Author: riste

Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, зборуваше за својата иднина, а исто така ја истакна желбата да освојува трофеи со Росонерите. „Мојата иднина е во Милано. Сè уште сум со четиригодишен договор. Милан ми помогна кога се најдов во многу тешка ситуација, ме поддржаа. Не заборавам, посветен сум. Дојдов овде како дете, тука пораснав како човек и како фудбалер. Сакам повторно да победам, мојата глава е тука. За да пораснам, морам да освојувам важни трофеи како Лигата на шампионите или Лига Европа. Кога си во Милан, мораш да го направиш тоа, не е избор, тоа е обврска, да го оставиш своето име во историјата. Што се однесува до Лига…

Read More

Напаѓачот на Баерн Томас Милер зборуваше во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лацио. Во првиот натпревар тимот од Минхен загуби со резултат 0:1. „Веќе две и пол недели размислувам за претстојниот домашен натпревар со Лацио. Не е празна фраза кога велам дека натпреварите во Лигата на шампионите дома во Минхен биле и секогаш остануваат нешто посебно. Пред да станам играч, бев навивач. Во овие ноќи, кога се е на коцка во нокаут натпревари, тензијата ја чувствуваа сите – без разлика дали сте биле навивачи или играчи. Од противникот губиме со еден гол разлика. Ние го знаеме ова, но тоа е остварлива задача. Ќе ни…

Read More

Поправката и подобрувањата на патеката „Барселона-Каталуња“ покрај Барселона ќе чинат 20 милиони евра повеќе од планираното, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“. Каталонската влада веќе најави дека ќе инвестира вкупно 50 милиони евра главно во подобрување на инфраструктурата на популарната патека. Главните подобрувања се однесуваат на влезовите, покривите на трибините, контролната кула, прес-центарот, како и салите во главната зграда над влезовите. Се гради и нова ВИП област, а се треба да биде целосно подготвено за Формула 1 Шпанското ГП кое ќе се одржи од 21 до 23 јуни). Сепак, еден месец порано, помеѓу 24 и 26 мај, каталонската патека ќе биде…

Read More

Барселона одигра нерешени 0:0 на гостувањето кај Атлетик Билбао и загуби двајца од своите клучни играчи поради повреди. Играчите од средниот ред Френки де Јонг и Педри мораа да бидат повлечени од игра веќе во првото полувреме. Холанѓанецот Френки Де Јонг беше заменет во 26. минута откако згазна на десната нога по дуелот со противничкиот играч, додека шпанскиот репрезентативец Педри во солзи го напушти теренот непосредно пред паузата поради можна повреда на десната нога. Ова е деветта повреда на мускулот што ја заработи 21-годишниот Педри од крајот на сезоната 2020/2021. „Тажен ден е“, изјави тренерот на Барселона Чави Ернандез за…

Read More

Баерн Минхен се обидува да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Џошуа Кимих, кој истекува во 2025 година. Ова го објави новинарот Николо Шира на социјалната мрежа Х. Според Шира, во тек се преговори меѓу двете страни за потпишување на нов тригодишен договор. Да потсетиме, претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сакал да го напушти клубот од Минхен ова лето по влошување на односите со некои членови на тимот и конфликт со еден од претставниците на стручниот штаб на Томас Тухел. Фудбалерот смета дека претставниците на стручниот штаб престанале да го почитуваат. Оваа сезона играчот од средниот ред одигра…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го коментираше поразот на неговиот тим во натпреварот од Серија А со Наполи (1:2). „Момците одиграа добро, имавме шанси кои не ги искористивме. Сето ова е дел од процесот, дел од растот, го бараме вистинскиот баланс во големите натпревари. Го покажавме нашето неискуство“, изјави Алегри за „Фудбал Италија“. Натпреварот од 27. коло во италијанската Серија А во кој се сретнаа Наполи и Јувентус се одигра во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а победи домашната екипа со 2:1. По 27 кола во италијанското првенство, Јувентус има освоено 57 бодови и е на второто место со 12 бода помалку од…

Read More

По поразот од Воска Спорт екипата на Македонија Ѓорче Петров реши да се раздели со својот доскорешен тренер Тони Џангаровски, веднаш дојде информација кој ќе седне на неговото место на клупата на тимот од Ѓорче Петров. Нов тренер на освојувачот на Купот ќе биде Бобан Грнчаров,  41-годишниот тренер кој имаше богата играчка кариера, како тренер работеше само на клупата на Вардар, меѓутоа сега ќе има тешка задача да избори опстанок со Македонија Ѓорче Петров. Се очекува популарниот Грне веќе денес да стави потпис на договорот со екипата од Ѓорче Петров.  Инаку, Грнчаров ќе биде трет тренер на оваа екипа сезонава.…

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија очекувано загуби во третиот натпревар во квалификациите за ЕП од фаворизираната Шпанија, но секако се надевавме дека нема да биде поразот убедлив како што беше (19:31). Ова беше третиот меч од петтата квалификациска група, каде нашата репрезентација не ја прикажа посакуваната игра и убедливо беше поразена од Шпанија која немаше многу проблем во СЦ „Борис Трајковски“ и од почеток до крај одигра толку колку што беше доволно за вака убедлива победа.Во првото полувреме односно во првите 25 минути Македонија одржуваше некаков приклучок и негатива од 2-3 гола разлика, но во последните минути дозволија противничките да направат серија и…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон одговори на прашањето дали се обидел да го убеди напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе да го продолжи договорот со францускиот гигант, кој завршува следното лето, за време на нивната директна средба во Елисејската палата по повод официјалното посета на емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани. „Немаше дискусии на оваа тема. Ова го оставам на дискреција на клупското раководство. Сепак, сите Французинки и Французи му се восхитуваат на овој играч“, рече Макрон во изјава која ја пренесе „Мундо Депортиво“. Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека Мбапе нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на крајот од…

Read More

Официјалната веб-страница на англиската Премиер лига ги објави имињата на кандидатите за наградата за најдобар тренер во февруари. За наградата се борат следните тренери: Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Ерик тен Хаг (Манчестер Јунајтед) и Микел Артета (Арсенал). Тимска статистика врз основа на резултатите од натпреварите во Премиер лигата во февруари : Арсенал: четири победи во четири натпревари (гол разлика +16);Манчестер Сити: четири победи и нерешено на пет натпревари (гол разлика +6);Манчестер Јунајтед: три победи и пораз во четири натпревари (гол разлика +4); Гласањето ќе продолжи до понеделник, 4 март. Гласовите на навивачите ќе бидат комбинирани со мислењата на група фудбалски стручњаци. Добитникот ќе биде објавен следната недела. Во јануари 2023 година,…

Read More