Author: riste

Кошаркарот и првата звезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, си размени дрес со голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа. Ова година во месец август, на Тибо Куртоа му беше дијагностицирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Сега белгискиот репрезентативец го продолжува процесот на опоравување. Во оваа насока, фудбалерот имаше можност да присуствува на натпреварот на Далас Маверикс во НБА лигата. Да потсетиме, Дончиќ исто така има врска со Реал Мадрид, бидејќи за мадридскиот клуб настапуваше од 2015 до 2018 година. Во сезоната 2017/2018, словенечкиот кошаркар стана најкорисен играч (МВП) во Евролигата. По неверојатната кариера во Европа, Дончиќ беше избран од Далас Маверикс на…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти позитивно ја оценува можноста дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан да се пресели во неговата екипа, каде што претходно настапуваше десет години. Ова го пренесува „АС“. Според изворот, италијанскиот стручњак не е вознемирен од високата стапка на повреди на 30-годишниот играч, бидејќи тој веќе го докажал своето високо ниво на професионализам. Покрај тоа, Анчелоти забележува дека Варан брзо ќе се адаптира во мадридскиот клуб, бидејќи долги години играше за нив. Да потсетиме, под водство на Анчелоти, францускиот дефанзивец одигра 69 натпревари. Претходно во медиумите се појави информација дека Реал Мадрид го засилил интересот за Варан поради сериозните повреди на главните…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, својата клупска кариера ќе ја продолжи во Германија, каде што ќе го носи дресот РБ Лајпциг кој моментално е во самиот врв на Бундеслигата.РБ Лајпциг е клубот кој се согласи да ја плати бараната сума од 25 милиони евра на Наполи, за да го доведе македонскиот репрезентативец. Новинарот Фабрицио Романо утрово објави дека Елмас е веќе го Германија. Во текот на денот треба да ги изврши потребните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на повеќегодишен договор со РБ Лајпциг. 24-годишниот Елмас беше дел од наполитанците од 2019 година, а одигра 141 натпревари, на кои постигна 14 гола.…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се израмни со напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе по пазарната вредност по најновото ажурирање од онлајн порталот Трансфермаркт. По денешното ажурирање, пазарната вредност на 20-годишниот Англичанец се зголеми за 30 милиони евра и изнесува 180 милиони евра. Порталот исто толку ги цени 23-годишниот Халанд и 25-годишниот Мбапе. Белингем во последниот преоден рок од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид за 103 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со мадридскиот…

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер потпиша нов договор со својата екипа, ова го пренесува официјалниот сајт на германскиот клуб. Двете страни го продолжија договорот до јуни 2025 година. Претходниот договор на Томас Милер со Баерн би истекол во летото 2024 година. 34-годишниот Милер потекнува од школата на Баерн Минхен. За првиот тим настапува од јули 2009 година. Играчот од средниот ред учествуваше на вкупно 684 натпревари за „Баварците“. Успеа да постигне 237 голови и 261 асистенција. Заедно со германскиот клуб, играчот од средниот ред освои 32 трофеи. Да потсетиме, оваа сезона Милер настапи на 18 натпревари на Баерн. Германскиот фудбалер…

Read More

Голманот на белгиската репрезентација и Реал Мадрид Тибо Куртоа нема да игра на Евро 2024. Играчот сака целосно да се опорави од скинати вкрстени лигаменти на коленото. „Ќе го пропуштам ЕП 2024 поради повреда. Прво треба да се опоравам 100%, и подобро е да не поставувам никакви датуми. Ако имам среќа, можеби ќе можам да одиграм еден натпревар во мај. Но, и во овој случај не можете 100% да се подготвите за ваков голем турнир“, напиша Куртоа на социјалните мрежи. Да напоменеме дека во август годинава на Тибо Куртоа му беше дијагностицирана пукнатина на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Сега белгискиот…

Read More

Екипите кои се дел од Конференциската лига на УЕФА ги дознаа противниците за плеј-оф рундата од ова натпреварување. Во оваа фаза на Конференциската лига , Македонија има два свои фудбалски интернационалци кои настапуваат за Динамо Загреб, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат против шпанската екипа Бетис од Севиља. Парови во плеј-оф рундата на Конференциската лига:Штурм Грац – Слован БратиславаСервет – ЛудогорецУнион Сент Жилоа – Ајнтрахт ФранкфуртБетис – Динамо ЗагребОлимпијакос – ФеренцварошАјакс – Бодо/ГлимтМолде – Легија ВаршаваМакаби Хаифа – Гент Директен пласман во осминафиналето преку првото место во групите обезбедија Лил, Макаби, Викторија Плзен, Бриж, Фиорентина, Астон Вила, ПАОК и Фенербахче. Нокаут рундата ќе се одигра на 16 и 23…

Read More

Во седиштето на УЕФА беа извлечени натпреварувачките двојки и за следната фаза од Лигата на Европа. Во ова натпреварување шеснаесет тима се борат за место во осминафиналето. Второпласираните екипи од групната фаза вкрстуваат со оние кои доаѓаат од елитното натпреварување, односно ЛШ. Плеј-оф парови во Лигата на Европа: Феенорд – РомаМилан – РенЛенс – ФрајбургЈанг Бојс – Спортинг ЛисабонБенфика – ТулузБрага – КарабахГалатасарај – Спарта ПрагаШахтјор Доњецк – Олимпик Марсеј Директен пласман во осминафиналето преку првото место во групите обезбедија Аталанта, Вест Хем, Брајтон, Глазгов Ренџерс, Ливерпул, Виљареал, Славија Прага, Баер Леверкузен. Плеј-оф рундата ќе се одигра на 16 и 23 февруари, а веднаш по комплетирањето е закажана ждрепката…

Read More

Европската фудбалска федерација – УЕФА, денес ја одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Во седиштето на УЕФА во Нион беше одредено кој против кого ќе игра во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Еве како изгледаат натпреварувачките парови за оваа фаза од елитното натпреварување: Осминафиналните парови во Лигата на шампионите: Порто – АрсеналНаполи – БарселонаПСЖ – Реал СосиедадИнтер – Атлетико МадридПСВ Ајнтховен – Борусија ДортмундЛацио – Баерн МинхенКопенхаген – Манчестер СитиРБ Лајпциг – Реал Мадрид Првите натпревари ќе се играат на 13 и 14, односно 20 и 21 февруари. Реваншите пак се закажани на 5 и 6 март,…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба нема да игра барем до почетокот на следната сезона и ќе го пропушти Европското првенство во Германија. Се испостави дека тој ги скинал вкрстените лигаменти на коленото на последниот натпревар на неговиот тим против Виљареал, поради што ќе биде опериран. Овој фудбалер беше стартер, но ја напушти играта во првото полувреме. Се очекува Алаба да закрепнува околу осум месеци, што значи дека нема да може да учествува на ЕП 2024 со австрискиот тим чиј капитен е. Тоа е трета ваква повреда на играч од првиот тим на Реал Мадрид оваа сезона, поврзана и со…

Read More