Суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, одигра уште еден натпревар со одлична реализација, постигнувајќи 48 поени во поразот од Портланд со 136:131 .
Стеф Кари погоди 16 од 26 шутеви од поле, вклучувајќи 12 тројки (од 19 обиди) што се рекордни во сезоната и 4 од 4 слободни фрлања.
Со овој настап, 37-годишниот бек стана рекордер во НБА за најмногу натпревари со 40+ поени по наполнувањето на 30 години, надминувајќи го легендарниот Мајкл Џордан , кој имаше 45 такви натпревари.

