Author: riste

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за последниот натпревар на Европското првенство. Противник на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Швајцарија, која забележа одличен резултат играјќи нерешено со Франција во второто коло. Никола Костески на претходниот натпревар со Германија постигна два гола и очекува многу подобра игра на дуелот со Швајцарија. „Видовте и сами како одигра Швајцарија против Франција. Имаат осум играчи кои настапуваат во Бундеслигата. Мораме да ја организираме подобро одбраната, зашто задачата ќе биде тешка. Мора да се поправиме и да се бориме до крај, со ум во нападот и во дефанзивата.  Се надевам дека ќе ги намалиме техничките грешки, имавме…

Read More

Македонскиот репрезентативец, Ненад Костески, пред денешниот тренинг ги кажа своите очекувања од последниот натпреваар на нашата репрезентација на Европското првенство против Швајцарија. Нашите момчиња се подготвуваат за уште еден тежок предизвик и најавуаат дека минатите два меча се веќе заборавени. Ненад Костески рече дека тимот се фокусира на Швајцарија и најави максимално ангажиран пристап. „Тие покажаа дека имаат квалитет, моторот на екипата е Енди Шмит, кој многу придонесува за нивната игра. Тие дојдоа со големи очекувања, а тоа го потврдија и со ремито против Франција. Ние загубивме убедливо на првите два меча, имаме уште многу да работиме, но мислам дека можеме да ја…

Read More

Македонските ракометари се подготвуваат за последниот натпревар од Европското првенство, а овој пат противник ќе биде селекцијата на Швајцарија. Нашите ракометари не успеаја да изненадат во дуелите со големите фаворити Франција и Германија, но ќе се обидат да дојдат до премиерен триумф против Швајцарија, а во тоа верува и репрезентативниот голман, Никола Митревски. „Ги оставаме зад нас средбите со Франција и Германија, сега се концентрираме на Швајцарија, почнуваме од 0:0. Се подготвуваме за победа. Знаеме какви сили има ривалот, имавме исто време за одмор и анализа. Мора да промениме многу нешта од претходните мечеви, но верувам дека можеме многу повеќе да се „носиме“ со…

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, заедно со своите избраници се подготвуваат за завршниот натпревар од Европското првенство во Германија. Македонија ќе се сретне со Швајцарија, а нашиот предводник најавува дека ќеима голема борба на теренот. „Да не се повторуваме, Швајцарија одигра реми со олимпискиот шампион, Франција. Покажаа дека имаат голем квалитет и имаат големи амбиции. Ќе биде ова тежок дуел со екстра-квалитетен противник, имаат индивидуалци како Шмит, Зендер и Портнер, тука е и Робин, добар голгетер. Ако некаде имаме шанси да бидеме подобри од противникот, тоа е дуелот со Швајцарија. Ќе им ја препуштиме ним фаворитската улога, а ние ако се поправиме…

Read More

Голманот на нашата репрезентација Мартин Томовски доби поголема минутажа на натпреварот против Германија, но Македонија не успеа да биде на потребното ниво на оваа средба против посилниот ривал и домаќин на шампионатот. По мечот, Мартин Томовски беше реалиен и кажа дека Германија е ракометна „машинерија“ која ги казнува сите грешки на противникот, а така беше и против нас. „Игравме во одлична атмосфера. За Германците, кажав и претходно, тие се „машинерија“. Така што не простуваа и секоја наша техничка грешка ја казнија со лесен гол. На ред за нас е Швајцарија, го гледавме нивниот меч со Франција, изгледаше како една различна Швајцарија од оној прв…

Read More

Репрезентацијата на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство, овојпат од домаќинот Германија со 34:25. Дуелот кој се одигра во „Мерцедес-Бенц Арената“ мина во знакот на фаворитот, а нашиот национален тим имаше свои минути само во првиот дел од натпреварот, меѓутоа не можеше да му парира на разиграната селекција на Германија која беше бодена од 13.500 гледачи кои беа задоволни од оваа победа на својот национален тим. На средбата со новинарите, своја анализа на натпреварот даде Кирил Лазаров. Предводникот на нашата репрезентација смета дека тимот направил премногу технички грешки и имавме премногу подарени топки, директно во рацете на противникот. „Не…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија по 4 дена пауза го продолжува својот настап на Европското првенство (ЕП) во Германија. По стартниот со пораз од селекцијата на Франција (29:39) во Дизелдорф, нашите ракометари своите преостанати два натпревари ги игра во Берлин. Вечерва против домаќинот Германија од 20:30 часот, односно против Швајцарија (16 јануари – вторник од 18:00 часот). Германија на првата средба беше доминантна и со убедливи 27:14 успеа да ја победи Швајцарија и со тоа покажа дека се подготвени за виск пласман на ова ЕП каде што се домаќини. Овој состав на Германија е составен од играчи од најсилната лига во светот – Бундеслигата, Германците на овој…

Read More

Ракометарите на Македонија со мислите веќе се насочени кон натпреварот со Германија во рамките на второто коло на Европското првенство. По поразот од Франција (39:29) во првото коло, сега следи дуел со домаќинот кој има високи амбиции на ова ЕП. Во пресрет на дуелот пред првиот тренинг во „Мерцедес-Бенц Арената“ своите очекувања ги кажа и средниот бек Марко Митев. „Пред сè, ќе биде навистина тешко, тие се домаќини и ги сметаат како фаворити. Нас не сметаат како аутсајдери, па ни останува да се бориме и на теренот да дадеме максимум до последната секунда. Почнавме со анализите, имаме уште два дена за подготовка. И Германија…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија со очекуван пораз го започна Европското првенство во Германија, а во второто коло ја очекува уште еден навистина тежок дуел против домаќинот Германија. Нашата репрезентација одработи веќе еден тренинг во Берлин, а на првиот тренинг своето размислување даде и пивотменот Милан Лазаревски. „Нема премногу разлика во амбиентот, и оваа сала ќе биде исполнета. Ги анализираме натпреварите одиграни во првото коло. Имаме време да се подготвиме и да се покажеме во подобро светло од првиот меч. Нема што да се споредуваат Франција и Германија. Стилот е различен, консталацијата на играчите исто така. Целосно треба да се промени тактичкиот план кои…

Read More

Македонија го одработи денешниот тренинг по пристигнувањето во Берлин, а селекторот Кирил Лазаров пред тренингот, даде своја анализа на одиграниот меч со Франција и како се подотвуваат за дуелот со Германија. „Направивме анализа, имавме доста време по првиот меч. Жалиме за дуелот со Франција поради резултатот. тоа беше нереално, имавме добри моменти, ама и такви кога грешевме премногу. Ние тогаш имавме 20 технички грешки, против Франција тоа е премногу. Мислам дека треба да се сконцентрираме, на ова ниво не смееме да бидеме опуштени и мора да сме максимално фокусирани. Мора да сме попрецизни и поконцизни во сите сегменти на ракометната игра. Протв…

Read More