Германски навивач почина во близина на стадионот „Ацтека“ на денот на отворањето на Светското првенство во 2026 година. Според мексиканските власти, трагедијата се случила на втората рампа на арената за време на првиот натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка (2-0). Жртвата била 81-годишен германски државјанин. Се претпоставува дека навивачот доживеал срцев удар. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како болничарите изведуваат кардиопулмонална реанимација на местото на настанот, но човекот не можел да биде спасен.
Author: saso
Младиот каратист на Макпетрол Вукашин Јовановиќ во категоријата до (-67кг), обезбеди пласман во големото финале на универзитетското светско првенство во Бразилија и стигна најмалку до сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувач од Иран. Со овој резултат Јовановиќ ќе се бори за златниот медал, а воедно го обезбеди и второто одличје за Македонија на шампионатот, по успехот остварен на првиот натпреварувачки ден од Стефан Стојановиќ.
Македонскиот фудбалски шампион денеска добил казна од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во висина од 250.000 евра и условна казна од три години да не се повтори делото. Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски информираше дека УЕФА ги казнила „црвено-црните“ поради лошо финансиско работење, како и двојни договори и фалсификати кои се правеле во сезоната 2023/24. Клубот ќе биде под тригодишна условна казна, односно надзор и секое ново прекршување на правилата на УЕФА би можеле да донесат до сериозни казни. „За сезоната 23/24 Вардар е казнет со 250.000 евра од УЕФА и условна казна од три години да не се…
Аталанта е заинтересирана да го ангажира фудбалерот, Николо Савона и затоа започна преговори со Нотингем Форест. Поранешниот десен бек на Јувентус му се приклучи на англискиот клуб во летото во 2025 година со договор вреден 13 милиони евра плус 2,5 во бонуси. Во исто време екипата од Бергамо може да го продаде Марко Палестра во Интер доколку „нероаѕурите“ платат 50 милиони евра.
Торино постигна принципиелен договор за назначување на Игнацио Абате за главен тренер. Се очекува поранешниот дефанзивец на Милан да потпише договор до 2028 година. Одлуката е донесена по состанокот на спортскиот директор Џанлука Петраки и претседателот Урбано Каиро. Тие се определиле за Абате пред другите кандидати како Иван Јуриќ, Еузебио Ди Франческо и Алберто Џилардино. 39-годишниот Абате има одиграно над 200 натпревари за Милан и освоено неколку титули во Серија А.
Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Марк Касадо. „Црвените ѓаволи“ започнале преговори додека „сините“ ја следат ситуацијата но, не можат да му гарантираат постојано место во стартната постава. Фудбалерот игра за каталонскиот клуб од јули 2024 година. Неговиот тековен договор е до 30 јуни во 2028 година а проценетата вредност на трансфер-пазарот е 18 милиони евра.
Шејн Клајверт , син на поранешниот фудбалер Патрик, ќе му се приклучи на сениорскиот тим на Барселона за претстојната сезона и ќе биде дел од тренинг кампот во Англија. Клајверт јуниор се гледа како еден од најперспективните играчи на академијата на Каталонците. Тој во април потпиша нов договор кој е валиден до летото 2028 година. Напаѓачот во претходната сезона за младинскиот тим одигра 22 натпревари во кои постигна два гола и имаше две асистенции.
Баерн Минхен е заинтересиран да го потпише напаѓачот Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед но, се зависи од ситуацијата со Барселона која го позајми во изминатата сезона. Каталонскиот клуб има опција да го купи играчот за 30 милиони евра но, нема намера да ја искористи. Баерн Минхен изрази подготвеност да ја плати бараната цена. Главната пречка е платата на играчот – 348.000 евра неделно. Минатата сезона, Рашфорд одигра 49 натпревари во кои постигна 14 гола и имаше 14 асистенции.
Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал уште на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Тој беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот пропуштајќи голема можност да се бори за златниот медал.
Шефот на медицинскиот персонал вчера бил известен за неговото отпуштање. Точните околности на оваа одлука не се откриваат Клубот го припишува отпуштањето на големиот број повреди што ги претрпеле играчите во текот на изминатата сезона. Клучните играчи, вклучувајќи ги Мартин Oдегард, Букајо Сака, Јуриен Тимбер и Каи Хаверц, пропуштија подолги периоди поради повреди. Пред да се приклучи на Арсенал, Зафар Икбал работеше во Ливерпул, Тотенхем и Кристал Палас.
