Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац веќе има нов предизвик на Блискиот Исток, откако беше промовиран за нов тренер на екипата Ал Сафа во Саудиска Арабија.
Поранешниот селектор на Македонија до пред неколку дена беше предводник на селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, но по завршувањето на Азискиот Куп го напушти кормилото на оваа репрезентација и целосно ќе се посвети на клупскиот ракомет. Во досегашниот период од кариерата како тренер Брестовац работеше како тренер во Металург и Тиквеш
Во Ал Сафа, Брестовац ќе ја има улогата на главен тренер, а негов асистент ќе биде уште еден македонски тренер – младиот Алексо Лембанов.

