Author: riste

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу француски Пари Сен Жермен и шпанска Барселона одиграна на „Паркот на принцовите“ во Париз заврши со победа на екипата на Барселона од 3:2. За каталонскиот тим оваа победа беше прва по 2017 година над ПСЖ. Тогаш, Шпанците победија во 1/8-финалето на турнирот со резултат 6:1 и се пласираа во четвртфиналето, откако го загубија првиот натпревар со резултат 0:4. Во меѓувреме двата тима се сретнаа уште два пати. Двете средби се одиграа во рамките на 1/8 финалето од Лигата на шампионите 2020/2021 година. По двата меча, парижаните се пласираа во следната фаза,…

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека Кевин Де Бруин имал здравствени проблеми пред почетокот на натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите (3:3). Токму поради оваа причина Белгиецот испадна од составот на „граѓаните“. „Кевин дојде во соблекувалната и рече дека не може да игра. Откако јадеше, му се слоши и повраќаше. Се надевам дека ќе можам да сметам на него за следниот натпревар бидејќи тој е многу важен играч за нас“, коментираше менаџерот на Манчестер Сити по спектаклот на „Бернабеу“ синоќа. Белгискиот фудбалер речиси сигурно ќе биде достапен за саботниот дуел со Лутон во Премиер лигата.

Read More

Илјадници тешко вооружени полицајци ги обезбедуваат стадионите на кои синоќа и вечерва се играа натпреварите од Лигата на шампионите. Терористите на Исламската држава упатија директни закани кон фудбалските натпревари. Властите во Шпанија, Франција и Британија одговорија со зголемени патроли и проверки на документи и багаж. Во Мадрид испратија 2.000 полицајци, кои ја исполнија целата населба околу стадионот на Реал Мадрид. Иста ќе биде сликата и денеска кога локалниот Атлетико ја пречекува германска Борусија Дортмунд. Париз најави и дополнителни безбедносни мерки за вечерашниот натпревар. Утрово полицијата почна да дислоцира паркирани автомобили околу стадионот „Парк де Пренс“ и да поставува бетонски блокови.…

Read More

Португалскиот тим Бенфика ги укина билетите на гостинските навивачи на Олимпик Марсеј за натпреварот од Лига Европа во четврток, откако клубот беше предупреден од властите за планирани судири меѓу поддржувачите на двата тима. Бенфика ќе биде домаќин на Олимпик Марсеј во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа во четврток на стадионот „Луж“ во Лисабон. Минатата недела француските власти им забранија на навивачите на Бенфика да присуствуваат на реваншот, што за една недела се игра на „Велодром“, а португалскиот клуб го следеше тоа што ги откажа веќе испечатените билети за навивачите на Марсеј за првиот натпревар. Бенфика информираше дека тие…

Read More

Серијата на Родри без пораз во натпреварите за Манчестер Сити трае повеќе од една година. Вчера „граѓаните“ ремизираа со Реал Мадрид (3:3) во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. За Родри овој натпревар беше 66-ти во серија без пораз во дресот на Сити во сите натпреварувања. Рекордна серија на играчот од средниот ред на Манчестер Сити меѓу играчите во Премиер лигата трае 429 дена – во 66 натпревари со учество на Родри, во овој период Сити извојува 51 победа и 15 пати ремизираше. Последниот пораз на Шпанецот се случи во февруари 2023 година – тогаш Манчестер Сити загуби од Тотенхем (0:1).

Read More

Шпанскиот портал „Релево“ објави детали од договорот за соработка меѓу норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и Манчестер Сити. Според изворот, договорот на 23-годишниот фудбалер со англискиот тим содржи ослободителна клаузула која изнесува 175 милиони евра. Ерлинг Халанд игра за Манчестер Сити од 2022 година. Договорот на напаѓачот со клубот е до 2027 година. Оваа сезона норвешкиот напаѓач учествуваше на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 30 голови и шест асистенции. Во моментов Манчестер Сити е на третото место на табелата во Премиер лигата со 70 освоени бодови на 31 натпревар.

Read More

Главниот судија на мечот Арсенал – Баерн Минхен – Глен Ниберг од Шведска, се обиде на прилично наивен начин да ја објасни својата одлука за недосудениот пенал во корист на гостите. Ова го откри тренерот на Баерн, Томас Тухел по крајот на натпреварот во Лондон кој заврши со резултат 2:2. Во завршните минути од натпреварот, Давид Раја и Габриел направија вистинска глупост во својот шеснаесетник, која за чудо не доведе до пенал за гостинската екипа. Голманот ја уфрли топката по свирежот на судијата, додавајќи му ја топката на својот соиграч во неговиот шеснаесетник. Сепак, дефанзивецот ја фати топката со рака…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн изјави дека четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон бил меѓу најголемите натпевари во неговата кариера. „Тоа е еден од најголемите натпревари во мојата кариера, откако толку години бев во Тотенхем. Среќен сум што успеав да реализирам од пенал и да му помогнам на тимот“, изјави Кејн по нерешените 2:2 на гостувањето во Лондон. Реваншот е на 17 април во Минхен. „Вечерва моравме да бидеме повеќе од тим. Веројатно беше совршен натпревар бидејќи гостувавме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Мора да покажете страст и тимска игра и го направивме токму…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија во женска конкуренција со убедлива победа над Литванија од 34:24 (18-12) ги заврши квалификациите за Европското првенство. Нашите репрезентативки остварија победа во последниот натпревар и тоа убедлива, без разлика што беа во комбиниран состав. Сепак нашите репрезентативки и со овојростер беа пресилни за гостинската селекција на Литванија.  Мечот започна израмнето и по нашата стартна предност , се играше гол за гол, а Литванија држеше приклучок, за да во вториот дел од првото полувреме Македонија заигра како што треба и да направи разликакоја на одмор беше 18:12. Селекторот Грчевски им даде шанса на сите ракометарки, а знаејќи дека веќе сме…

Read More

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа поддршка и со аплаузи ги бодреа.Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“. Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.Организаторите…

Read More