Денешниот натпреварувачки ден на ЕП во ракомет ни носи нови четири натпревари кои ќе значат старт на ова првенство за 8 селекции кои се распоредени во групите Б и Ц. Во групата Б која се игра во САП Арена во Манхајм денес се играат натпреварите:18.00 Австрија – Романија (судии:Јарум и Клевен од Норвешка)20.30 Шпанија – Хрватска (судии: Хорачек и Новотни од Чешка) Во групата Ц која се игра во „Олимпикхале“ во Минхен ќе играат:18.00 Исланд – Србија (Д.Маруинс и Р.Мартинс од Португалија)20.30 Унгарија – Црна Гора (И.Ковалчиус и А.Ковалчиус од Молдавија) Останатите репрезентации кои се дел од ова ЕП денес…
Author: riste
Македонската ракометна репрезентација денес од 13 часот ќе го одржи првиот тренинг по пристигнувањето во Берлин. Нашите ракометари вчера заедно со останатите репрезентации од нашата група А допатуваа во Берлин кеде ќе ги одиграат преостанатите два натпревари од групната фаза. Денес и утре Македонија има слободени денови кои ќе бидат искористени за запознавање на новиот терен во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин, но и да се подготви игра и тактика како да се спротивставиме на домашната селекција на Германија со која играме утре (недела) од 20.30 часот. За расположението во нашата селекција и очекувањата од следниот натпревар ќе имате можност…
По поразот на стартот на ЕП за самиот натпревар зборуваше Филип Кузмановски, а тој смета дека борбеноста во првиот дел била на вистинско ниво. „Со нетрпение чекавме да играме тука во Дизелдорф пред толку публика. Навистина бевме мотивирани, игравме против Франција која за мене е фаворит за злато. Не е потребно да бараш мотивација против таков ривал. Можам да кажам дека сум задоволен како одигравме во првото полувреме, имавме активен резултат. Сепак, ова е Франција и ја казни секоја наша техничка грешка. Има многу работи да се учат од нив. Видов доста позитивни работи. Имаме доволно време да анализираме, четири…
Ракометната репрезентација на Македонија сопораз го започна Европското првенство во Германија. Иако избраниците на Кирил Лазаров играа добро на отварањето на натпреварот, сепак претрпеа неуспех против Франција во „Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф (39:29). И покрај очекуваниот пораз, разочарувањето беше видливо кај нашите репрезентативци. По натпреварот својот став го изнесе пивотменот Жарко Пешевски. „Одигравме одличен прв дел, а потоа пресуди разликата во квалитет. Игравме против велесила. Не се предадовме. Едноставно имаше борба шеесет минути. Тоа ќе ни биде поттик за следните два натпревари. Мислам дека ќе бидеме на подобро ниво на следните натпревари за разлика од денес“, изјави Пешевски. Македонија поодигрувањето наа мечот во Дизелдорф,…
Македонската ракометна репрезентација со пораз го започнаа Европското првенство во Германија. На отворањето на шампионатот нашите ракометари одиграа сосема солидно против фаворитот Франција, особено во првиот дел од првото полувреме, но немаа сили за нешто повеќе од пораз (39:29). Капитенот на нашата репрезентација, голманот Никола Митревски зборуваше по мечот за резултатот. „Петнаесетина до дваесет минути бевме во егал со Францијаа. Имавме контрола на настаните на теренот, а потоа нивната одбрана нè натера да направиме неколку грешки, неколку технички грешки кои лесно ги искористи противникот преку полуконтра и контра и така да го презеде водството. Франција во продолжението го контролираше до крај натпреварот.…
Македонија е поразена во првиот натпревар од ЕП во Германија, моќната репрезентација на Франција извојуваше победа од 39:29, во натпревар кој на стадионот „Меркур Шпил Арена“ го следеа преку 53.000 гледачи. По натпреварот на прес-конференцијата својот став го искажа селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. „Честитки за француската репрезентација, која заслужи да победи на оваа средба. Можеби денес игравме против најсилната европска селекција. Игравме добро, задоволен сум, но не е доволно да играте добро 40-45 минута против репрезентација како Франција. Не сум задоволен од резултатот, бидејќи загубивме со десет разлика. Можеби пореално беше да биде на крајот 6,7,8 разлика. Направивме премногу…
Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф, каде утре со дуелот против Франција го отвораме настапот на Европското првенство. Нашите репрезентативци имаа можност да го почувствувата теренот каде треба да го играат историскиот натпревар. Двајцата голмани на Македонија, Марко Кизиќ и Мартин Томовски, се едногласни дека ова ќе биде историски дуел пред 50.000 гледачи. „Неверојатно е чувството, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се испише историја, а на нас ни останува да уживаме и да дадеме се од себе“ истакна…
Денеска во 78 година од животот почина една од најголемите фудбалски легенди на Германија, Франц Бекенбауер. Оваа информација ја соопшти семејството на поранешниот славен дефанзивец од Минхен. Фудбалер кој одбележа едно време во германскиот фудбал. Најславните денови од кариерата Бекенбауер ги мина во редовите на Баерн Минхен. За германскиот гигант од 1964 до 1977 година, екс-дефанзивецот одигра 427 натпревари. Освен за баварците, во кариерата Бекенбауер настапуваше за Њујорк Космос и Хамбургер, а беше и стандарден репрезентативец на тогашната Западна Германија. Севкупно, Франц Бекенбауер одигра 620 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво, на кои постигна 74 гола и 75 асистенции.…
Играчот од средниот ред на ПСЖ, Ренато Санчес, кој игра на едногодишна позајмица во Рома, би можел да стане играч на Бешикташ. Ова го објави новинарот Адриен Грениер на социјалната мрежа Х. Според изворот, раководството на ПСЖ има намера да го отповика Португалецот од позајмицата и да го испрати во нов привремен тим. Интерес за 26-годишниот играч за врска покажува Бешикташ. Сезонава Санчес одигра девет натпревари за Рома во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол. Договорот на играчот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра. Претходно беше…
Њукасл го продолжи договорот со централниот дефанзивец на тимот Фабијан Шер. Двете страни се договорија да соработуваат до крајот на сезоната 2024/2025. „Во овој тим се чувствувам како дома. Се чувствувам многу удобно да живеам во Њукасл, го сакам овој град. Сакам да играм за клубот и да им носам радост на нашите неверојатни навивачи. Не можам да опишам со зборови колку ги сакам и колку ми значи нивната поддршка“, изјави Шер за прес-службата на Њукасл. Шер игра за англискиот клуб од 2018 година. Оваа сезона, дефанзивецот одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол. Претходниот договор на играчот со сегашниот клуб важеше до…
