Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „За да имаме подобар резултат треба да ги намалиме грешките и да го промениме менталитетот“
    Ракомет

    Лазаров: „За да имаме подобар резултат треба да ги намалиме грешките и да го промениме менталитетот“

    risteBy riste12/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија го одработи денешниот тренинг по пристигнувањето во Берлин, а селекторот Кирил Лазаров пред тренингот, даде своја анализа на одиграниот меч со Франција и како се подотвуваат за дуелот со Германија. 

    „Направивме анализа, имавме доста време по првиот меч. Жалиме за дуелот со Франција поради резултатот. тоа беше нереално, имавме добри моменти, ама и такви кога грешевме премногу. Ние тогаш имавме 20 технички грешки, против Франција тоа е премногу. Мислам дека треба да се сконцентрираме, на ова ниво не смееме да бидеме опуштени и мора да сме максимално фокусирани. Мора да сме попрецизни и поконцизни во сите сегменти на ракометната игра. Протв Французите имавме квалитетно полувреме. Доаѓавме до шанси, промашувавме зицери и грешевме. На полувреме требаше да имаме поквалитетен резултат. Еден сериозен тим не смее да си дозволи да прима голови во последна секунда како што беше случај против Франција. Против ваков тим, па дури и со послаб ривал мора да имаме концентрација на повисоко ниво. 60 минути изгледа малку, ама против такви ривали е навистина многу. Натпреварот генерално беше убав за око, со страшен ритам. Мора да го промениме нашето, македонското. Лесно е да се каже, ама тоа мора да се поправи преку тренажен процес. Се сложувам со јавноста дека мора да сме поцврсти. Добро трчавме и се враќавме, ама не успевавме да го запреме налетот на Французите. Се сложувам за одредени критики, дека мора да одиме на повеќе контакт со кои ќе изнудуваме деветерци и ќе ги водиме кон пасивна игра“, започна селекторот.

    Селекторот Кирил Лазаров се осврна и на следниот предизвик, а тоа е дуелот кој в недела го играме со Германија. 

    „Не велам дека нема да играме седум на шест. Не ми е филозофијата нашата репрезентација да игра само таков тип на ракомет. Така ме водеше натпреварот и чувството против Франција. Сметам дека бевме немоќни кога тие одеа на контакт со ист број ракометари. Веројатно ќе го користиме тоа и со Германија, свесен сум дека ќе се подготват. Ние имаме кружни напаѓачи кои можеме да ги користиме за таков тип на игра“, изјави Лазаров.

    Македонија има два дена за подготовка за натпреварот кој в недела се игра во „Мерцедес-Бенз Арената“ во Берлин. Може да очекуваме повторно максимален број на гледачи кои ќе ја бордат селекцијата на Германија, но ќе има и наши навивачи кои допатуваа и ќе допатуваат за неделниот натпревар кој се игра во 20.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.