Церемонијата за доделување на наградите „The Best“ (Најдобри) од ФИФА ќе се одржи вечерва. Настанот ќе се одржи во Доха и ќе започне во 18:00 часот. Церемонијата ќе се емитува во живо на официјалната веб-страница на ФИФА . Еве ги играчите кои ќе се натпреваруваат за наградата за играч на годината во 2025 година: Усман Дембеле (ПСЖ и француската репрезентација), Ашраф Хакими (ПСЖ и Мароко), Хари Кејн (Баерн Минхен и Англија), Килијан Мбапе (Реал Мадрид и Франција), Нуно Мендеш (ПСЖ и Португалија), Кол Палмер (Челзи и Англија), Педри (Барселона и Шпанија), Рафиња (Барселона и Бразил), Мохамед Салах (Ливерпул и Египет), Витиња (ПСЖ и Португалија)…
Author: riste
Денеска беше потпишан договор за ново спонзорство и партнерство меѓу Пивара Скопје и Ракометната Федерација на Македонија. Со тој свечен чин, официјално се одбележуваат 45 години континуирано партнерство и поддршка на македонскиот спорт и развојот на ракометот, нагласи Огњен Лазиќ – Генерален директор на Пивара Скопје. „Тоа што го поддржуваме 45 години сакаме и понатаму да го поддржиме. Да развиваме тимски дух, спортска култура и вистински вредности кои ги споделувате. Ние сме тука со обврска да обезбедиме подобра иднина и простор за работа на секое дете, секој талент да има инфраструктура, терен, добар тренер и почит што ќе му овозможи…
На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, македонската џудо федерацијата оствари историски успех добивајќи две високи европски признанија. Европската џудо унија на претседателот на нашата федерација, Владимир Трпаноски, му го додели престижното признание – „Hero of the Year“ и највисокото признание – „Best European Organiser of 2025“, како потврда за успешното институционално водење и организациски капацитети на македонското џудо. Со тие призанија се потврдуваат врвните организациски стандарди, институционалниот кредибилитет и угледот на македонското џудо на меѓународната спортска сцена.
Во 16-то коло од француската Лига 1, Олимпик Марсеј обезбеди тесна победа на домашен терен над Монако. Овој натпревар не само што му донесе на тимот три бода, туку и значајно достигнување во историјата на клубот. Предводен од италијанскиот тренер Роберто Де Зерби, тимот го постигна својот 56-ти гол на „Стад Велодром“ во Лига 1 во 2025 година. Ова беше најдобриот резултат на Марсеј по повеќе од половина век. Само двапати во историјата клубот постигнал повеќе голови на својот домашен стадион во една календарска година: во 1948 година (69 гола) и во 1971 година (62 гола). Благодарение на оваа победа,…
Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, одигра уште еден натпревар со одлична реализација, постигнувајќи 48 поени во поразот од Портланд со 136:131 . Стеф Кари погоди 16 од 26 шутеви од поле, вклучувајќи 12 тројки (од 19 обиди) што се рекордни во сезоната и 4 од 4 слободни фрлања. Со овој настап, 37-годишниот бек стана рекордер во НБА за најмногу натпревари со 40+ поени по наполнувањето на 30 години, надминувајќи го легендарниот Мајкл Џордан , кој имаше 45 такви натпревари.
Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, ја достигна бројката од 150 официјални настапи во шпанското првенство за каталонскиот клуб, објави „Опта Спорт“. Според изворот, ова с еслучи на натпреварот од 16-то коло од Ла Лига каде 23-годишниот Шпанец започнал во натпреварот против Осасуна, кој заврши со победа од 2:0 за Барселона. Со овој натпревар Педри стана најмладиот играч во историјата на Барселона кој одиграл 150 натпревари во Ла Лига, надминувајќи го рекордот на Лионел Меси поставен во 2010 година. Аргентинецот го одигра својот 150-ти настап во шпанската лига на 23 години и 121 ден – ова се случи на 23 октомври 2010…
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација во состав Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на У.О. на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ (on-line присутен), денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер што е неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска репрезентација. Членовите на Комисијата водеа конструктивен разговор заснован на стручни параметри, систем на работа, долгорочна…
Со победата над Слован Братислава, екипата на Шкендија донесе нови поени за Македонија на УЕФА-листата. Со новата победа во Европа, Шкендија доби нови поени и на моменталната УЕФА-листа ја прескокна Северна Ирска. Македонскиот клупски фудбал сега се наоѓа на 46. место со вкупен коефициент 7,666 од изминатите пет сезони, а само 3,250 од оваа сезона. Според аналитичарите, Шкендија сега има огромни шанси да пројде во следната фаза. Шансите дека тетовчани ќе бидат помеѓу најдобрите 24 во Конференциската лига се 95%. Во последното коло на КЛ, Шкендија игра на гости со АЕК Ларнака од Кипар.
Ракометарите на Вардар ги продолжуваат своите настапи во главната рунда од Лигата на Европа, а таму во групата 3 ќе играат против германскиот Мелсунген и португалската Бенфика. Европската ракометна федерација го потврди распоредот, а иако според првичниот распоред, вардарци требаше да стартуваат дома со Мелсунген, сепак тоа нема да се случи. Поради четирите германски клубови во оваа фаза и за да нема поклопување на термините, ЕХФ го промени распоредот. Вардарци на стартот ќе патуваат во Лисабон кај Бенфика, па ќе го пречекаат Мелсунген, потоа ќе бидат домакини на Бенфика, а на крајот од главната рунда ќе гостуваат во Мелсунген кај…
Крилниот напаѓач на Арсенал и на англиската репрезентација, Нони Мадуеке, стана првиот играч на Арсенал кој постигна три гола на своето деби за клубот во Европскиот куп/Лигата на шампионите, според „Опта Спорт“. На 26 ноември, Англичанецот постигна гол против Баерн Минхен (3:1) во 5-то коло од Лигата на шампионите, а на 10 декември, Мадуеке постигна два гол во натпреварот против Бриж во 6-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите 2025/2026. Оваа сезона, крилниот напаѓач одигра 12 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Актуелниот договор на Мадуеке со лондонскиот клуб е со важност до летото 2030 година, пазарната…
