Со победа од 91:67 кошаркарите на МЗТ Скопје А. ја остварија и втората победа во полуфиналната битка со ТФТ. По оној прв неизвесен меч и тесна победа на „штрковите“, вечерва во вториот домашен меч бранителот на титулата се чини и да немаше проблеми.
Уште во првото полувреме домашните направија предност од 21 поен (50:29) и само потврдија дека втората победа е на чекор. ТФТ успеа да поднамали од разликата во третиот период, но до крајот домашните доминираа.
Делалиќ постигна 20 поени за „штрковите“, додека Војдан Стојановски беше втор стрелец со 15 поени. Кај ТФТ, Американецот Верц постигна 18 поени.
Третиот меч се игра во сабота на теренот на ТФТ.

