Author: riste

Раководството на Реал Мадрид веќе планира приход од најмалку 10 милиони евра од привлекувањето на Килијан Мбапе, пренесува весникот „АС“. Овие пресметки се должат на договорот меѓу двете страни, кој на Реал Мадрид  им дава околу 30% од приходите од рекламните права на Французинот. Досега сите 100% одеа кај играчот според договорот со ПСЖ, но ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде поинаква. Во моментов, според различни податоци, Мбапе заработува околу 30 милиони евра по сезона од рекламни договори, но Реал силно се надева дека спојувањето на двата бренда ќе може значително да ја зголеми оваа сума во наредните години. Приходите…

Read More

Македонските фанови кои ќе сакаат да бодрат Македонија на СП во 2025 кое ќе се одржи Хрватска, Данска и Норвешка, за првата фаза ќе треба да издвојат од 150 до 210 евра. Ждрепката ја смести Македонија во Вараждин, што значи дека нашите репрезентативци би требало да имаат голема поддршка од трибините, но сега можеби еден од главните проблеми ќе биде високата цена на влезниците за наши услови. Хрватскиот ракометен сојуз од денес ја започнува продажбата на билетите за натпреварите на кои ќе биде организатор, а цената се движи од 50 до 70 евра од ден, во зависност од секторот. За нашите фанови резервиран е секторот „К“…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација овој јуни ќе го искористи за одигрување на пријателски-контролни натпревари, а овој пат целта не е иста како онаа од пред три години – кога се подготвуваа за историскиот настап на Европското првенство. Нашата најдобра селекција во следниот период ќе одигра два контролни натпревари со кои ќе ја заврши оваа сезона. Прв ривал ни е селекцијата на Хрватска, а потоа силите ќе ги одмериме со Чешка, селекции кои што се учесници на претстојниот Европски фудбалски шампионат. Селекторот Благоја Милевски јунските натпревари ќе ги искористи за нова проверка на силите и квалитетите на поединци, а најверојатно и за нови комбинации во…

Read More

Дефанзивецот на Борусија (Дортмунд) Матс Хумелс сигурно ќе го напушти тимот, тврди „Билд“. Договорот на 35-годишниот централен бек истекува и нема да биде обновен. Главната причина за разделбата е тоа што Хумелс е во затегнати односи со тренерот Един Терзиќ. Дополнително, раководството на клубот не верува дека поранешниот германски репрезентативец е способен да продолжи да игра на високо ниво. Хумелс има 35 години и минатата сезона забележа 25 настапи во Бундеслигата и постигна 3 гола. Тој исто така даде значаен придонес Борусија да стигне до финалето на Лигата на шампионите. Неодамна имаше информации дека дефанзивецот размислува да стави крај на…

Read More

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор имаше 37 успешни дриблинзи во Лигата на шампионите 2023/2024 година. Оваа бројка е рекорд за оваа сезона и ниту еден друг играч немал толку многу успешни обиди. Осум од тие дриблинзи беа во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд – најголем број на успешни дриблинзи во финале во Лигата на шампионите од сезоната 2014/15, кога Лионел Меси ги победи своите противници 10 пати на натпреварот помеѓу Барселона и Јувентус. Винисиус му се приклучи на Реал Мадрид од Фламенго во јули 2018 година. Трансферот изнесуваше 45 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до летото…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос проговори за фактот дека бројот осум, со кој настапуваше за Реал Мадрид, следната сезона ќе му припадне на Федерико Валверде. „Следната сезона мојот број осум ќе биде слободен. Ќе ми биде голема чест да му го дадам мојот број на ова момче, Федерико Валверде“, изјави Крос за „Марка“. Тони Крос ја заврши кариерата на клупски план во дресот на Реал Мадрид со настапот во финалето од ЛШ во Лондон, а останува да ги одигра последните натпревари во дресот на репрезентацијата на Германија на ЕП каде неговата земја е организатор, по што дефинитивно ќе заврши…

Read More

Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев направи големо изненадување освојувајќи го 6. место на штотуку завршеното Европско првенство во Словенија. Со самиот пласман меѓу шесте најдобри на Стариот континент сега е во позиција да очекува и вајлд-карта за учество на ЛОИ во Париз 2024. Ангел Петрушев денеска беше гостин во студиото на Спортското радио 90.3 фм и имавме убав и интересен разговор за настапот на Европското првенство, но и за плановите и предизвиците кои го очекуваат. „Неуспеав да изборам норма, односно не успеав да отидам на квалификациата поради повреда. Искрено сум единствен кајакар од Македонија кој е кандидат за да добие…

Read More

Конференциската лига на УЕФА вечерва ќе го добие новиот освојувач на трофејот по одигрувањето на финалниот меч во Атина, на ОПАП Арената меѓу екипите на Олимпијакос и Фиорентина. Олимпијакос ќе ја има големата предност бидејќи ќе го игра финалето во својот град, но резултатите од последните мечеви не им даваат позитивни сигнали. Атињаните забележа само една победа на последните три натпревари пред финалето на Конференциската Лига на УЕФА. Тие ќе треба значително да се подобрат за да извојуваат победа во финалето против италијанската екипа која и досега покажа дека е сериозен претендент за трофејот. Во меѓувреме, и италијанскиот тим доаѓа…

Read More

Нашата најдобра фудбалска репрезентација ја очекуваат контролните мечеви со Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).  Голманот, Дејан Илиев, во изјавата за сајтот на Фудбалската федерација вели дека сме оптимисти в пресрет на натпреварот против Хрватска.   „Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните со кои одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвува за настап на Европското првенство но, наша обврска е да го дадеме најдоброто и да веруваме во позитивен резултат“ – изјави Илиев за сајтот на ФФМ 

Read More

Екипата на Вардар успеа да ја исполни планираната цел, а тоа е да избори опстанок во ПМФЛ, а предвникот на „црвено-црните“, Горазд Михаилов беше гостив во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. Со Михаилов разговаравем за изминатата полусезона, по неговото доаѓање на клупата на Вардар, за мотивот, целта и следните планови. „Моето доаѓање на клупата на Вардар беше остварување на мојот сон, еден ден да го водам клубот за кого сум навивал, сум играл, сум растел како играч и затоа откако ја добив понудата, разговарав со сопругата, а таа едноставно ми рече, ете тоа е она што го чекаше и…

Read More