезентативец Ердон Даци нема да биде дел од нашата фудбалска репрезентација за претстојните два пријателски меча со селекциите на Молдавија и Црна Гора кои ќе ги одиграме во Анталија. Иако беше дел од списокот на селекторот Милевски, Даци поради повреда нема да биде дел од селекцијата. Тој се повреди на последниот првенствен меч на екипата на Беверен, информираат од ФФМ.
Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра во Мајами. Српскиот тенисер објасни дека го прескокнува вториот Мастерс во сезоната бидејќи се обидува да направи рамнотежа на приватниот и професионалниот живот. „За жал, оваа година нема да играм во Мајами. Во оваа фаза од мојата кариера, го балансирам мојот личен живот со мојот професионален распоред. Жал ми е што нема да играм пред некои од најдобрите и најстрасните фанови во светот. Со нетрпение ги очекувам идните натпревари во Мајами“, напиша првиот светски рекет. Србинот претходно стигна до третото коло во Индијан Велс, каде шокантно беше елиминиран од среќниот губитник Лука Нарди. Најдобриот светски тенисер реши…
Хрватот Игор Тудор ќе го преземе тренерското место на клубот од италијанската Серија А Лацио, пишуваат италијанските медиуми. Претседателот на клубот Клаудио Лотито и Тудор веќе се договориле за договор до крајот на јуни 2025 година, објави весникот „Газета дело спорт“. Поранешниот напаѓач на Лацио и победник на Светското првенство во Германија во 2014 година, Мирослав Клосе, наводно, никогаш не бил опција за оваа функција, и покрај шпекулациите во печатот. По оставката на Маурицио Сари оваа недела, поранешниот помошник тренер Џовани Мартучиело ја презеде работата со клубот привремено. Лацио неодамна испадна од осминафиналето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен.…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше повредата на клупскиот играч за врска Џек Грилиш. „Имаме натпревар сега и потоа две недели во кои тој ќе работи колку што е можно напорно и паметно за да биде подготвен да се врати. Ова не е повреда на мускулот, туку повреда на тетивата. Лекарот рече дека нема многу оштетување, па закрепнувањето е побрзо. Последните два-три дена тренираше многу добро. Тој се чувствува добро и има позитивен став. Можеби ќе ни треба денес, а особено во овие две недели – треба добро да работи и да се врати. Тогаш можеме да го добиеме Џек, кој, за жал го имавме многу…
Поранешниот дефанзивец на Барселона и Бразил, Дани Алвеш би можел да добие привремено ослободување од затвор, каде што е притворен откако беше прогласен за виновен за силување девојка кон крајот на 2022 година, ова го пренесува „Мундо Депортиво“. Се известува дека следната недела, на 19 март, ќе се одржи сослушување за да се разгледа барањето на Алвеш за негово привремено ослободување. Доколку ова барање биде прифатено, бразилскиот фудбалер ќе остане на слобода до правосилноста на пресудата. Да потсетиме, Алвеш е осуден на затворска казна во времетраење од 4,5 години. Претходно, адвокатот на Бразилецот поднесе жалба за ублажување на оваа казна.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето од турнирот во Ларнака, Кипар откако денеска ја совлада Нуриа Бранкачо од Италија. Нашата нтенисерка славеше со 2:0 во сетови (7:5, 6:4), во меч кој траеше 1 час и 41 минута. Во дуелот за титулата на турнирот, Ѓорческа ќе се сретне со петтата носителка Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска која без многу борба ја помина полуфиналната пречка. Нејзината противничка Андреа Лазаро Гарсија го предаде дуелот откако првиот сет го загуби со 0-6. Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година. Противничката на…
Македонската ракометна репрезентација е поразена на првата пријателска средба против Романија во Браила. Средбата заврши со ртезултат 32:27 во корист на домашната репрезентација. Овие два меча кои се дел од ЕХФ неделата се подготовка за она што нашите ракометари ги очекува во мај, бараж дуелот против Фарски Острови за пласман на СП 2025. Избраниците на Кирил Лазаров на полувремето водеа со 15:16. Сепак, домашната репрезентација го доби вториот дел и на крајот славеше со 32:27. Македонија во Романија отпатува во изменет состав, без Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски. На голот го нема капитенот Никола Митревски. Вториот…
Екипата на Еурофарм Пелистер преку информација објавена на социјалните мрежи потврди дека повторно во клубот ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери. 195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша…
Добрите игри на многу играчи на Арсенал се очекува да им донесат нови договори со подобри услови во нив, смета трансфер експертот Фабрицио Романо. Најочекуваниот договор ќе биде за чуварот на голот на Топџиите, Давид Раја, кој има откупна клаузула од Брентфорд и сигурно ќе биде активирана, а тоа беше решено пред неколку месеци. Арсенал во овој трансфер ќе вложи 27 милиони евра, но ова се планирани пари од минатото лето. Веќе имаше нов договор за Томијасу, а наскоро се очекува Бен Вајт да добие подобри параметри според договорот.
