Author: riste

Македонската традиционална карате федерација ги избра најдобрите за 2023 година. Во конкуренција на сениори/младинци за најдобри се прогласени Сашо Спасовски и Јадранка Недева. Од јуниори/кадети најдобри во машка и женска конкуренција се Матеј Мангаровски и Антонија Белазелкоска. „Минатата година беше една од најуспешните за македонските каратисти во традиционално карате кои освоија над 100 медали од меѓународните натпревари во сениорска, младинска, јуниорска, кадетска и детска категорија. Тие во 2023 година настапија на: ИТКФ Балканскиот шампионат во Скопје, ИТКФ Светскиот куп во Грција и Полска, Европскиот Куп во Холандија и Европскиот шампионат во Словенија“, стои во соопштението на МТКФ. За тренери на…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата иднина во клубот. „Сè уште немам донесено никаква одлука за мојата иднина. Јас не направив избор. Никој не зборува за мојата ситуација во клубот. Јас не ја донесов мојата одлука, но имаме договор со претседателот Ал-Хелаифи, така што тоа значи дека сите страни се заштитени. Фокусирајте се на тимот, а не на мојата ситуација“, му изјави Мбапе на новинарот Фабрицио Романо. Претходно беше објавено дека Мбапе би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Интерес за играчот покажа и Ливерпул. Мбапе игра за ПСЖ од 2018 година. Договорот на напаѓачот со клубот е до летото 2024 година.

Read More

Францускиот гигант Пари Сен Жермен, кој наиде на неодобрување на градоначалничката на Париз, Ен Идалго да му го продаде „Паркот на принцовите“, повеќе не е кандидат за купување на „Стад де Франс“. Ова беше соопштено од извор од клубот. Катарскиот спортски инвестициски фонд, кој е сопственик на ПСЖ, пред неколку месеци посочи дека сериозно размислува за купување или закуп на националниот стадион, но не поднесе документи за да го стори тоа до рокот кој истече синоќа. Од самиот почеток, овој интерес беше сфатен од многу набљудувачи како начин да се изврши притисок врз градоначалничката на главниот град, Ен Идалго, да…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше поразот на тимот во натпреварот од 19. коло од шпанското првенство со Џирона. Атлетико Мадрид голот за пораз го прими во првата минута од судиското продолжение. „Секогаш гледам на позитивната страна, не почнавме баш најдобро, тие беа подобри во првите 30 минути. Кога напаѓавме, доаѓаа головите, имаше опасност, можевме да го израмниме резултатот и имавме одлично второ полувреме. Направивме огромен напор, што доведе до промени бидејќи видов дека играчите се многу уморни. Останува само да и честитаме на Џирона, со оваа решителност се ќе биде многу добро за нив“, изјави Симеоне за „Марка“. Џирона моментално се наоѓа на…

Read More

Англискиот играч за врска на Реал Мадрид Џуд Белингем направи анализа на натпреварот од 19. коло на Ла Лига со Мајорка, во кој неговата екипа победи со минимален резултат. „Ова не беше нашиот најдобар натпревар, но три бода се три бода. Среќна Нова Година, Мадридисти!“ – напиша фудбалерот на социјалните мрежи. Да потсетиме, Реал Мадрид синоќа ја победи Мајорка (1:0) во натпреварот од 19.коло во шпанското првенство и остана на лидерската позиција на табелата, со ист број на бодови како и Џирона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Антонио Рудигер. Во моментов, по 19 одиграни натпревари во шпанската Примера, Реал Мадрид е лидер со 48…

Read More

Азискиот куп треба да се пресели во јуни и да се игра во истите датуми како и Европското првенство, изјави дефанзивецот на Арсенал и Јапонија, Такехиро Томијасу пред почетокот на континенталниот шампионат во Катар, закажан за 12 јануари до 10 февруари. Последните три изданија на турнирот се одиграа во јануари и февруари, отворајќи можности за домаќинство за земјите од Блискиот Исток, каде што во лето често температурата надминува 50 степени Целзиусови, температури кои се сметаат за опасни по здравјето на фудбалерите. Арсенал би можел да остане без Томијасу шест натпревари, вклучувајќи четири натпревари во Премиер лигата, доколку Јапонија стигне до…

Read More

Реал Мадрид има доверба во напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, но не и во неговата придружба, пренесуваат дел од шпанските медиуми. Според истите, мадридскиот клуб стравува дека блиските до напаѓачот на ПСЖ може да подлегнат на влијанието на катарските сопственици на парискиот клуб. Да потсетиме, претходно беше објавено дека Реал Мадрид развил нов план за потпис на Килијан Мбапе и наскоро ќе почне да го спроведува. Почнувајќи од 1 јануари оваа година, францускиот напаѓач може да склучи прелиминарни договори со кој било друг клуб за да им се приклучи летово како слободен играч. Ова е поради тоа што 25-годишниот фудбалер има договор со…

Read More

Британскиот Телеграф објави дека РБ Лајпциг и Јувентус се заинтересирани за услугите на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо. Претходно беше објавено дека играчот е блиску до враќање во Борусија Дортмунд. Да потсетиме, на почетокот на есента, 23-годишниот фудбалер имаше конфликт со главниот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг. Санчо на социјалните мрежи јавно го обвини својот тренер дека лаже, коментирајќи го неговото отсуство од составот за натпреварот од 4. коло од Премиер лигата со Арсенал (1:3). По ова, Англичанецот доби забрана за тренинзи со главниот тим, а до денес никогаш не се појавил на теренот. Сезонава Санчо одигра само три натпревари…

Read More

Синоќа беше одигран натпреварот од 20. коло во англиската Премиер лига помеѓу Вест Хем и Брајтон, мечот заврши нерешено – 0:0. Оваа средба беше петта во целата сезона во Премиер лигата каде не беше постигнат ниту еден гол. Веќе се одиграни вкупно 198 натпревари. Список на натпревари во англиската Премиер лига во сезоната 2023/2024 во кои не беа постигнати голови Бурнмаут – Челзи (5. коло)Кристал Палас – Фулам (6. коло)Кристал Палас – Нотингем Форест (8. коло)Ливерпул – Манчестер Јунајтед (17. коло)Вест Хем – Брајтон (20. коло) Единствена екипа која беше дел од два вакви натпревари е Кристал Палас. Избраниците на Рој Хоџсон се…

Read More

Галатасарај сериозно ја разгледува опцијата да ја прекине соработката со крилниот напаѓач на Челзи, Хаким Зиеш, кој оваа сезона настапува за турскиот клуб на едногодишна позајмица.  Според информациите кои ги објавија медиумите во Турција, Галатасарај е незадоволен од нивото на фудбал што го демонстрира 30-годишниот играч. Се нагласува дека Зиеш би можел да се врати во Челзи веќе овој јануари. Да потсетиме, Зиеш сезонава како дел од турскиот клуб настапи на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со Челзи трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на…

Read More