Фудбалската селекција на Црна Гора успеа да забележи победа со 1:0 против нашата репрезентација на пријателскиот натпевар одигран во Анталија, Турција. Црна Гора дури девет години ја чекаше можноста за да ѝ се реваншира на Македонија за убедливиот пораз од 4:1. Селекторот на Македонија Благоја Милевски, изврши три замени од стартниот тим со кој го започна натпреварот со Молдавија во петокот. Против Црна Гора на клупата за резерви останаа Илјазовски, Серафимов и Милан Ристовски, а шанса од стартот добија Зајков, Велковски и Костадинов, со тоа што Елмас и Миовски беа во нападот во формацијата „3-5-2“. Во првиот дел Македонија…
Author: riste
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година утре од 14 часот на арената „Тодор Проески“ ќе игра против соодветната селекција на Шведска во рамките од квалификациите за Европското првенство кое ќе одржи следната година. Македонија минатата година славеше на гости кај Шведска со 1:0, но факт е дека гостите сега се фаворити за победа. Сепак, селекторот Драган Канатларовски најавува дека нашите надежи нема да се предадат и ќе се борат да стигнат до позитивен резултат. „По дуелот против Гибралтар, увидовме дека мора да ја подобриме реализацијата и да бидеме поконцентрирани во завршницата. Сега ни следува многу тежок ривал. Доаѓа…
Лондонски екипи Арсенал и Челзи во летниот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Усман Диоманде, пренесува португалското издание „Рекорд“. 20-годишниот Диоманде оваа сезона забележа 19 настапи во домашната Премиер лига. Челзи веќе извесно време го следи играчот од Брегот на Слоновата Коска и е подготвен да понуди 60 милиони евра за него. Диоманде, чиј договор со Спортинг истекува во јуни 2027 година, има ослободителна клаузула од 80 милиони евра. „Рекорд“ додава дека Арсенал, исто така, внимателно го следи талентираниот дефанзивец, кој е подготвен да ја израмни понудата на Челзи од 60 милиони евра, која…
Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација , Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список за последните два натпревара од квалификациите за Европското првенство. Во април ќе играме со Азербејџан на гости во Баку а потоа во Скопје со Литванија. Тоа се две земји што претходно успеавме да ги совладаме на стартот на групната фаза и да го отвориме патот кон континенталниот собир. На списокот на повикани има неколку нови имиња што допрва треба да се наметнат за репрезентативниот дрес.
Независната регулаторна комисија на Премиер лигата го обвини тимот на Лестер Сити за прекршување на правилата за одржливост за време на претходниот престој на тимот во англиската Премиер лига. Во моментов оваа екипа игра во Чемпионшип, но ја делат првата позиција со Лидс Јунајтед и голема е веројатноста од новата сезона да се вратат во елитата. Доколку клубот биде прогласен за виновен, неговото враќање во Премиер лигата може да започне со негативен број на бодови. „Наводното прекршување се однесува на периодот на оценување кој завршува во сезоната 2022/23, кога клубот беше член на Премиер лигата. Лестер Сити испадна во Чемпионшип…
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике даде прогноза за борбата за титулата во Англија. Шпанецот го прогласи својот фаворит за трофејот меѓу екипите на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити. Трите екипи водат жестока битка за првото место, а актуелен лидер е тимот на Арсенал, кој има ист број на бодови со вториот Ливерпул. Манчестер Сити, пак, го зазема третото место, но заостанува само еден бод зад директните конкуренти. До крајот на борбата во Англија остануваат уште десет кола. „Би сакал тоа да бидат Микел Артета и Арсенал. Ако не е тој, тогаш мојата желба е тоа да биде Пеп…
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го наведе главниот проблем во модерниот фудбал. Според него, поради големиот број на натпревари, нивниот квалитет се намалува. „Проблемот не е во одржувањето на натпреварите, туку во нивниот квалитет. Квалитетот паѓа. Не може да се очекува да трчам спринтови од еден километар во 70 натпревари. Што да правам? Само треба да внимавам на распоредот на натпреварите. Ова е она што го прави бизнисот“, вели Халанд. Оваа сезона Халанд одигра 34 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, на кои постигна 29 гола и шест асистенции. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот…
Репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија ќе бидат ривалите на нашата машка ракометна репрезентација во циклусот квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во Скандинавија во 2026 година. Денешната ждрепка сакаше од првиот (најквалитетниот) шешир за противник да ја добиеме Словенија, додека од третиот и четвртиот шешир ги добивме Литванија и Естонија. Во оваа квалификациска фаза ќе учествуват 32 репрезентации, а 20 од нив ќе обезбедат пласман на ЕП. Од осумте групи кои беа формирани денеска, победниците, второпласираните и четири најдобри третопласирани селекции ќе обезбедат учество на ЕП 2026. Следниот континентален собир заеднички ќе го организираат Данска, Норвешка и…
Младата фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ја оствари и втората победа во квалификациите за ЕП 2025. На домашен терен денеска избраниците на Драги Канатларовски минимално со 1:0 ја поразија селекцијата на Гибралтар. Одлуката на мечот во кој нашата селекција имаше повеќе од играта, падна во 52. Минута, кога Луан Абази по еден удар со глава успеа да го погоди спротивниот агол од голот на гостите и да ја затресе мрежата за водство од 1:0. Иако до крајот на мечот Македонија имаше уште неколку добри шанси, резултатот остана непроменет. Во вторник нашата селекција на Националната Арена во…
Македонската фудбалска репрезентација мартовскиот и јунскиот репрезентативен термин го користи за одигрување на четири пријателски натпревари. Првиот кој ќе го одигра е оној утрешниот со Молдавија. На прес-конференцијата која ФФМ ја одржа во Анталија, зборуваше капитенот Енис Барди, кој рече: „Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за…
