Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаревски: „Дуелот со Германија ќе биде сосема различен од оној со Франција“
    Ракомет

    Лазаревски: „Дуелот со Германија ќе биде сосема различен од оној со Франција“

    risteBy riste12/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија со очекуван пораз го започна  Европското првенство во Германија, а во второто коло ја очекува уште еден навистина тежок дуел против домаќинот Германија. 

    Нашата репрезентација одработи веќе еден тренинг во Берлин, а на првиот тренинг своето размислување даде и пивотменот Милан Лазаревски. 

    „Нема премногу разлика во амбиентот, и оваа сала ќе биде исполнета. Ги анализираме натпреварите одиграни во првото коло. Имаме време да се подготвиме и да се покажеме во подобро светло од првиот меч. Нема што да се споредуваат Франција и Германија. Стилот е различен, консталацијата на играчите исто така. Целосно треба да се промени тактичкиот план кои треба да ги имплементираме на натпреварот. Паралела не може да се повлече. Тие играат многу пофизички силно, ама не се толку мобилни како Французите. Германија се потпира на физичката сила и на индивидуални квалитети повеќе отколку на техничките можности.Во играта седум на шест се чувствуваме доста комотно. Игравме добро и тоа вроди со плод. Вклучувајќи некои топки што брзоплето ги продадовме, игравме гол за гол кога користевме тактика со човек повеќе. Ќе видиме што селекторот ќе замисли за овој натпревар, јасно е дека планот не може да биде ист за Германија. Неспоредливо е да се игра во ваква конкуренција на оваа сцена. Припремата на клупски план ми е на врвно ниво. Имам одличен стручен штаб и ментор во Столе Стоилов. Сметам дека шансите кои ги добивам добро ги искористив“, изјави Лазаревски. 

    Македонија в недела го игра натпреварот со Германија, па затоа имаат доволно време за анализа на противникот и подготовка на тактика со која ќе се спротивставиме на селекцијата на Германија во „Мерцедес-Бенц Арената“ од 20.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.