Раководството на Реал Мадрид разви нов план за реализација на трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во нивните редови. Ова го објави француското издание „L’Équipe“. Според изворот, мадридскиот клуб наскоро ќе почне да ги спроведува точките од овој план, но деталите од новата стратегија на Реал Мадрид не се откриваат. Да потсетиме, Мбапе од 1 јануари годинава може да склучи прелиминарни договори со кој било друг клуб за да се пресели во него претстојното лето како слободен играч. Оваа можност ја има 25-годишниот фудбалер поради фактот што актуелниот договор со ПСЖ му истекува за шест месеци. Оваа сезона Мбапе учествуваше на 22 натпревари…
Author: riste
Агенцијата за Млади и спорт и Сојузот на спортски федерации по 69-ти пат го организираше Изботот за спортист на годината во Македонија. Популарниот „Спортски оскар“ беше одржан во Х.Александар Палас во Скопје каде најуспешните во спотртот за оваа 2023 година ги добија своите заслужени признанија. Во продолжение еве кои спортисти вечерва ги добија признанијата во посебни категории. Најдобра спортист: Бобан Илиоски – Кик боксНајдобра спортиска: Мери Акиевска – бодибилдингНајдобар млад спортист: Витомир Трајковски – КаратеНајдобра млада спортистка: Милијана Релиќ – ТаеквондоНајуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – Kик боксНајуспешна федерација: Одбојкарска федерација на МакедонијаНајуспешен женски национален тим: Ракометен сениорски национален тимНајуспешен машки…
Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас го комплетираше трансферот од Наполи во РБ Лајпциг, а уште една добра зделка заврши неговиот застапник Никола Ѓошевски кој го откри и бројот на играчот во клубот. По трансферите во Фенербахче и Наполи, Елмас дојде до уште еден трансфер. Заедно со него во Германија беа неговиот татко Џеват Елмас и неговиот застапник Никола Ѓошевски. Како што може да се види од фотографијата, Ељиф Елмас ќе го носи дресот со број шест. Договорот меѓу македонскиот играч и РБ Лајпциг е до 2028 година. Да му посакаме на Елмас, добро вклопување во новиот клуб, а играта на РБ…
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан одлучи да го напушти „Олд Трафорд“, пренесува „L’Equipe“. Според овие информации, Французинот решил кариерата да ја продолжи во првенството на Саудиска Арабија. Ова се должи на фактот што Варан реши да ја промени ситуацијата поради тоа што беше незадоволен од висината на својата минутажа. 30-годишниот Французин оваа сезона одигра 14 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна еден гол. Претходно беше објавено дека раководството на Реал Мадрид не е заинтересирано да го врати дефанзивецот на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме дека Варан беше играч на Реал Мадрид 10 години: од 2011 до 2021 година. Во овој период, францускиот…
Постигнувајќи гол против Арсенал на натпреварот од 18. коло на Премиер лигата, кој се одигра вчера, напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах ја направи својата 121-ва ефективна акција во натпреварите на „црвените“ одиграни на „Енфилд“ и стана рекордер по овој показател. Оваа информација ја објави „Opta Sports“. Според истите, египетскиот фудбалер го надмина резултатот на поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Стивен Џерард, кој постигна 120 ефективни акции на домашниот терен на Ливерпул, како и на поранешниот напаѓач Роби Фаулер, кој стигна до 100 поени користејќи го системот гол+асистенција. Нагласено е дека додека учествувал на натпреварите на „Енфилд“, 31-годишниот играч 88 пати…
Откако беа поразени на гостувањето кај Вест Хем , фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа уште еден натпревар без постигнат гол. Така „црвените ѓаволи“ не успеваа да постигнат гол и четврти натпревар по ред. Ова се случи за прв пат по 31 година. Последен пат Манчестер Јунајтед имал ваква негативна и лоша серија од четири натпревари без голови во ноември 1992 година. Во тоа време, тимот беше предводен од Сер Алекс Фергусон. Манчестер Јунајтед го постигна својот последен гол во средата, 6-ти декември. Ова се случи на натпреварот од англиското првенство со Челзи – 2:1. Во следните четири натпревари во сите натпреварувања, избраниците на Ерик Тен Хаг…
По вчерашната победа на Јувентус на гостувањето кај Фросиноне во натпреварот од 17. коло на италијанската Серија А – 2:1, екипата од Торино стигна до една уба серија, тимот нема пораз веќе 12 меча по ред. Последен пат Јувентус загуби на официјален натпревар на 23 септември. Ова се случи на натпреварот со Сасуоло во италијанскиот шампионат – 2:4. Во текот на овие 12 натпревари од сите натпеварувања, тимот од Торино победи тимови како Лече (1:0), Торино (2:0), Милан (1:0), Верона (1:0), Фиорентина (1:0) , Каљари (2:1), Монца (2:1), Наполи (1:0) и Фросиноне (2:1). Избраниците на Масимилијано Алегри ремизираа и со Аталанта (0:0), Интер (1:1)…
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, својата клупска кариера и официјално ја продолжува во Германија, каде што ќе го носи дресот РБ Лајпциг.Откaко денес ги помина лекарските прегледи, Елиф Елмас го стави својот потпис на договорот со екипата на РБ Лајпциг , чиј дрес ќе го носи до 2028 година.РБ Лајпциг се согласи да ја плати бараната сума од 25 милиони евра на Наполи, за да го доведе македонскиот репрезентативец кој треба д аго замени Форсберг. 24-годишниот Елмас досега беше дел од Наполи каде дојде од 2019 година, а одигра 141 натпревари, на кои постигна 14 гола. Со тимот го освои скудетото минатата сезона. Претходно, Елмас…
Раководството на Милан беше многу луто поради нерешениот резултат на тимот во натпреварот од 17. коло од италијанскиот шампионат со Салернитана (2:2) и во наредните часови ќе одлучува за судбината на Стефано Пиоли како главен тренер на Росонерите. Ова го објави новинарката Даниеле Лонго на социјалната мрежа Икс. По 17 кола во италијанската Серија А, тимот на Пиоли освои 33 бода и моментално го зазема третото место. Милан заостанува осум бода зад првопласираниот Интер. Во последните пет натпревари од италијанското првенство, Милан оствари три победи, еднаш ремизираше и еднаш загуби. Да потсетиме дека Пиоли го презеде тимот на Милан во октомври 2019 година. Во сезоната 2021/2022…
Големата ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен и официјално потпиша нов договор со актуелниот шампион во Серија А. Договорот е до јуни 2026 година, а има ослободителна клаузула во висина од 130 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште од летото тврдеше дека Нигериецот повторно ќе потпише, а вчера изјави дека двете страни се многу блиску до нов договор. Тоа е веќе факт неколку часа пред гостувањето на Наполи кај Рома и е еден вид божиќен подарок за навивачите на Наполи. Осимен ќе добие значително зголемување на платата и сега ќе добива 10 милиони евра по сезона по оданочување.…
