Author: riste

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри имаше измешани чувства за ремито од 2:2 со Аталанта. Од една страна, тој не е среќен што неговиот тим го загуби водството и не успеа да победи. Од друга страна, тренерот и понатаму верува дека ова е важен бод во меч со директен конкурент за топ 4, бидејќи токму тоа е целта поставена пред тимот. „Мислам дека добро се снајдовме против силната екипа на Аталанта. Тие исто така одиграа на ниво и не со вториот гол каде што требаше подобро да се браниме. Покажавме поголема одлучност, упорност и техника во вториот дел. Ние треба да…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше воодушевен од победата над Селта од 4:0. Тој ги пофали своите играчи за нивната одлична изведба со која ја задржаа предноста на врвот на табелата. „Одигравме добар натпревар, подобар од оној во средата. Беше одличен натпревар, со добар интензитет, добар ритам. Успеавме добро да го задржиме водството, не ги форсиравме работите во второто полувреме. Сè функционираше добро. Секој натпревар може да не изненади ако не се подготвиме добро за него или не го одиграме правилно. Важно е да продолжиме со нашата добра серија и да го задржиме водството на врвот на табелата“ изјави…

Read More

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала е прогласен за најдобар играч во Серија А за месец февруари, објави Фудбалската лига. На Аргентинецот ќе му биде врачена наградата пред почетокот на неделниот натпревар меѓу Рома и Сасуоло на „Олимпико“. Дибала го доби гласот на навивачите за наградата во силна конкуренција од Тун Копминерс (Аталанта), Рафаел Леао (Милан), Рикардо Орсолини (Болоња), Маркус Турам (Интер) и Душан Влаховиќ (Јувентус). Тоа е втора месечна награда за напаѓачот во тековната сезона, откако беше избран за број 1 во ноември. Тој беше во голема мера одговорен за три од четирите првенствени натпревари на Рома освоени минатиот месец.…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не штедеше суперлативи за неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред долго очекуваниот судир меѓу двата тима. Двајцата специјалисти имаа многу битки за паметење во изминатата деценија, прво во Бундеслигата, а потоа и во Премиер лигата, а во недела се соочуваат за последен пат во англискиот шампионат пред Клоп да си замине од Ливерпул на крајот од сезоната. Ливерпул има мала предност од еден бод на табелата пред неделниот натпревар на „Енфилд“, а Клоп може да се пофали со мала предност во 29-те натпревари меѓу нив, со 12 победи наспроти 11-те на Гвардиола. „Пеп…

Read More

Габриел Мартинели и Букајо Сака најверојатно ќе бидат дел од тимот на Арсенал за домашниот натпревар со Брентфорд во сабота, изјави менаџерот Микел Артета. Двајцата напаѓачи беа заменети за време на победата од 6:0 кај Шефилд Јунајтед во понеделникот, при што Мартинели заработи посекотина, а Сака се чувствуваше лошо. „Прилично сме сигурни и се надеваме дека ќе можат да бидат дел од тимот. Но, ќе треба да видиме“, рече Артета. Арсенал е трет во Премиер лигата со 61 бод, два бода помалку од лидерот Ливерпул, кој се соочува со актуелниот шампион Манчестер Сити, втор на табелата со 62 бода. Артета…

Read More

Се очекува Атлетико Мадрид да го продолжи договорот на Цезар Аспиликуета до 2025 година. 34-годишниот дефанзивец му се приклучи на клубот од Челзи минатото лето со едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Се уште ништо не е потпишано, но веќе има договор меѓу двете страни и изразена желба на Атлетико Мадрид да потпишат договор со играчот. Аспиликуета има 22 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, но е надвор од терените од јануари со скинат менискус. Репрезентативецот на Шпанија беше избор број 1 за позицијата во тимот на Атлетико и беше блиску до автоматско продолжување на договорот…

Read More

Барселона е задоволна од настапите на десниот бек на Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој оваа сезона игра за оваа екипа како позајмен играч и има намера да ја продолжи позајмицата на играчот за уште една сезона, што не им одговара на „граѓаните“, пренесува „Спорт.ес“. Манчестер Сити очекува да го продаде 29-годишниот фудбалер летово и веќе му одредил цена од 40 милиони евра. За возврат, Барселона поради финансиската состојба не може да си дозволи да го купи по оваа цена. Се нагласува дека оваа ситуација значително ги отежнува преговорите меѓу двете страни, а постепено се намалуваат шансите португалскиот фудбалер да остане во…

Read More

Напаѓачот на Баерн, Томас Милер, смета дека сега тимот од Минхен мора да ги насочи сите сили за освојување на Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024. „Лигата на шампионите треба да биде приоритетно натпреварување за нас. Сè уште сакаме да останеме во трката за титулата, но не изгледа дека Леверкузен може да падне на второто место. Сепак, уште многу бодови се во оптег. Ајде да видиме каде ќе завршиме“, изјави Томас Милер. Да потсетиме, во реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Лацио, Баерн дојде до убедлива победа со резултат 3:0 и се пласираше во следната фаза од турнирот. На првиот натпревар, кој се одигра…

Read More

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е во фаза на реконструкција на комплетните спортски капацитети во кампусот на факултетот. Деканот професор д-р Влатко Неделковски, во интервју за Спортското радио 90.3 фм најави дека комплетната реконструкција на четирите сали со кои располага факултетот заедно со Средното фискултурно училиште и Спортската академија, е во завршна фаза, а наскоро ќе се заврши и изградбата и реконструкцијата на дел од отворените терени. „Во овој период од октомври до сега, откако сум на позицијата Декан, успеавме да завршиме добар дел од планираните активности на краток рок. Имаме и дел од плановите на среден и…

Read More

Раководството на Пари Сен Жермен очекува напаѓачот Килијан Мбапе да му плати на клубот дел од бонусот за потпис при преселбата во Реал Мадрид, пренесува „АС“. Според изворот, оваа сума би можела да се движи од 100 до 150 милиони евра.Ова ќе помогне францускиот клуб да остане во добра финансиска состојба откако напаѓачот ќе замине бесплатно по крајот на договорот. Да потсетиме, претходно беше објавено дека 25-годишниот Килијан Мбапе ги договара последните детали од договорот со Реал Мадрид. Договорот ќе стапи на сила на 1 јули 2024 година. Од Реал Мадрид сакаат да го комплетираат потписот на Мбапе во наредните недели, но неговиот трансфер…

Read More