Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија со желба за продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања гостува кај Фарски Острови
    Ракомет

    Македонија со желба за продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања гостува кај Фарски Острови

    risteBy riste08/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија вечерва гостува кај Фарски Острови во првиот бараж меч во битката за место на следното Светско првенство кое ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска. Оваа ракометна мисија на нашите репрезентативци нема да биде лесна, ждрепката ни даде ривал кој е во сериозен подем, но за да го задржиме континуитетот на настапи на големите собири мора да го добиеме овој двомеч. Нашата репрезентација има континуитет со настапи на големите натпреварувања од 2012 година и е редовен учесник на Европските и Светските првенства, а тој континуитет мора да продолжи за доброто на ракометот во нашата земја.

    Нашите ракометари од вчера се во Торшавн, каде што одржа и еден тренинг во салата „Хилин а Халси“. Се работи за мал спортски објект кој собира околу 1.000 гледачи и се очекува да биде полн за дуелот со Македонија, а тоа ќе биде предизвик повеќе за нашите ракометари. 

    Што се однесува до репрезентацијата на Фарските Острови, оваа селекција на претходниот Европски шампионат беше вистинско освежување. Иако не ја минаа групата, тие имаа одличен настап против Словенија и Норвешка.

    Главни играчи во оваа селекција се Елиас Елефсен а Скипаготу кој игра за Кил, тука е и Хакун Вест Ав Теигум од Фуксе Берлин, а поголемиот дел од тимот настапува во првенствата во Скандинавија. Ова значи дека нашата репрезентација ќе има против себе одличен тим на овој двомеч. 

    Македонските репрезентативци знаеле досега на гостински терен да одиграат одлично и да забележат победа иако за оваа средба букмејкерите му даваат предност на домашниот тим. Сепак важно е на првата средба да се одигра добро и да се оствари добар резултат пред реваншот во Скопје.

    ЕХФ се одлучи за оваа средба да делегира женски судиски, се работи за Мајке Мерц и Тања Кутлер од Германија. 

    Натпреварот во „Холин а Халси“ се игра вечерва во терминот од 20:00 часот, додека реваншот е в недела (12.мај) во СЦ „Борис Трајковски“ во 19:00.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.