Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на велеслаломот, кој денес во рамките на Светскиот Куп се одржа во Аделбоден.
Второто место го освои Норвежанецот Александар Омот Килде, кој беше за 1,26 секунди зад победникот Одермат, додека трет заврши Хрватот Филип Зубчиќ со заостанување од 1,77 секунди.
Одермат убедливо е лидер во генералниот пласман за Светскиот Куп со 736 бодови. Втор е Австриецот Марко Шварц со 464, а Килде е трет со 320 бода. Швајцарецот исто така е прв во поредокот за велеслалом со 400 бодови, а го следат Зубчиќ со 240 и Шварц со 210 бодови.
Утре во Аделбоден на програмата е уште една трка од Светскиот Куп, овој пат тоа ќе биде слалом.