И втора година едноподруго, Македонија има европски медалист. Екипата на Охрид го совлада унгарскиот тим Татабања со 31:25 во вториот реванш натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп и успеа да го освои првиот историски трофеј во клупската историја. Охриѓани сезонава покажаа дека го заслужија овој европски пехар. Одиграа фантастично цела сезона и на крајот сосема заслужено во два меча го победија унгарскиот тим и го продолжија она што минатата сезона го започна Алкалоид. Вечерва во реванш мечот, Јасухира одигра брилијантен меч со 9 гола, а меѓу стативите повторно царуваше Пилиповиќ, овој пат со 13 успешни интервенции. Охрид вечерва има…
Author: saso
АП Брера Струмица и Пелистер влегоа како фаворити во бараж дуелите за пополнување на двете места во Првата лига, но на крајот двата досегашни прволигаш доживеаја шок и се селат во Втора лига. Скопје се враќа во фудбалска елита во мак-фудбалот благодарение на победата која ја оствари во Битола над Брера со резултат 0:1, а човек на одлука беше Трајчевски кој се најде на вистинско место, откако претходно пенал не реализираше Ангелов. Минималните 0:1 беа доволни за да се обезбеди прволигашки статус, а воедно значеше дека Брера после долги години ќе настапува во Втората лига. Преселба во понизок ранг прави…
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за новиот договор на Винисиус Жуниор. Тековниот договор на 25-годишниот крилен напаѓач е со важност до 30 јуни 2027 година. „Продолжување на договорот со Винисиус? Сè уште има време. Навистина би сакал да остане засекогаш. Тој ги освои последните две титули во Лигата на шампионите за нас и многу добро го разбира клубот. Знаете кој не го сака? Оние кои не навиваат за Реал Мадрид “, рече Перез во интервју за „Ел Паис“.
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата, според анкетата спорведена меѓу играчите. „Кикер“ традиционално анкетираше 199 играчи од германското првенство на крајот од сезоната за да ги идентификува најдобрите. Олисе доби 40,7% од гласовите. Првите тројца беа Јан Диоманде (15,1%) од РБ Лајпциг и Лука Вушковиќ (11,1%) од Хамбургер. Најдобриот стрелец во Бундеслигата за сезоната, Хари Кејн, се најде на четвртото место во анкетата, добивајќи 10,1% од гласовите.
Утре и официјално започнува пинг понг натпреварот од серијата World Table Tennis Contender Skopje 2026. Натпреварот ќе трае до 7 јуни, а натпреварите се играат во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Фондот на награди изнесува 100.000 америкаски долари, а најпознати имиња кои ќе настапат се Дарко Јоргиќ од Словенија, рангиран на 14-то место во Светот, и Јапонката Сацуки Одо, 12-та во Светот. Натпреварите се играат во текот на целиот ден, до вечерните часови и влезот за следење на истите е слободен.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа и во третиот финален натпревар од плеј-офот против предизвикувачот Маџари и со тоа дојдоа до нова шампионска титула на домашната сцена. Аеродромци ја одбранија титулата, откако со максимални 3-0 ја добија финалната серија против дебитантот Маџари. Вечерва на третиот финален меч МЗТ Скопје А. славеше со 74-80 и успеа да ја оствари целта – 13-та титула во домашниот шампионат, и трофеи во Купот на Македонија и Супер-Купот. Војдан Стојановски со 17 поени беше лидер кај новиот (стар) шампион, додека Хот постигна 20 поени со 18 скока кај екипата на Маџари.
Екипата на ГРК Охрид се враќа со гол-предност од тешкото гостување кај Татабања во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани успеаја да дојдат до победа откако одиграа еден извонреден натпревар, во кој уште во првото полувреме покажаа дека се одлично мотивирани и направија висока предност од пет гола (18:23). Сепак, во вториот дел, особено во финишот, ГРК Охрид не успеа да ја зачува свежината, домашните се вратија во игра, па дури и успеаја да поведат, 28-27. Потоа, Иванковиќ реализира за 28-28, а по одбрана на Пилиповиќ, Ѓукиќ погоди за водство на ГРК Охрид на три секунди пред крајот…
Освојувачот на фудбалскиот куп на Македонија, ФК Силекс, денеска информираше дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски. Кратовци потврдија дека тој и во наредната сезона ќе го предводи тимот на Силекс. „По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи!“, напишаа од ФК Силекс.
Македонската и тетовската одбојка денеска се збогува со својата легенда Владимир Ѓорчески-Ципа, кој на 66. години почина во Тетово. Ѓорчески кариерата ја започнува во Југохром, каде минува две сезони, а потоа пет години е дел од Работнички и пет сезони настапува за Вардар. Интернационалната кариера ја гради во Барселона, Шпанија и грчки Арис. На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром. За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија беше прв капитен на машкиот сениорски национален тим, за кој играше пет години. Ѓорчески попладнево е погребан во Тетово. Одбојкарската федерација на Македонија…
Столе Димитриевски ја заврши сезоната на најдобар можен начин и со нова страшна одбрана против Барселона. На прес-конференцијата по вчерашниот триумф над новиот шампион, Столе зборуваше за сезоната, но и за својата иднина. „Вистинска штета е што не изборивме излез во Европа. Се боревме до самиот крај, ја победивме Барселона, но не ни одеа во прилог резултатите од другите натпревари. Тажни сме, но мора да се подигнеме после ваква сезона и повторно да почнеме отпочеток. Јас сум среќен во клубот. Откако добив шанса за игра од јануари, одговорив на задачата и покажав што можам да понудам. Кога играв во овој…
