Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство 2025 година.
Нашите најдобри ракометари гостуваат кај Фарски Острови, репрезентација која е незгоден противник, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој Македонија вечерва ќе се обиде да дојде до позитивен резултат во Торшавн.
Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров и младиот ракометар на Алкалоид, Дамјан Митев.
Во изборот на Лазров секако се и искусните Митревски, Кузмановски, Талески, Пешевски и останатите, додека на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Мартин Карапалевски и Иван Џонов.
Натпреварот во Торшавн вечерва започнува во 20 часот.