Во име на играчите, пред пријателскиот натпревар против Чешка на прес-конференцијата говореше голманот Столе Димитриевски. Нашиот искусен голман истакна дека вака силните тестнатпревари како со Чешка и Хрватска се корисни за нашата иднина. „Нормално дека Чешка е феноменален противник, затоа што таму е каде што се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме за неа, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така…
Author: riste
Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува нов пријателски-контролен натпревар на гостински терен. По поразот од Хрватска во Ријека , утре нашите фудбалери гостуваат кај Чешка. Пред натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски кој даде свое видување за оваа средба и подготвеноста на играчите за последниот натпревар ова лето. „За три до четири дена не можете ништо да подобрите, посебно во овој дел од сезоната на физички план. Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу…
Шампионот на Европа и Шпанија, Реал Мадрид постигнал договор со младиот германски репрезентативец Флоријан Вирц за трансфер следната сезона, пренесува шпанска „Марка“. Флоријан Вирц се очекува да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ и д абиде замена за неговиот сонардоник Тони Крос кој одлучи на крајот на оваа сезона да стави крај на фудбалската кариера Според информациите кои ги објави „Марка“, 21-годишниот фудбалер ќе потпише договор со Реал Мадрид во 2025 година и тој би можел да изнесува еверојатни 150 милиони евра. Вирц оваа сезона беше еден од главните играчи на Баер Леверкузен во чии редови постигна 18 гола и 20 асистенции,…
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на полумаратон од Европското првенство кое се одржува во Рим. Тој претпладнево полумаратонот во италијанската престолнина го истрча со време со време од 1:04.01 час. Претходното најдобро време во оваа дисциплина исто така беше во сопственост на Ивановски и изнесуваше 1 час 4 минути и 45 секунди. Ивановски трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи кои ја започнаа трката. Златниот медал го освои домашниот претставник Јеманеберхан Крипа со време 1 час, 1 минута и 3 секунди. Втор беше Пјетро Рива исто така од Италија со една секунда заостанување,…
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за трката за ГН на Канада во Светскиот шампионат во Формула 1. Расел беше најбрз во квалификациите постигна време од 1:12.000 минути, идентично време како и актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, но пол-позицијата му припадна на Расел, бидејќи прв го постави најбрзото време. Од вториот стартен ред ќе тргнат двата болида на Мекларен со Ландо Норис и Оскар Пјастри. Петтото место го освои Даниел Рикиардо, шести беше Фернандо Алонсо, додека Луис Хамилтон ќе стартува од седмата позиција. До десеттата позиција се и Јуки Цунода, Ленс Строл и Алекс Албон. Стартот на трката…
Фабио Канаваро нема да го води Удинезе следната сезона. Тренерот го задржа местото на тимот во Серија А, но и покрај тоа не доби понуда за нов договор. Веста ја објави самиот Канаваро на социјалните мрежи. „Претседателот Поцо денеска ме информираше за неговата одлука да се разделиме. Му благодарам за можноста што ми ја даде. Жал ми е што не можам да го продолжам ова патување. Сакам да појаснам дека имаше желба од моја страна да го продолжам договорот. Среќно за клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе“, напиша Канаваро. Италијанскиот стручњак го презеде тимот во април кога беа на…
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп се одлучи кои играчи ќе ги има на располагање за натпреварите кои ќе ги играат на Европското првенство во Германија во 2024 година. Составот на Франција:Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мик Мењан (Милан), Брис Самба (Ленс) Одбрана: Жил Кунде (Барселона), Џонатан Клос (Марсеј), Бенжамин Павард (Интер), Ибрахим Конате (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн), Тео Ернандез (Милан), Ферланд Менди (Реал Мадрид) Играчи од средниот ред: Јусеф Фофана (Монако), Адриен Рабиот (Јувентус), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Антоан Гризман (Атлетико), Н’Голо Канте (Ал-Итихад), Едуардо Камавинга (Реал) Мадрид) Напаѓачи: Бредли Баркола (ПСЖ), Осман Дембеле…
Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е на прагот на враќање во Премиер лигата. Тој е главниот фаворит за водење на Лестер Сити, кој минатата сезона освои промоција во Премиер лигата. „Лисиците“ бараат замена за нивниот досегашен менаџер Енцо Мареска, кој пред неколку дена го презеде Челзи. Во последниот месец се шпекулираше дека Солскјер ќе биде селектор на канадската репрезентација и тренер на Бешикташ. Канада се определи за Џеси Марч, а турските гигант го назначи Џовани ван Бронкхорст. 51-годишниот Норвежанец не е на чело на некоја екипа од 21 ноември 2021 година, кога се повлече од менаџерската функција во…
Германската репрезентација го објави конечниот состав за ЕП 2024 година. Ова го објави онлајн изданието „Скај Спорт Германија“. Голмани: Оливер Бауман, Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген.Дефанзивци: Валдемар Антон, Бенџамин Хенрикс, Џошуа Кимих, Робин Кох, Максимилијан Мителштет, Давид Раум, Антонио Рудигер, Нико Шлотербек, Џонатан Та.Среден ред: Роберт Андрих, Крис Фурих, Паскал Грос, Илкај Гундоган, Тони Крос, Џамал Мусиала, Александар Павловиќ, Лерој Сане, Флоријан Вирц.Напаѓачи: Максимилијан Баер, Никлас Фулкруг, Каи Хаверц, Томас Милер, Дениз Ундав. Од прелиминарниот список на конечниот список не се најде само голманот Александар Нубел. Да потсетиме, Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија. Европскиот шампионат стратува на 14…
Кошаркарите на Бостон поведоа со 1:0 во големото финале на НБА лигата и тоа со триумф над Далас од 107-89 на домашен терен. Бостон до оваа победа со одлична тимска игра, во нивните редови четворица кошаркари постигнаа 15 или повеќе поени, додека кај гостите, Лука Дончиќ постигна 30 поени што беше една третина од поените кој ги постигна Далас н аоваа средба, но не можеше сам да направи ништо повеќе Бостон играше одлично во првото полувреме по кое водеше со 21 поен разлика, благодарение на Кристапс Порзингис кој се врати по повредата токму за финалните натпревари. Бостон Селтикс има серија…
