Author: riste

Јувентус е при крај со трансферот на својот нов тренер Тиаго Мота . Според инсајдерот Фабрицио Романо, Јувентус на претставниците на италијанскиот стручњак им ги испратил потребните документи за потпишување на тригодишен договор. Двете страни се договориле да го потпишат договорот минатата недела, кога беа договорени сите детали. Во текот на својата тренерска кариера, Мота ги водеше Џенова, Специја и Болоња. Тренерот ја презеде Болоња во септември 2022 година. Договорот на тренерот е до летото 2024 година. Под водство на Италијанецот, Болоња за прв пат во својата историја се пласираше во Лигата на шампионите. На крајот на оваа сезона Болоња го зазеде…

Read More

Францускиот напаѓач Антони Марсијал ги потврди пишувањата во медиумите дека го напушта тимот на Манчестер Јунајтед. Тој на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите на „црвените ѓаволи“ за нивната поддршка во текот на годините поминати на „Олд Трафорд“. Марсијал беше донесен во летото 2015 година од тимот на Монако, а за 20-кратниот шампион на Англија одигра 317 натпревари во сите натпреварувања и постигна 90 голови. „Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде во моето срце. Овој клуб остави белег на мојата кариера и ми даде неверојатна можност да играм пред овие неверојатни навивачи. Заминувам во потрага по нов предизвик, но секогаш…

Read More

Вчера и официјално завршија натпреварите од Универсзитетските спортско натпревари на УКИМ за сезоната 2023/2024. Благодарение на големата поддршка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Ректорот, Ректорската Управа, Деканите, Менаџментот на УКИМ и Студентското собрание, во техничка организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитетскиот спортски сојуз на УКИМ и оваа година успешно се организираа традиционалните Универзитетски спортски натпревари на УКИМ. Со Универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, за натпреварувачката и академската 2023/2024 година. се започна на 04.12.2023 година за да финишираат на 27.05.2024 година со финалните натпревари за прво место…

Read More

Селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте го објави својот прелиминарен состав од 29 играчи за претстојното Европско првенство во Германија, а играчите ќе бидат намалени за три до почетокот на турнирот. Во составот се најдоа и младите талентирани играчи на Барселона Ламин Јамал и Пау Кубарси, како и херојот на Реал Мадрид од полуфиналето со Баерн (Минхен) Хоселу. Тројца играчи имаат свој деби-повик во репрезентацијата, а тоа се Ајозе Перез (Бетис), Фермин Лопез (Барселона) и Алеикс Гарсија (Џирона). Од друга страна, крилниот напаѓач на ПСЖ, Марко Асенсио не беше повикан. Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, исто така, нема…

Read More

Селекторот на женската ракометна младинска репрезентација, Дарко Јанев, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во периодот од 19 до 30 јуни во Скопје. Меѓу повиканите се 20 ракометарки, две од нив се интернационалки, тоа се Сара Стефаноска која настапува за српска Јагодина и Ива Младеновска од француски Брест. Останатите доаѓаат од домашното првенство. Македонија на списокот ќе има и седум резерви во случај да биде потребно да се повика нов играч. Тоа се Ема Кирова, Адела Елени, Александра Коловска, Ива Велкова, Ева Ѓорѓиевска, Дона Тодоровска и Исидора Котевска. Подготовките…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни натпревари на почетокот на јуни против Хрватска и Чешка, но за овие натпревари ќе биде ослабена затоа што селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на капитенот. Енис Барди се повреди на последниот меч за Трабзонспор и како што изгледа повредата не е наивна. Се работи за повреда на рамото, која бара мирување, па така според информациите кои доаѓаат од Турција, Барди ќе мора да ги пропушти двата репрезентативни натпревари. Двата пријателски меча против Хрватска и Чешка, Македонија ќе ги игра на гостински терен. Првиот е на 3 јуни кој ќе се…

Read More

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед разговараше со менаџерот на Брентфорд, Томас Франк и неодамна отпуштениит Аргентинецот од Челзи, Маурисио Покетино, за да ги разгледа опциите, пренесува „Телеграф“. Според изворот, раководството сака да се увери дека специјалистите се спремни да го водат Манчестер Јунајтед. Одлуката за иднината на холандскиот специјалист Ерик тен Хаг ќе биде донесена во текот на наредната недела. Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека управата на „црвените ѓаволи“ ќе го отпушти 54-годишниот стручњак по финалето на ФА Купот, кое се одигра викендов. Во финалето избраниците на Ерик тен Хаг го победија Манчестер Сити со резултат 2:1 и сепљак на крајот од сезоната…

Read More

Лондонски Челзи нема да го назначи португалскиот стручњак од Спортинг Лисабон Рубен Аморим за главен тренер. Објави новинарот и инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, и покрај тоа што управата на „сините“ има долгорочен интерес за Аморим, клубот е збунет од два фактори: висината на обештетувањето од 15 милиони евра за откупување на менаџерскиот договор и недостатокот на искуство во Англија. Челзи смета дека новиот тренер треба да има искуство во англиската Премиер лига. Аморим го презеде Спортинг во март 2020 година. Под негово водство, клубот освои две португалски првенства (2020/21 и 2023/24), два купа на Португалија (2020/21, 2021/22) и еден португалски Суперкуп…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му дозволи на Кепа Аризабалага да игра на последниот натпревар во Ла Лига со Бетис (0:0). Станаа познати мотивите на италијанскиот стручњак и реакцијата на голманот. Според одредени медиуми во Шпанија, Карло Анчелоти одлучил да го награди Баскиецот и да го пушти да се збогува со навивачите пред да се врати во Челзи. Факт е дека Кепа можеше да се пресели во Баерн во август 2023 година, добивајќи многу подобри финансиски услови, но кога Куртоа ги скина вкрстените лигаменти, Аризабалага веднаш се согласи на позајмица во Реал Мадрид. И откако Шпанецот ја загуби конкуренцијата за место во стартниот состав од…

Read More

Фудбалскиот сојуз на Србија денес потврди дека постигнале договор со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси и дека договорот ќе биде продолжен до 2026 година. Така легендарниот српски фудбалер ќе остане на селекторската позиција и по настапот на Србија на Европското првенство во Германија. „Во улога на селектор на нашата А репрезентација, Драган Стојковиќ ѝ овозможи на Србија за прв пат да биде учесник на две големи натпреварувања (Светското првенство во Катар и Европското првенство во Германија), а покрај тоа, постигна успех и во Лигата на нации. (се пласира во елитниот ранг) и ја доби довербата од раководството на нашата организација да продолжи со својата работа…

Read More