Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Повторно ги направивме истите грешки, со премногу подарени топки не може да се парира на Германија“
    Ракомет

    Лазаров: „Повторно ги направивме истите грешки, со премногу подарени топки не може да се парира на Германија“

    risteBy riste14/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентацијата на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство, овојпат од домаќинот Германија со 34:25. Дуелот кој се одигра во „Мерцедес-Бенц Арената“ мина во знакот на фаворитот, а нашиот национален тим имаше свои минути само во првиот дел од натпреварот, меѓутоа не можеше да му парира на разиграната селекција на Германија која беше бодена од 13.500 гледачи кои беа задоволни од оваа победа на својот национален тим.

    На средбата со новинарите, своја анализа на натпреварот даде Кирил Лазаров. Предводникот на нашата репрезентација смета дека тимот направил премногу технички грешки и имавме премногу подарени топки, директно во рацете на противникот. 

    „Не можам да кажам дека сум задоволен, имавме некои добри моменти, но тоа не е доволно за натпревар против ваков ривал. Повеќе од петнаесет технички грешки, продадени топки, подарени во рака, тоа е недозволиво. Германија нѐ казни, беа пресилни, но ние се боревме колку што можевме. Лошо го започнавме мечот и потоа немавме шанса да им се доближиме. 

    Мислам дека Германците во моментов се класа подобри од нас, тоа е евидентно, видовте како се движат, трчаат, шутираат. Имаме многу млади играчи , но не е реално во овој момент да се надеваме на победа против овие ривали. Ќе пробаме да ги средиме емоциите, да одмориме и ќе се обидеме против Швајцарија, иако видовме каков резултат извлекоа со Франција“, изјави Лазаров.

    Утре нашите ракометари ќе имаат ден за одмор и подготовка за последниот натпревар од групата, во вторник против Швајцарија од 18 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.