Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк по вчерашната победа над Челзи и освојувањето на Лига Купот на Англија, им го посвети трофејот на сите навивачи на „црвените“. „Ова беше за навивачите. Да славиме! Натпреварот беше тежок за двата тима. Свои шанси имаше и противникот. Ова е прв трофеј за мене како капитен. Горд сум што сум дел од овој клуб. Горд сум и на момчињата“, изјави возбудениот Ван Дајк по натпреварот. За Ливерпул ова беше 10-ти трофеј во ова натпреварување што е и рекордно постигнување.
Author: riste
Aвстриецот Мануел Фелер е победник на осмиот слалом во сезоната на Светскиот куп во американскиот ски-центар Палисадес Тахо кој се возеше доцна синоќа. Фелер беше четврти по првото возење, но со одличен втор настап се проби на врвот, постигнувајќи ја шестата победа во Светскиот куп, шестата во слалом и четвртата сезонава. На крајот, Австриецот имаше време за 0,28 секунди подобро од Французинот Ноел Клемент, додека третото место го освои Германецот Линус Штрасер. Во генералниот пласман на Светскиот куп води Швајцарецот Марко Одермат со 1.702 бода пред Фелер со 801 бод и Французинот Сиприен Саразин кој има 684 бодови.
На натпреварот меѓу Бетис и Атлетик Билбао во рамките од 26.коло од шпанската Ла лига се случи еден невообичаен настан. Помошната судијка на натпреварот, Гвадалупе Порас Ајусо, за време на натпреварот заработи повреда на главата. Гвадалупе Порас Ајусо беше помошник на главниот судија Гиљермо Куадра Фернандез, а при нејзиниот сприн за да ја следи акцијата, удри во ТВ камерата која с едвижи по страничната линија и откако падна ја удри и повреди главата. Откако беше констатирано дека има отворена рана на главата мораше да биде хоспитализирана. Сето ова се случи во моментот на првиот гол на Чими Авила во 13 минута од…
Женската ракометна репрезентација на Македонија со првиот собир кој го имаше денес ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на Европското првенство. Македонските ракометарки првиот натпревар против Шпанија ќе го одиграат во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари, со почеток во 18:00 часот, а влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот. Македонија во овие квалификации забележа две победи на стартот, односно ги совлада Литванија и Азербејџан, а дуелите со Шпанија директно ќе одлучуваат за првото место во нашата група. Шпанија и Македонија во моментов имаат по четири бода. Секако Шпанија е голем фаворит, но нашите репрезентативки ќе се обидат пред домашната публика…
Денес во галеријата на Радио Телевизија Србија (РТС) во Белград се одржа годишното доделување на наградите на Здружението на спортски новинари на Србија. Притоа беа доделени најнапред награди за најдобрите спортисти, за најдобар спортист во изминатата година е избран Новак Ѓоковиќ, а за најдобра спортистка е избрана Ивана Шпановиќ. Златниот микрофон му припадна на Дарко Плавшиќ, а дописник на годината е избран Миљан Миниќ од Нови Пазар. Наградите за животно дело ги добија Душан Бабовиќ и Радован Максимовиќ -Максо од Спорт Нетворк со кого имаме одлична соработка и дел од неколку проекти кој беа и ќе се снимаат во Македонија.…
Челзи веќе размислува за продажба на голманот Роберт Санчез. Неговото отсуство поради повреда значи дека неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“ сега е неизвесна. Исто така медиумите во Англија тврдат дека „сините“ веќе го гледаат голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл, како потенцијална замена за Шпанецот. Санчез, кој не играше од средината на декември поради повреда на коленото, го чинеше Челзи 28,7 милиони евра кога беше донесен од Брајтон. Тој ја започна сезоната како број 1 во изборот на Маурисио Покетино, забележа 19 настапи во сите натпреварувања, прими 26 гола, а притоа имаше пет чисти мрежи. Сепак, неговото отсуство поради повреда му…
Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) ќе загуби 5 милиони евра доколку Барселона или Реал Мадрид не бидат меѓу првите две екипи во актуелната шпанска Ла Лига. Ова го објави Мундо Депортиво. Според изворот, РФЕФ има договор со Саудиска Арабија, каде во јануари се одржува шпанскиот Суперкуп, според чии услови, доколку Барселона или Реал Мадрид не бидат дел од овој турнир, Саудијците имаат право да платат 5 милиони евра помалку за отсуството на секој од тимовите. Вкупната сума што Саудиска Арабија ја плаќа на РФЕФ за домаќин на шпанскиот Суперкуп е 40 милиони евра. Да потсетиме, оваа сезона Барселона и Реал Мадрид…
Напаѓачот на Бордо, Алберт Елис, е ставен во индуцирана кома по повредата на главата добиена во победата од 1:0 против тимот од Лига 2, Гингамп, соопштија медиумите од Бордо. Фудбалерот бил свесен кога бил пренесен во болница. Елис има фрактура на коската на лицето, а по првите лекарски прегледи стана јасно дека сериозноста на повредата ги принудила лекарите да го стават играчот во кома. Покрај него се родителите на фудбалерот кои беа во Бордо на натпреварот. Во оваа сезона Елис одигра 20 натпревари на кои постигна 5 гола и 2 асистенции. Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе му изрази поддршка на…
Саудиската екипа Ал Итихад би можел да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген во летниот преоден рок. Според информацијата која е објавена, Ал-Итихад веќе дал понуда до Тер Штеген. Забележано е дека саудискиот тим сака да се бори за шампионската титула следната сезона. Во оваа насока, раководството на тимот сака да ја засили голманската позиција. Марк-Андре Тер Штеген игра за Барселона од 2014 година. За тоа време, голманот освои 16 трофеи со Каталонците, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите на УЕФА. Договорот на играчот со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. Проценетата цена на фудбалерот е 35 милиони евра.
Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да ги слушне понудите за својата ѕвезда Кевин Де Бруин бидејќи врвните клубови во Саудиска Арабија се сериозно заинтересирани за потписот на најдобриот играч од средниот ред на светот. 32-годишниот фудбалер важи за играч кој дополнително ќе го подигне профилот на лигата на Саудиска Арабија. Дејли Мејл тврди дека раководството на „Граѓаните“ се повеќе се на размислување за можноста да го продадат Белгиецот далеку од Премиер лигата. Договорот на Де Бруин истекува на крајот од следната сезона и тој допрва треба да даде никакви индикации за неговите идни планови. Преговорите за нов договор се…
