Македонија го заврши својот настап на ЕП во Германија со победа над Швајцарија, асигурен на нашиот гол беше Мартин Томовски кој имаше свој ден во Берлин.
Мартин Томовски кој имаше 12 одбрани на денешниот меч и даде свој коментар за натпреварот.
„Чувството е прекрасно. Како тим, колектив собравме сила, променивме некои работи, бевме поефикасни во нападот, одбраната беше на ниво. Честитки до колегите за оваа победа која е од големо значење по поразите од Франција и Германија, се издигнавме и покажавме нешто поразлично.Имаше тешко периоди и добри моменти, ама најважно е кога оди да останеме скромни. Кога е пак тешко да најдеме начин за да справиме од таа криза. Верувам дека кој и да беше од нас (Митревски, Кизиќ) ќе ја завршеше работата, ние сме еден посебен тим на различна позиција“, рече Томовски.
Нашата репрезентација својот настап во Германија на ЕП го заврши на 3 место во групата А,зад Германија и Франција и пред Швајцарија.