Author: riste

Македонскиот ракоетен шампион во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров го доби противникот во четвртфиналето во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот македонски првак за место во полуфиналето ќе игра против екипата на Елче од Шпанија. Првиот меч, ракометарките на Ѓоче Петров го играат на гостински терен на 10/11 март, додек реваншот една недела подоцна во Скопје. Доколку успеат да го добијат овој двомеч, ракометарките на Ѓорче Петров во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот на Гранољерс и Гран Канарија.

Read More

Европската ракометна федерација во текот на денешниот ден се огласи за спорната последна минута на мечот меѓу Данска и Шведска од второто коло во главната рунда во Хамбург на ЕП. ЕХФ ја „призна“ грешката на судиите Вацлав Хорачек и Јири Новотни од Чешка, кои го вратија времето наназад по поништениот гол на Магнус Ландин. „Во 59.33 судиите сигнализираа пасивна игра. Набрзо потоа, беше направен фаул од шведската одбрана и дозволени уште две додавања на данските ракометари по изведувањето на ударот. Магнус Ландин постигна гол, а судиите решија да гледаат ВАР, дали имаше повеќе додавања од дозволеното пред овој погодок, времето…

Read More

Арсенал ја одби првичната понуда на Вест Хем Јунајтед за позајмица за играчот од средниот ред Емил Смит-Роу. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Забележано е дека клубот нема намера да го пушти Емил Смит-Роу да оди на позајмица, бидејќи тој се уште се смета за клучен за тимот на Микел Артета. Покрај тоа, играчот е среќен што останува во Арсенал. Во тековната сезона од англиската Премиер лига, 23-годишниот Емил Смит-Роу одигра шест натпревари на кои имаше една асистенција. Покрај тоа, играчот од средниот ред има три натпревари во Лигата на шампионите и по еден во ФА Купот и англискиот Лига куп. Фудбалерот…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на централниот бек Матијас де Лихт, кој се повреди за време на тренинг кампот на Баерн Минхен во јануари, а исто така ги сподели своите размислувања за иднината на 24-годишниот играч во клубот. „Тој го напушти тренинг кампот повреден. Матијас беше повреден неколку пати претходно. Во истиот момент проблеми имаа Упамекано и Ким Мин Џеј. Но, секако дека сметаме на него, Де Лихт е наш играч и тој е еден од најдобрите играчи во тимот, како и прекрасна личност.Матијас е подготвен да игра без никакви ограничувања, тој вчера имаше целосен тренинг. Нема причина за грижа. Тој ќе може да…

Read More

Денешната програма на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ни носи три нови средби од второто коло во главната фаза на ова Европско првенстви. Репрезентацијата на Франција, која во претходното коло славеше над Хрватска, ќе се соочи со незгодниот Исланд. Хрватите првата победа во главната фаза ќе ја бараат во дуелот со Унгарија, додека Австрија оди на мегдан со домаќинот. По одигрувањето на денешните натпревари, ќе бидат појасни работите во првата група, која се игра во „Ланксес арената“ во Келн. Денеска на ЕП:15:30 ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД18:00 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА20:30 ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА

Read More

Македонската јавност и љубителите на спортот, односно ракометот имаа можност конечно да се радуваат на победа на нашата ракометна репрезентација. Победата од 29:27 против Швајцарија ќе ни донесе пласман меѓу 13. и 18. место и полесен мундијалски проитивник. Стрелец на еден од клучните голови беше Томи Јагуриновски, по натпреварот не го криеше задоволството од победата. „Честитки на соиграчите за борбената игра, треба почесто да ја применуваме. Се боревме целите шеесет минути и победата ни припадна нам. На ова ЕП 2024 ги имавме едни двете најдобри репрезентации во светот, а со оваа победа го завршивме настапот победнички. Целиме кон тоа да бидеме секогаш…

Read More

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по предходниот натпревар не беше задоволен од својот наста, а вечерва е задволен од себе, но и од останатите соиграчи кои дадоа се за да дојдат до посакуваната победа над Швајцарија од 29:27. Кузмановски даде свој коментар за средбата која ја добивме и која може многу да значи за иднината на македонскиот ракомет. „Игравме на ова првенство против олимпискиот првак Франција и домаќинот Германија. Многумина очекуваа резултати од нас, но тие се понапред и ние треба да учиме од нив. За мечот со Швајцарија, кога ќе ја погледнеме историјата, имаме победи со нив, но тие на ова првенство покажаа…

Read More

Македонија го заврши својот настап на ЕП во Германија со победа над Швајцарија, асигурен на нашиот гол беше Мартин Томовски кој имаше свој ден во Берлин. Мартин Томовски кој имаше 12 одбрани на денешниот меч и даде свој коментар за натпреварот. „Чувството е прекрасно. Како тим, колектив собравме сила, променивме некои работи, бевме поефикасни во нападот, одбраната беше на ниво. Честитки до колегите за оваа победа која е од големо значење по поразите од Франција и Германија, се издигнавме и покажавме нешто поразлично.Имаше тешко периоди и добри моменти, ама најважно е кога оди да останеме скромни. Кога е пак тешко…

Read More

Селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров беше задоволен од играта и победата која ја остваривме во последниот натпревар на ова ЕП. Оваа победа многу значи за нашата селекција, а тоа го потенцираше Лазаров по натпреварот. „Задоволен сум од денешниот натпревар. Не е лесно да се победи ривал како Швајцарија. Тие покажаа дека можат да играат со најдобрите во Европа. Имаат искусни играчи и ѕвезди, тоа го докажаа и против Франција. Вечерва имаа голема жалба да победат, пред се поради Шмид кој ја завршува кариерата и ќе биде нов предводник на селекцијата. Моите играчи беа навистина одлични, немавме толку технички грешки како…

Read More

Македонската ракометната репрезентација вечерва ќего одигра последниот натпревар на Европското првенство, бидејќи по двата стартни порази остана без шанса за пласман во главната фаза. Третиот и последен меч во групата го играме против Швајцарија во „Мерцедез Бенц Арената“ во Берлин. Нашиот денешен противник покажа две различни лица, најнапред беше убеливо поразен од Германија со 27:14, а во второто коло ја изненади Франција и одигра нерешено 26:26. Главната ѕвезда на Швајцарија е секако ветеранот Енди Шмид, а тука се уште и браќата Зендер и одличниот стрелец Лаубе, како и одличниот голман Портнер. Иако уште пред стартот на ова ЕП сметаме дека…

Read More