Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Митревски: „Важно е да победиме и да имаме полесен противник во баражот за СП“
    Ракомет

    Митревски: „Важно е да победиме и да имаме полесен противник во баражот за СП“

    risteBy riste15/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските ракометари се подготвуваат за последниот натпревар од Европското првенство, а овој пат противник ќе биде селекцијата на Швајцарија. 

    Нашите ракометари не успеаја да изненадат во дуелите со големите фаворити Франција и Германија, но ќе се обидат да дојдат до премиерен триумф против Швајцарија, а во тоа верува и репрезентативниот голман, Никола Митревски. 

    „Ги оставаме зад нас средбите со Франција и Германија, сега се концентрираме на Швајцарија, почнуваме од 0:0. Се подготвуваме за победа. Знаеме какви сили има ривалот, имавме исто време за одмор и анализа. Мора да промениме многу нешта од претходните мечеви, но верувам дека можеме многу повеќе да се „носиме“ со Швајцарците, отколку со другите тимови во групата. 

    Тешко е да се браниме кога не функционираме како што треба. Мислам дека не сме толку лошо во играта „шест на шест“, но проблемот е во враќањето назад. Не треба да гледаме во историјата, фактот што не сме победиле во последното коло, не треба да претставува некаква бариера. Третото место во групата може да донесе подобар бараж-противник за следните квалификации, така што, би сакал да завршиме со победа“, изјави Митревски.  

    Последниот натпревар од групната фаза против Швајцарија ќе го играме утре, 16 јануари, со почетокот во 18:00 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.