Author: riste

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто ќе го напушти клубот на лето, пренесува „АС“. Според изворот, 31-годишниот Шпанец бил подготвен да остане во тимот уште една година и за тоа разговарал со Чави Ернандез, кој сакал да го задржи играчот во тимот. Откако Чави објави дека решил да си замине на крајот на сезоната, управата на клубот одлучи да не го продолжи договорот со играчот. Серхи Роберто е младински играч на Барселона. Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред постигна 3 гола и направи 1 асистенција на 14 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Договорот на играчот е…

Read More

Дефанзивецот на Севиља, Серхио Рамос го надмина аргентинскиот напаѓач Лионел Меси по бројот на натпревари во шпанското првенство, објавија шпанските медиуми. Рамос учествуваше во натпреварот од 22. коло на шпанското првенство со Осасуна (1:1). За дефанзивецот овој натпревар беше 521-ви во шпанското првенство. Тој се искачи на осмото место по бројот на натпревари во Ла Лига, надминувајќи го Меси, кој има 520 натпревари. Рекордери по број на натпревари во шпанското првенство се Андони Зубизарета и Хоакин (622). Рамос за Севиља игра од 2023 година. Неговиот договор со клубот е до 2024 година. Дефанзивецот претходно настапуваше за овој клуб од 2004 до 2005 година. Рамос ги бранеше и боите на…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета може да ја предводи Барселона, пишува весникот „Сан“, цитирајќи го шпанскиот новинар Жерар Ромено. Според изворот, спортскиот директор на Барселона, Деко започнал да комуницира со агенти на потенцијалните кандидати во последните неколку недели. Покрај Артета, на списокот потенцијални кандидати за менаџерската функција на Барселона се и Јирген Клоп, кој на лето ќе го напушти Ливерпул, како и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман. Претходно беше објавено дека Артета би можел да го напушти Арсенал на крајот на сезоната. Да потсетиме, Чави најави заминување од Барселона на крајот од сезоната. Тој ја презеде Барселона на 6 ноември 2021 година и за…

Read More

Звонимир Бобан, кој беше директор на УЕФА , ја напушти организацијата, објави прес-службата на УЕФА. Според објавеното двете страни одлучиле да ја прекинат соработката со меѓусебен договор. Звонимир Бобан се приклучи на УЕФА во 2021 година и го иницираше создавањето на неколку важни проекти за технички развој, вклучително и Фудбалскиот совет на УЕФА и Младинскиот фудбалски форум. Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) изрази благодарност до господинот Бобан за посветената работа и му посака многу среќа во понатамошната кариера. Бобан вели дека е разочаран од идејата на Чеферин да протурка промена на статутот на УЕФА, само за да може да добие уште еден претседателски…

Read More

Лацио има намера да го засили напаѓачкиот потенцијал на тимот во тековниот зимски преоден рок, пренесува „Calciomercato“. Според изворот, тренерот на Римјаните Маурицио Сари е заинтересиран за потписот на 29-годишниот крилен напаѓач на Торонто, Федерико Бернардески. Италијанскиот фудбалер веќе работеше под водство на тренерот на Лацио во сезоната 2019/2020 во Јувентус. Забележано е дека Лацио не брза да го придобие Бернардески на трајна основа и моментално размислува за само шестмесечна позајмица за играчот. Да потсетиме, Бернардески играше за Јувентус пет години (од 2017 до 2022 година). Минатата сезона Италијанецот одигра 33 натпревари за Торонто во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и четири асистенции. Договорот…

Read More

Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац веќе има нов предизвик на Блискиот Исток, откако беше промовиран за нов тренер на екипата Ал Сафа во Саудиска Арабија. Поранешниот селектор на Македонија до пред неколку дена беше предводник на селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, но по завршувањето на Азискиот Куп го напушти кормилото на оваа репрезентација и целосно ќе се посвети на клупскиот ракомет. Во досегашниот период од кариерата како тренер Брестовац работеше како тренер во Металург и Тиквеш Во Ал Сафа, Брестовац ќе ја има улогата на главен тренер, а негов асистент ќе биде уште еден македонски тренер – младиот Алексо Лембанов.

Read More

Ливерпул и Челзи по петти пат во последните 20 години ќе се сретнат во финалето на домашeн куп. „Сините и црвените“ ќе играат во одлучувачкиот натпревар за Купот на ЕФЛ (Карабао куп) на стадионот „Вембли“ на 25 февруари. Да потсетиме, синоќа Ливерпул одигра нерешено на реваншот од 1/2 финалето на Лига купот против Фулам и обезбеди пласман во финалето. Челзи претходно го победи Мидлсброу со 6:1 во реваншот полуфинале и исто така го резервира своето патување на Вембли. Ливерпул и Челзи претходно играа меѓусебно во финалињата на домашните купови во сезоните 2004/2005 (ФА Куп), 2011/2012 (ФА Куп), 2021/2022 (Англиски Лига Куп)…

Read More

Победата над Германија во последното коло од групната фаза е убава утеха за само 11. место на ЕХФ Еуро 2024 за репрезентацијата на Хрватска. Оваа победа има на поголема тежина и значење ако се земе предвид дека Хрватска ја прекина 17-годишната серија на домашната селекција. Имено, откако „Ланксес арената“ во Келн стана ракометна арена, Германците немаат пораз таму, а одиграле девет натпревари на големите натпреварувања како што се СП 2007, СП 2019 и ЕП 2024 година. Светско првенство 2007:Шпанија 25-27 Германија (четвртфинале) ✅Германија 32-31 Франција (ЕТ, полуфинале) ✅Германија 29-24 Полска (финале) ✅ Светско првенство 2019:Германија 24-19 Исланд (главна рунда) ✅Хрватска…

Read More

Тренерот на Баерн, Томас Тухел , зборуваше за победата над Унион Берлин (1:0) во 18. коло од германскиот шампионат. „Бевме вклучени во играта, одигравме добрро и дисциплинирано. Унион Берлин се бранеше многу длабоко. Не изведовме контранапади. Унион имаше шанса на самиот крај, но инаку бевме многу константни во играта. Ја контролиравме играта, но ни недостигаше втор гол за д аго затвориме натпреварот. Да постигневме уште еден погодок, можеше да следат уште неколку. Генерално, денеска прикажавме добра игра. Беше сосема поинаков настап отколку во неделата, кога Вердер Бремен имаше шанси за контранапади од самиот почеток“, изјави Тухел за официјалната веб-страница на клубот.По 18 кола, Баерн е на второто место во…

Read More

Натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Шпанија во кој се сретнаа Атлетик и Барселона е посебен дуел од една интересна причина. Екипите играа на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, а Баскијците во продолженијата остварија важна победа од 4:2. Атлетик Билбао е екипа која упати 29 удари кон голот на Барселона за 120 минути игра. Од нив, само седум шута беа насочени кон противничкиот гол. Овој податок во однос на дозволените удари кон сопствениот гол беше најлош за Каталонците барем од сезоната 2013/2014, пренесува „Опта Спорт“ . Барселона, пак, успеа да упати само седум удари (четири од нив кон противничкиот гол). Покрај Атлетик Билбао, во…

Read More