Одбојкарската федерација на Македонија со ждрепка денес ги одредени двојките за натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија во двете сениорски конкуренции.Како и во осминафиналето и во оваа фаза се игра само по еден натпревар. КУП НА ОФМ 2024 (М):Работнички 71&22 – ШкендијаСтрумица – ГОК БорецШтип УДГ – Весна ПробиштипЛирија – Универзитет во ТетовоКУП НА ОФМ 2024 (Ж):Работнички – Вардар ЕМЈанта Волеј – Фит Фан ВолејНаковски Волеј – Младост УДГСтрумица – Пелистер Волеј Четвртфиналните средби и во двете конкуренции ќе бидат одиграни на 14 февруари.
Author: riste
Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, речиси сигурно нема да игра на најважниот дуел со Џирона во сабота, што му создава уште еден проблем на менаџерот Карло Анчелоти, пренесува „АС“. 34-годишниот дефанзивец претрпе истегнување на ногата и е во непријатност, поради што мораше да мирува неколку дена. Реал Мадрид се уште има мала надеж дека играчот може да се опорави за мечот во сабота, но шансата за тоа е само неколку проценти. Се очекува Начо да биде подготвен за гостувањето кај РБ Лајпциг следната недела во Лигата на шампионите, бидејќи денес не тренираше и се очекува да го пропушти тренингот…
Актуелниот претседател на МОК, Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, на кое имаше кворум (55 присутни делегати од вкупно 62) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател. Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води МОК најмалку уште четири години. „Ова е вистинскиот МОК со сите свои бои и шаренила, со масовна присутност и ова е место каде ќе се креираат идните спортски одлуки. Мојата желба е следниот пат…
Денес УЕФА ја одржа ждрепката за новотот издание на Лигата на нациите кое започнува во септември оваа година. Репрезентацијата на Македонија своите ривали во Лига Ц ги очекуваше од третиот шешир. Среќата посака избраниците на Благоја Милевски да бидат во група со селекциите на Ерменија, Летонија и Фарски Острови. Групи во Лигата на нации – Лига Ц:Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, ЕстонијаГрупа 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/ГибралтарГрупа 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, БелорусијаГрупа 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија Со сите репрезентации Македонија има позитивен биланс, а во последните години често игравме со двете поранешни советски селекции во групата. Со репрезентацијата на Фарски Острови немаме меѓусебни пресметки во најсилна конкуренција. Лигата на нациите…
Швајцарскиот скијач Даниел Јул е победник на слаломската трка во Шамони, Франција и приреди големо изненадување. Првпат во историјата на Светскиот куп победи скијач кој по првото возење беше рангиран на 30. позиција. Јул успеа да направи голем подвиг и со време 1:36,24 дојде до највисокото место на подиумот. На второто место со задоцнување од 0,16 секунди беше Лоик Меилард од Швајцарија, додека 0,18 секунди доцнеше Клемон Ноел. Следниот викенд на програмата се слаломската и велеслаломската трка во Банско, натпреварување кое според локацијата е најблиску до нашата земја, па можеби некои љубители на скијањето ќе бидат дел од овие две…
Раководството на ПСЖ, сфаќајќи дека напаѓачот Килијан Мбапе ќе го напушти клубот на крајот од актуелната сезона за да премине во Реал Мадрид, изрази желба тој да не ја објави својата одлука додека францускиот тим не го заврши настапот во Лигата на шампионите, објави шпанскиот „Sport.es“. Според истиот извор, челниците на ПСЖ не сакаат оваа вест негативно да влијае на настапот на тимот во Лигата на шампионите, турнир кој е приоритет за нив. Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез веќе го известил стручниот штаб дека Мбапе ќе му се приклучи на тимот ова…
ПСЖ веќе ја гледа опцијата кој би можел да биде адекватна замена за Килијан Мбапе во составот на нивната екипа. Станува збор за Рафаел Леао кој би требало да дојде од Милан во редовите на ПСЖ по заминувањето на Мбапе. За да го имаат Рафаел Леао во својот состав, парижаните мора да му платат на Милан 175 милиони евра. Вчера излезе информација дека Французинот одлучно одбил да го продолжи договорот со клубот и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч. Парижаните се одлучија да го ангажираат 24-годишниот Португалец бидејќи тој игра како лево крило – на…
35-годишниот напаѓач на Барселона Роберт Левандовски планира кариерата да ја продолжи во каталонскиот клуб, но за фудбалерот е важно раководството на клубот да му понуди силен спортски проект. Ова го пренесува „Sport.es“. Според изворот, и раководството на Барселона изразува желба да го задржат полскиот напаѓач во тимот барем до крајот на неговиот актуелен договор, кој е до летото 2026 година. Каталонскиот клуб ја потенцира добрата физичка форма на Левандовски и малата стапка на повреди. Се нагласува дека доколку самиот напаѓач ја извести управата на клубот за желбата да се пресели во друг клуб, тие нема да се мешаат од почит кон Левандовски.…
Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе стартува во дербито од 23. коло во Ла Лига против Атлетико Мадрид, и покрај сомнежите дека можеби нема да биде во тимот. Германскиот дефанзивец успешно ги помина медицинските тестови неколку часа пред мечот и така Карло Анчелоти доби дозвола од лекарите да го искористи на мечот против Атлетико Мадрид. Рудигер доживеа повреда на коленото во победата од 2:0 на градското дерби против Хетафе и беше принуден да го напушти теренот. Мадридското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ е вечерва со почеток во 21:00 часот.
Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се повреди во 85. минута при победата од 3:1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот има повреда на страничните лигаменти на левото колено. Клубот не откри колку долго ќе паузира канадскиот интернационалец, но според печатот во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следното коло. 23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа постигна еден гол и четири асистенции.
