Author: riste

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е решен да го види Антонио Конте на чело на својот тим, пишува „Газета дело спорт“. Како што е познато, минатиот октомври Конте одби да ја преземе оваа екипа по нивната разделба со Руди Гарсија. Сепак, по завршувањето на сезоната, Де Лаурентис ќе направи уште еден обид да го ангажира поранешниот предводник на Јувентус, Италија, Челзи, Интер и Тотенхем. Привремениот тренер Франческо Калцона сигурно ќе си замине на лето бидејќи сака да ја продолжи својата главна обврска со репрезентацијата на Словачка. Според изданието, претседателот на Наполи е подготвен да обезбеди и огромна плата за…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за разликата во распоредот меѓу неговиот тим и Барселона, со кој францускиот гигант ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите на 10 април. „Барса ќе има 10 дена одмор, а ние ќе имаме натпреварувачки ритам. Во мојата ситуација, велам дека е најдобро да се играат овие три натпревари. Да имам 10 дена одмор, би се прилагодил на таквите околности“, изјави Енрике. Да потсетиме, пред натпреварот со Барселона, тимот на Луис Енрике на 3 април ќе игра со Рен во Купот на Франција. Потоа на 6 април натпревар од 28. коло од француската Лига 1 каде…

Read More

Тренерот на Тотенхем – Анге Постекоглу, изрази надеж дека следната година неговиот тим ќе биде претендент за титулата во Англија. Специјалистот додаде дека токму со оваа идеја дошол во лондонскиот клуб. Тотенхем моментално се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиерлигата, со 11 бода помалку од лидерот Ливерпул на девет кола до крајот на шампионатот. „Се надевам дека ќе се бориме за титулата следната сезона. Зошто го правам тоа што го правам? Затоа дојдов во клубот. Како што некој ми рече минатата недела: „Ти само ја заврши својата работа Анге“, а мојата работа е да дојдам овде и да…

Read More

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо зборуваше пред утрешното полуфинале на Германскиот куп на домашен терен против Фортуна Дизелдорф. „Со нетрпение го очекуваме натпреварот, Фортуна е многу добар противник, тие се во добра форма. Тие се квалитетен тим со добри играчи. Имаат јасен план за игра, играат со многу посед и се силни на контра – напад, добро сме подготвени за тоа. Утре е полуфиналето, па двете екипи имаат големи шанси да играат во финалето. Ќе направиме се што е во наша моќ да стигнеме до Берлин. Важно е утре да го направиме последниот чекор“, рече Алонсо. „Играњето во финале…

Read More
NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА кошаркарската лига. Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс одигра вкупно 672 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната и плеј-офот, на кои постигна повеќе од 30 поени. Претходно, лидер по овој показател беше легендарниот Мајкл Џордан (671). Топ 3 го комплетира познатиот играч Вилт Чембрлен (557). Леброн Џејмс беше предводник на својот тим на дуелот со Бруклин Нетс кој Лејкерси го добија со резултат 116:104. Леброн на оваа средба постигна 40 поени, имаше и седум скока и пет асистенции. Во следното коло Лос Анџелес Лејкерс гостува кај Торонто Репторс.

Read More

Ига Швјонтек од Полска останува на лидерската позиција на ВТА ранглистата по завршувањето на Мастерс турнирот во Мајами. Свијатек со 3140 бода не го дава врвот, а најзабележителен напредок покажа американската тенисерка Даниеле Колинс , која има скок за 19 места и сега е на седмото место на ВТА ранглистата. Елена Рибакина (Казахстан), пак, ја помина Арина Сабаленко (Белорусија) и сега е на второто место. ВТА ранг листа, 1 април:1. Ига Швјонтек (Полска) – 3140 поени.2 (3). Елена Рибакина (Казахстан) – 2693.3 (2). Арина Сабаленко (Белорусија) – 2520.4 (4). Женг Чинвен (Кина) – 1785.5 (5). Кори Гауф (САД) – 1765.6 (6). Елена Остапенко (Латвија) ​​– 1553,77.(26). Даниел Колинс (САД)…

Read More

Откако заврши Мастерс турнирот во Мајами, АТП денес ја објави новата ранг листа на која има промена , а таа се должи на победата на италијанскиот тенисер Јаник Синер во Мајами. Лидер и понатаму е српескиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Италијанецот Јаник Синер, кој го освои турнирот од серијата Мастерс во Мајами , за прв пат во кариерата се искачи на второто место, надминувајќи го шпанецот Карлос Алкараз. АТП ранглиста од 1 април:1. Новак Ѓоковиќ (Србија)            – 9725 поени.2 (3). Јаник Синер (Италија)        – 87103 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 8645,44. Даниил Медведев (Русија) – 7165,55. Александар Зверев (Германија) – 5415,66. Андреј Рубљев…

Read More

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ имаше фантастични борби на Скопје Опен Рамус Г1 натшреварувањето во Скопје. Рељиќ во првото коло ја победи Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2:0 во рунди. Во следното коло Мила беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора). Во полуфиналето ја победи италијанката Кристина Гаспам додека во финалето Мила Рељиќ успеа ја победи и Јулика Шпак. Впрочем Рељиќ не изгуби ни една рунда н апатот до златниот медал.  Ова се нови 10 поени за Мила на олимписката и светската ранкинг листа. Честитки за Мила и за Дејан Георгиевки кој исто така се закити со златен медал. На овој…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел ги увери навивачите на неговиот клуб дека напаѓачите Хари Кејн и Кингсли Коман ќе бидат достапни за дуелот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд. Капитенот на Англија, Хари Кејн, ги пропушти пријателските натпревари против Бразил и Белгија, откако заработи повреда на зглобот во победата на Баерн од 5:2 во Дармштад, додека Французинот Коман беше надвор од терените два месеци поради повреда на левото колено. Вестите за капитенот на Баерн, Мануел Нојер не се добри и тој нема да може да игра во дербито. Голманот доживеа истегнување на мускул на тренингот со германската репрезентација минатата недела.…

Read More

Откако денес во јавноста излезе информација за спроведена голема полициска акција за откривање на наводно наместени фудбалски натпревари во Македонија, со соопштение се јави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во соопштението ФФМ ја потврдува соработката со органите на МВР и Обвинителството: „Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ,  потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства… Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, Фудбалската федерација…

Read More