Author: riste

Напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе биде подложен на операција поради проблеми со глуждот. Процедурата ќе се одржи дененска, објави „Газета дело Спорт“. Бидејќи лигаментите и ‘рскавицата се недопрени, Милан се надева дека играчот ќе може да се врати на теренот за приближно шест недели. Максималното време за закрепнување се проценува на два месеци. Во тековната сезона во Серија А, мексиканскиот фудбалер одигра 9 натпревари и се уште нема постигнато гол.

Read More

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, одговори на прашањето во врска со неговиот договор. Специјалистот рече дека првите преговори за продолжување на договорот со клубот, кој истекува на крајот од оваа сезона, се одржале уште во март, но биле одложени. Според „Скај Спортс“, голем број водечки клубови од Премиер лигата и европските клубови ја следат ситуацијата на Гласнер. „Сè уште нема време за тоа. Верувајте ми, во моментов не размислувам за мојата иднина. Во моментов тоа не е важно. Знам дека кружат многу гласини. Но, не знам колку клубови сум „тренирал“ во текот на изминатите три месеци, иако сè уште…

Read More

Извлечена е ждрепката за полуфиналето на Англискиот Лига Куп за сезоната 2025/2026. Полуфинални натпревари од Англискиот Лига Куп: Челзи – Арсенал/Кристал Палас;Њукасл Јунајтед – Манчестер Сити. Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 12 јануари, а реваншите на 2 февруари.

Read More

Бразилскиот клуб Флуминензе и 41-годишниот централен дефанзивец Тијаго Силва го раскинаа договорот. Бразилскиот фудбалер настапуваше за оваа екипа од јули 2024 година. Минатата сезона, Тиаго Силва одигра 46 натпревари за тимот во сите натпреварувања (25 во Бразилското првенство), постигнувајќи четири гола и една асистенција. Во последните денови се повеќе се пишува дека Тиаго Силва повторно ќе се врати во Европа, но останува да видиме во кој клуб.

Read More

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го постигна својот 58-ми гол за Реал Мадрид во 2025 година. Фудбалерот постигна два гола во натпреварот од Купот на Кралот против Талавера де ла Реина (3:2). Со тоа Килијан Мбапе го намали заостанувањето со рекордот на Кристијано Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година на само еден гол. Португалецот постигна 59 гола во 2013 година. Реал Мадрид ќе има уште еден натпревар да одигра пред крајот на 2025 година – против Севиља во шпанското првенство и тоа ќе биде можност Мбапе да го израмни рекордот на Роналдо. Оваа сезона, Французинот одигра 26 натпревари во сите…

Read More

Ракометниот клуб Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната на првото место во домашното првенство и обезбеди пласман во главната фаза од ЕХФ Европската лига, а веќе ги прави плановите за идната натпреварувачка сезона во која од клубот се надеваат дека ќе биде со враќање во Лигата на шампионите. Првиот човек на клубот Михајло Михајловски денеска објави кои се амбициите на Вардар во следниот период. Прва цел е да се освои шампионската титула и да се обезбеди пласман меѓу најдобрите осум во ЕХФ Европската лига. „Според она што направивме во овој дел од сезоната може да биде задоволни, но како…

Read More

Екипата на ФК Вардар по подолга пауза се врати на врвот на македонскиот фудбал, а ја заврши ова аполусезона како есенски првак. На денешната прес-конференција извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, ја потенцираше досегашната борба на клубот која бида за финансиска консолидација, а потоа и резултатска. Тој појасни дека сегашната управа формално и правно го води клубот 13 месеци, по претходен четиримесечен транзициски период. Во тој период, според него, наследената финансиска состојба била далеку потешка од првичните проценки. „Ми беше презентирано дека долгот изнесува околу 2,5 милиони евра, но уште тогаш не ми изгледаше реално. Денес е јасно дека сумата…

Read More

РК Вардар соопшти дека ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027. Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот. Тузолана веднаш се вклопи во системот и покажа дека е подготвен да одговори на темпото и барањата на клубот. Неговото искуство од француската лига, брзината во транзиција и сигурната реализација донесоа важна димензија во нападот,…

Read More

Манчестер Сити е подготвен да разгледа понуди за дефанзивецот Рико Луис пред јануарскиот преоден рок, поради растечката неизвесност околу неговата улога. Според одредени извори, покрај Луис, напаѓачот Оскар Боб исто така би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити оваа зима. Местото на 22-годишникот во тимот моментално е под знак прашалник. Кристал Палас изрази интерес за Норвежанецот, со опција или да го позајми или да го купи. Луис одигра 12 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, при што имаше две асистенции. Боб одигра 14 натпревари, при што имаше една асистенција.

Read More

Поранешниот играч на Јувентус и сегашен селектор на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, зборуваше за шансите на „старата дама“ да ја освои Серија А оваа сезона. „Тие се малку зад своите ривали, но не мислам дека треба да се откажат од својот сон повторно да станат шампиони на Италија. Особено со Спалети како нивен главен тренер. Постои шанса. Спалети е тренер кој ме излудува. Отсекогаш ми се допаѓал и кога ги гледате неговите тимови како играат, секогаш има нешто да се научи. Тој е мојот омилен тренер“, изјави Канаваро за „Тутоспорт“. Јувентус моментално е на петтото место на табелата во…

Read More