Author: riste

Канадската скијачка Валери Грение е победничка на велеслаломот кој во рамките на Светскиот Куп денес се одржа во Крањска Гора. Грение низ целта во словенечкиот зимски скијачки центар мина со резултат 1:50.51 минута. Канаѓанката беше за 0,37 секунди побрза од второпласираната швајцарска скијачка Лара Гут Бехрами, додека место на подиумот имаше и за Италијанката Федерика Брињоне која заостануваше 0,51 секунда зад победничката. Од оние кои се очекуваше многу повеќе, Петра Влхова од Словачка, која водеше по првата трка, на крајот ја заврши како четврта, додека Микаела Шифрин од САД го зазеде деветтото место. Шифрин и натаму е лидер во генералниот пласман за Светскиот Куп со…

Read More

Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на велеслаломот, кој денес во рамките на Светскиот Куп се одржа во Аделбоден. Второто место го освои Норвежанецот Александар Омот Килде, кој беше за 1,26 секунди зад победникот Одермат, додека трет заврши Хрватот Филип Зубчиќ со заостанување од 1,77 секунди. Одермат убедливо е лидер во генералниот пласман за Светскиот Куп со 736 бодови. Втор е Австриецот Марко Шварц со 464, а Килде е трет со 320 бода. Швајцарецот исто така е прв во поредокот за велеслалом со 400 бодови, а го следат Зубчиќ со 240 и Шварц со 210 бодови. Утре во Аделбоден на програмата е уште една…

Read More

Летните олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Париз се секако најголемото спортско натпреварување во 2024 година, но во пресрет на овој настап ќе гледаме голем кошаркарски спектакл меѓу според многумина двете селекции кои што се најголеми фаворити за освојување на златниот медал на ЛОИ во Париз. Кошаркарските репрезентации на Србија и САД ќе одиграат пријателски натпревар во рамки од подготовките за турнирот во Париз. Ова го потврди селекторот на Србија, Светислав Пешиќ. „Најверојатно одиме во Абу Даби на турнир. Таму ќе играме прво со Австралија, па со САД. Испратија понуда да потпишеме договор, условите што ги добивме се фантастични.…

Read More

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, зборуваше за целите на тимот од Бирмингем во актуелниот преоден рок. „Еден или двајца играчи може да го напуштат тимот. Но, ова е сè уште неизвесно. За возврат, ако се обидеме да набавиме нови играчи, тогаш само оние кои дефинитивно ќе можат да го засилат нашиот состав. Но, во моментов не е јасно дали ќе можеме да ги купиме во јануари“, изјави Емери во разговор со новинарот Фабрицио Романо. Да потсетиме, по 20 кола од англискиот шампионат, тимот на Унаи Емери освои 42 бода и моментално го зазема второто место. На чело на табелата во англиската Премиер лига е Ливерпул,…

Read More

Англискиот Тотенхем и германскиот РБ Лајпциг се во активни преговори околу шестмесечната позајмица на напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер во лондонскиот клуб.  Ова го објави новинарот Филип Хајнс на социјалната мрежа Икс. Според изворот, клубовите веќе постигнале договор за голем број прашања поврзани со оваа зделка, но сепак постојат одредени нијанси кои двете страни ќе продолжат да ги разработуваат во текот на следните денови. Да потсетиме, претходно медиумите објавија дека за Вернер е заинтересиран и Манчестер Јунајтед. Оваа сезона 27-годишниот напаѓач учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и една асистенција. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт,…

Read More

Барселона се уште е заинтересирана за купување на крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, кој оваа сезона настапува за каталонскиот клуб на позајмица и покрај тоа што претходно во медиумите имаше информации за незадоволство од тренерот Чави од нивото на игра што го покажа 24-годишен фудбалер. Информацијата која ја пренесе „Sport.es“ вели дека раководството на Барселона смета дека купувањето на Феликс е квалитетен трансфер, со оглед на младата возраст и талентот на португалскиот фудбалер. Се нагласува дека најверојатната опција е на крајот на тековната сезона позајмицата на Феликс да биде продолжена за уште една година, а самиот договор за закуп да предвидува…

Read More

Фудбалскиот клуб Наполи го објави трансферот на дефанзивецот на Салернитана, Пасквал Мацоки. Оваа сезона 28-годишниот фудбалер одигра 18 натпревари во италијанското првенство без да постигне гол. Авторитетниот онлајн портал Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на Мацоки на 4 милиони евра. Мацоки потекнува од екипата на Хелас Верона. Фудбалерот играше за Салернитана од 2022 година. Италијанскиот дефанзивец претходно во својата кариера настапуваше за тимови како Парма, Перуџа, Венеција и Римини. По 18 кола во Серија А оваа сезона, Наполи е на осмото место на табелата со 28 бодови. Во следниот натпревар од домашното првенство, Наполитанците ќе играат на гости кај Торино.

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Џирона, Мигел Гутиерез, објави весникот „Сан“. Според истиот извор, во изминатите неколку недели, скаутите на „црвените ѓаволи“ постојано присуствувале на натпреварите на Џирона на кои учествувал 22-годишниот фудбалер.  Се нагласува дека Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува опцијата да го придобие Гутиерез во текот на актуелниот преоден рок. На Манчестер Јунајтед му треба засилување на позицијата лев бек откако Серхио Регилон го напушти клубот. Да потсетиме, оваа сезона дефанзивецот на Џирона учествуваше на 20 натпревари на сите турнири, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото…

Read More

Централниот дефанзивец на Тотенхем, Ерик Даер ги договорил условите за личниот договор со Баерн Минхен, кој има намера да го добие во блиска иднина. Ова го пренесува „Тајмс“. Според изворот, покрај купувањето на Даер, германскиот клуб е подготвен на Тотенхем да му понуди и опција за позајмица на играчот, при што тимот од Минхен целосно ќе ја покрие неговата плата. Се нагласува дека на тренерот на Баерн, Томас Тухел итно му е потребен овој трансфер. Да потсетиме, Даер оваа сезона учествуваше на четири натпревари од англиското првенство, на кои не беше ефикасен. Актуелниот договор на Англичанецот со клубот е до летото 2024 година. Според информациите објавени…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари со Грција, како дел од подготовките за настап на ЕП во Германија од 10 до 28 јануари. Селекторот Кирил Лазаров и стручниот штаб денес ќе имаат можност да видат до каде се со сработеното на подготовките кои ги имаа во Србија, а ги продолжија во Скопје. Денешниот натпревар ќе биде од отворен карактер и ќе може сите љубители на ракометот да го следат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17 часот, додека утрешниот ќе биде без присуство на публика и од затворен тип, за да може да…

Read More