Македонската јавност и љубителите на спортот, односно ракометот имаа можност конечно да се радуваат на победа на нашата ракометна репрезентација. Победата од 29:27 против Швајцарија ќе ни донесе пласман меѓу 13. и 18. место и полесен мундијалски проитивник.
Стрелец на еден од клучните голови беше Томи Јагуриновски, по натпреварот не го криеше задоволството од победата.
„Честитки на соиграчите за борбената игра, треба почесто да ја применуваме. Се боревме целите шеесет минути и победата ни припадна нам. На ова ЕП 2024 ги имавме едни двете најдобри репрезентации во светот, а со оваа победа го завршивме настапот победнички. Целиме кон тоа да бидеме секогаш подобри и да играме поубаво, ги очекуваме следните предизвици и да бидеме се подобри и подобри“, рече Јагуриновски.
Оваа победа е прва на едно големо натпреварување за македонската репрезентација по четири години, последен пат се радувавме во групна фаза од едно големо натпреварување на ЕП во Австрија,односно во Виена кога ја победивме Украина во 2021 година.

