Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е блиску до заминување од тимот на крајот на сезоната, пренесува „Билд“. Договорот на 34-годишниот Германец истекува ова лето и според таблоидот, најверојатно клубот нема да му понуди нов договор. Одговорните во клубот сметаат дека ветеранот веќе го дал својот максимум и помладите играчи треба да бидат лансирани како негови наследници. Марко Ројс пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ во 2012 година. Ројс одигра 24 настапи за тимот во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи шест гола и давајќи три асистенции.
Author: riste
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неделното дерби со Интер за врвот во Серија А „не е одлучувачко за титулата“. „Шампионатот не завршува во недела. Има уште многу натпревари, овој не е решавачки, му дава само три бода на победникот“, изјави Алегри на својата прес-конференција и додаде: „Ова е добар натпревар, мораме да го искористиме максимумот и да го играме со нашите најдобри оружја, знаејќи дека против нас имаме добар тим кој прави одлични работи, како што тоа го прави редовно од почетокот на сезоната. Алегри повтори дека, според него, „Интер е најсилниот тим во првенството и фаворит за…
Интер Мајами стана втората највредна франшиза во МЛС лигата, објави Форбс. Според изданието, вредноста на клубот е зголемена за 72% во однос на минатата година и сега изнесува 1,03 милијарди долари. Се потенцира дека главната причина за овој раст е потпишувањето на договор со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси од страна на Интер Мајами во летото 2023 година . Интер Мајами, наводно, стана вториот клуб во историјата на лигата кој е проценет на 1 милијарда долари, според Форбс. Претходно, ФК Лос Анџелес ја постигна таа пресвртница во 2023 година и останува највредниот тим на МЛС лигата со приходи од над 1 милијарда долари,…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашање за можното заминување од клубот на напаѓачот Ерлинг Халанд, кој според шпанските новинари е незадоволен од климата во Англија и од животот во Манчестер. „Немаме чувство дека Халанд е несреќен. Можеби шпанските медиуми, особено во Мадрид, имаат повеќе информации за оваа работа отколку ние“, изјави Гвардиола во изјава за инсајдерот Фабрицио Романо. Да потсетиме, неодамна беше објавено дека Халанд и неговите претставници веруваат дека напаѓачот треба да ја продолжи професионалната кариера во Реал Мадрид за да се зголеми веројатноста за освојување индивидуални фудбалски награди за Норвежанецот. Ерлинг Халанд оваа сезона постигна 19 гола и…
Централниот дефанзивец Габриел Паулиста се приклучи на Атлетико Мадрид. Ова го објави официјалниот сајт на клубот. Забележано е дека фудбалерот потпишал договор со Атлетико до крајот на тековната сезона. Претходниот клуб на Паулиста беше Валенсија. „Добредојдовте, Паулиста! – пишува во соопштението на клубот. Габриел Паулиста (33) играше за Валенсија од 2017 година. Во тековната сезона од шпанското првенство, дефанзивецот одигра 18 натпревари за „лилјаците“, на кои не беше ефикасен. Има и еден натпревар во Купот на Шпанија. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 2,5 милиони евра.
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо нема да учествува на пријателскиот натпревар меѓу саудискиот клуб и Интер Мајами, за кој настапува аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, пренесува „Goal“. Според изворот, Роналдо нема да се појави на теренот на натпреварот со МЛС клубот поради оштетување на мускулот. Ал-Наср не е подготвен да го ризикува здравјето на 38-годишниот фудбалер и нема да го пушти да излезе на теренот. Да потсетиме, средбата меѓу екипите ќе се одржи во четврток на 1-ви февруари. Натпреварот започнува во 19:00 часот. Роналдо се пресели во Ал-Наср на крајот на 2022 година. Оваа сезона Португалецот учествуваше на 25 натпревари на сите турнири, на…
Францускиот шампион Пари Сен Жермен е уверен дека ќе успее да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимараеш следното лето. Од Њукасл веќе признаа дека можеби ќе треба да продадат некои од своите ѕвезди за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј. „Мирор“ сега пренесува дека веќе биле водени разговори со агентите на Бразилецот, кој неодамна отпатува во Париз. Гимараеш (26) има ослободителна клаузула од 100 милиони фунти, па ПСЖ ќе мора да се ангажира многу за да го добие играчот. Сепак, самиот играч од средниот ред не брза да си замине од Њукасл, каде…
Се зголемува бројот на екипи кои сакаат да го имаат Чаби Алонсо на својата клупа. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул го следат главниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, пренесува „Би-Би-Си. Според истите, „граѓаните“ го гледаат шпанскиот тренер во случај Пеп Гвардиола да не го продолжи договорот, кој истекува следното лето. Претходно беше објавено дека Чаби Алонсо е главен кандидат да го замени Јирген Клоп во Ливерпул. Германскиот тренер ќе го напушти клубот од „Енфилд“ на крајот од актуелната сезона. Алонсо стана тренер на германскиот тим во октомври 2022 година. Оваа сезона Баер Леверкузен е лидер во шампионатот со 49 бодови…
Играчот од средниот ред на шпанска Севиља, Иван Ракитиќ, бил на лекарски преглед пред да се пресели во Ал Шабаб од Саудиска Арабија. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, играчот од средниот ред е на чекор до комплетирање на трансферот во саудискиот клуб. Да потсетиме, претходно се појавија информации дека хрватскиот фудбалер е незадоволен од минутажа која ја добива кај новиот тренер на Севиља, Кике Санчез Флорес. Ракитиќ веќе се прости од некои вработени во шпанскиот клуб. Беше објавено дека играчот од средниот ред ќе се приклучи на Ал Шабаб пред 30 јануари, потпишувајќи двегодишен договор.
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис изјави дека ужива да игра за клубот од Минхен. Да потсетиме, изминативе месеци активно се шпекулира за интерес на Реал Мадрид за Алфонсо Дејвис. „Се чувствувам многу удобно овде. Играм во неверојатен тим, за еден од апсолутните врвни клубови во Европа“, изјави Дејвис на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше на 26 натпревари од сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.
