Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се огласи по резултатите од осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите со шпанскиот Реал Сосиедад. Да потсетиме, парижаните оваа средба ја добија со резултат 2:0, а Мбапе го постигна првиот гол. „Во првото полувреме беше тешко да се излезе од притисокот. Ние како играчи можевме да направиме малку подобро индивидуално. Но, ова е дел од нашата обука. Во вториот дел бевме посигурни и знаевме што сакаме да направиме. Успеавме да постигнеме голови во клучните моменти од натпреварот. Среќни сме со овој прв чекор, имаме важна предност, но има уште многу работа“ изјави Мбапе. Реваншот меѓу…
Author: riste
Билјана Кузмановска, селектор на нашата репрезентација во мечување, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е задоволна како одвиваат настаните посебно од натпреварувачки аспект. „Ме радува што на неодамнешното првенство во млади категории се појавија нови екипи. Воедно сум задоволна што се зголемува бројот на девојчиња што се активираат во мечувањето. За да имаме квалитетни натпреварувачи, дефинитивно ни треба спортска сала. Сега не можеме да монтираме посебна писта пред секој тренинг, тоа ни претставува проблем“ – вели Кузмановска. „Мораме да бидеме задоволни од нашите млади и талентирани мечувалци кои допрва треба да ги покажат нивните квалитети…
Рајо Ваљекано назначи нов тренер по оставката на Франциско Хавиер Родригез. Нов предводник на екипата на Рајо Ваљекано во чии редови настапува и нашиот репреентативен голман Столе Димитриевски е 36-годишниот Иниго Перез, кој нема искуство како главен тренер. По завршувањето на кариерата како играч во јули 2022 година, тој работеше во Рајо Ваљекано како асистент. Информациите за времетраењето на договорот не се откриваат. Рајо Ваљекано има само една победа на последните 14 натпревари во шпанското првенство и се наоѓа на 14. место. Следниот натпревар тимот го игра на 18 февруари – против Реал Мадрид на домашен терен. Во текот на…
Формула 1 тимот на Мекларен денеска го откри болидот – „MCL38“ кој ќе го користи во новата сезоната. Тој е нова верзија на „MCL60“ и прв пат ќе излезе на патеката – „Силверстон“ . Тоа е првиот болид развиен под водство на тимскиот шеф, Андреа Стела. Стела нагласи дека првите тестови и почетокот на сезоната ќе покажат дали болидот ќе биде конкурентен за титулата.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, определи 14 играчи со кои ќе се појави на првиот меч од квалификациите за ЕП 2025, кој ќе го одиграме против Естонија во салата СРЦ „Кале“ во Скопје на 23 февруари. Список на репрезентативци:Војдан Стојановски – МЗТ Скопје АеродромДамјан Стојановски – МЗТ Скопје АеродромБојан Крстевски – МЗТ Скопје АеродромДамјан Робев – МЗТ Скопје АеродромМарин Петков – МЗТ Скопје АеродромАндреј Магдевски – ПелистерАндреј Маслинко – ПелистерАмар Хот – ПелистерСтојан Ѓуроски – РаботничкиВиктор Ефремовски – РаботничкиНенад Димитријевиќ – Уникс, РусијаАдем Мекиќ – Задар, ХрватскаЛејсон Зеќири – Башкими, КосовоИтан Хап – Гран Канарија Во нашата конкуренција се уште…
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва ќе го пречека најбогатиот ракометен клуб во светот. Со оваа средба започнува втората фаза или пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионит, а ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе ја отворат против ПСЖ, во рамки од 11. коло од групата Б во Лигата на шампиони на ЕХФ. Ракометарите на Еурофарм Пелистер оваа средба ја очекуваат по победата против големиот фаворит Вардар. Пред четири дена во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера, го совладаа Вардар во првиот натпревар од плеј-офот. Пеколно се очекува да биде и вечерва. Салата „Боро Чурлевски“ повторно е распродадена, па…
Нашата најдобра млада спортистка за 2023 година, Милијана Рељиќ, направи извонреден резултат освојувајќи го сребрениот медал на едно од најсилните натпреварувања во таеквондо – Турција Г1 Опен. Таа во елиминациите ги совлада Нур Хава Текташ, Бејза Карабулут, Гокче Хуру и претставничката на Русија додека во финалето загуби од Хрватката, Ивана Арелиќ. Во категоријата на Рељиќ чествуваа 250 натпреварувачки додека вкупната бројка на собирот во Турција беше преку 2000 од кои дел се светски и олимписки медалисти. Нашата претставничка со пласманот во финалето успеа да освои нови 7,20 поени и да остане во трката за норма за Олимписките Игри во Париз…
Напаѓачот на Спартак Москава, Квинси Промес, кој претходно беше осуден на 7,5 години затвор, може да биде екстрадиран во Холандија. Да потсетиме, претходно се дозна дека напаѓачот е прогласен за виновен во случајот со шверц на дрога и избодување на својот братучед. Промес беше осуден на 6 години затвор поради шверц на дрога и 1,5 година за нападот на неговиот братучед. Сега фудбалерот е во Обединетите Арапски Емирати со Спартак, оваа држава има договор за екстрадиција со Холандија. Оваа сезона холандскиот напаѓач одигра 21 натпревар за Спартак нво сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и осум асистенции. Актуелниот договор…
Вулверхемптон ќе мора да продава фудбалери за да биде во рамките на Финансискиот фер-плеј во Премиер лигата. Според медиумите, тимот планира да го продаде португалскиот напаѓач, Педро Нето, кој во сезонава има 2 гола и 8 асистенции на 15 натпревари. Тој ја игра петта сезона во Молине. Клубот сака да ангажира напаѓач, централен дефанзивец и уште еден играч по страничните позции.
Италијанскиот Лацио кој игра топло-студено ќе му биде домаќни на Баерн Минхен кој според многумина добри познавачи на фудбалот влегува во Топ 3 за освојување на пехарот во Лигата на шампионите. Баерн забележа неколку победи но, викендов доби голема „шлаканица“ од Баер Леверкузен во дербито на Германија. Тренерот на Баварците, Томас Тухел, вели дека ЛШ е нешто друго и дека неговите избраници се максимално мотивирани за гостувањето во Италија. Ниту Лацио не е во подобар ритам а главната ѕвезда , Чиро Имобиле, има слаба сезона. Двете екипи играа во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2021 година. Тогаш Баерн славеше…
