Женската ракометна репрезентација на Македонија очекувано загуби во третиот натпревар во квалификациите за ЕП од фаворизираната Шпанија, но секако се надевавме дека нема да биде поразот убедлив како што беше (19:31).
Ова беше третиот меч од петтата квалификациска група, каде нашата репрезентација не ја прикажа посакуваната игра и убедливо беше поразена од Шпанија која немаше многу проблем во СЦ „Борис Трајковски“ и од почеток до крај одигра толку колку што беше доволно за вака убедлива победа.Во првото полувреме односно во првите 25 минути Македонија одржуваше некаков приклучок и негатива од 2-3 гола разлика, но во последните минути дозволија противничките да направат серија и на одмор да заминат со водство од 11:17.
Лошиот старт на вториот дел ја најави убедливата победа на шпанија на гостувањето во Скопје. Шпанија постигнуваше голови, а Македонија својот прв гол во вториот дел го постигна во 29 минута кога веќе имавме двоцифрена негатива.До крајот на натпреварот шпанските ракометарки само ја одржуваа убедливата предност за да завршат со +12, односно 31:19.
Најефикасна кај македонската репрезентација беше Сара Ристовска со шест голови, а Јована Кирпијановска додаде уште четири. Во победничкиот тим најрасположена ракометарка беше Кабрал Барбоса со седум голови. Сега избраничките на селекторот Грчевски ги чека пат и повторно дуел со Шпанија, меч кој ќе го одиграат во градот Ланзароте, на 3.март.
Македонија по три кола останува на втората позиција со 2 победи, против Азербејџан и Литванија.