Author: riste

Ракометниот клуб ГРК Охрид го објави најновото засилување, а тоа е Дејан Кукуловски. 25-годишниот лев бек денес стави потпис на едногодишен договор со клубот и ќе претставува големо засилување за оваа екипа во текот на следната сезоната 2024/25. „Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати“, изјави Кукуловски.Кукуловски досега настапувал за неколку екипи во Македонија, како што се Вардар, Еурофарм Пелистер, но и за Брно од Чешка, а беше делс и…

Read More

Продолжена е забраната за настап на играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали за уште два месеци. Ова го објави официјалниот профил на англискиот клуб на социјалната мрежа Х. Сепак, се нагласува дека овие два месеци мора да се прескокнат во сезоната 2024/2025. Така, Тонали ќе може да се врати на терените веднаш по десетмесечната суспензија која му беше изречена на 27 октомври 2023 година. Покрај тоа, италијанскиот играч за врска мора да плати казна од 20 илјади фунти (23,3 илјади евра). Се нагласува дека Фудбалската асоцијација на Англија го препознала невидениот факт што самиот Тонали претходно пријавил неколку епизоди на обложување.…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Николас Џексон зборуваше за неговата адаптација во тимот, како и за позицијата. Челзи моментално е на деветтото место на табелата во Премиер лигата. „Малку е различно од Шпанија, но јас се адаптирав многу добро. Тренерот и клубот ми помагаат. Многу сум среќен, но беше тешко затоа што би сакале да влеземе меѓу првите четири или три, но во моментов сме на средината на табелата. Ќе работиме напорно за да завршиме со пласман во европските купови. За среќа сега сме во добра форма и сигурен сум дека следната сезона ќе биде многу подобра од оваа. Секогаш можете да се подобрите.…

Read More

Првомајското 30. коло во нашата ПМФЛ донесе неколку интересни натпревари и резултати кои ја направија битката за титулата и опстанокот неверојатно возбудлива. По денешните дуели дури три екипи со идентични бодови (58) се на делба од првото до третото место табелата, додека Вардар во дербито на дното убедливо со 0:3 славеше во Штип и со тоа ја турна Брегалница кон ВМФЛ. Шкендија со победата над Брера Струмица од 3:2 сега е лидер, само поради подобрата гол-разлика во однос на Струга ТЛ и Шкупи кои остануваат на второто и третото место, но со идентично бодовно салдо. Шкупи денеска загуби во Гостивар…

Read More

На натпреварот кој Баерн Минхен го одигра со Реал мадрид (2:2) , англискиот интернационалец и репрезентативе Хари Кејн постигна еден гол, од пенал во 57.минута, а тоа беше негов 8 гол во Лигата на шампионите оваа сезона за Кејн, а кога на тоа ќе се додадат уште 3 асистенции, тоа значи 11 ефективни поени (гол+асистенција). Кеј постави нов рекорд кај Англичаните за постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите. Да се потсетиме дека Хари Кејн постигна 43 гола на 43 натпревари за Баерн во сите натпреварувања оваа сезона и го дели првото место по голови во топ 5…

Read More

Винисиус ги постигна двата гола за Реал Мадрид во ремито 2:2 против Баерн Минхен во Минхен. Ова неше првата средба од полуфиналето во Лигата на шампионите, а реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е за една недела. „Сакавме да победиме, но така е на овој турнир. Не можете да направите голема предност бидејќи и двете екипи имаат одличен квалитет и можат да ги искористат шансите што ги имаат. Мора да се одмориме и да дадеме се од себе за да се квалификуваме. Крос секогаш прави работите да изгледаат лесни. Тој ми додаде за првиот гол, но среќен сум за нивото на тимот.…

Read More

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих се огласи по полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид (2:2). „Мислам дека одигравме подобро и имавме појасни можности за гол. Секако, штета е што противникот израмни од пенал. Но, видовме дека сме повеќе од способни да се бориме, имаше периоди кога ја контролиравме играта и создававме шанси. Тоа можеме да го направиме и следната недела. Сè уште ништо не е решено, но победникот ќе продолжи понатаму“, изјави Кимих за официјалниот сајт на Баерн. Да потсетиме, натпреварот помеѓу Реал и Баерн се одигра синоќа , а на „Алијанц Арената“ во Минхен натпреварот заврши со…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе размислува за продажба на Маркус Рашфорд доколку до канцеларијата на клубот дојдат соодветни понуди за англискиот напаѓач. Сепак, клубот од Премиер лигата нема да биде проактивен околу разделбата со Рашфорд, кој има повеќе од четири години од договорот на „Олд Трафорд“. Крајната желба на „црвените ѓаволи“ е да го задржат 26-годишниот играч и да работат со него за да го вратат напаѓачот во неговите најдобри денови. Рашфорд повторно потпиша со неговиот роден клуб минатиот јули до летото 2028 година. Тој оваа сезона одигра 40 натпревари за Јунајтед, постигна осум гола и асистираше за уште пет, а во…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах донесе одлука за својата иднина во тимот. Според новинарот Дејвид Орнштајн на социјалните мрежи, Египјанецот нема намера да го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок. Ливерпул очекува Салах да остане во тимот барем уште една сезона. Да потсетиме, актуелниот договор на напаѓачот со Ливерпул истекува во летото 2025 година. Да потсетиме, Мохамед Салах во Ливерпул се пресели од италијанската екипа Рома во 2017 година. Сезонава Мохамед Салах одигра 41 натпревар за англискиот тим на сите турнири, на кои постигна 24 гола и 13 асистенции. Пазарната вредност на 31-годишниот играч, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 65 милиони…

Read More

Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул , објави инсајдерот Фабрицио Романо. Во моментов Слот е на чело на холандскиот тим Феенорд. Според изворот, клубовите ги потпишале сите документи потребни за ова назначување. Официјално соопштение се планира за оваа недела. Според Романо, Ливерпул ќе плати отштета во износ од 13-15 милиони евра за тренерот. Така, Слот ќе стане најскапиот холандски тренер во историјата. Актуелниот тренер Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната. 45-годишниот специјалист е тренер на Феенорд од летото 2021 година. Во овој период, под негово водство, Феенорд учествувал на 145 натпревари од сите натпреварувања, при што…

Read More