И втора година едноподруго, Македонија има европски медалист. Екипата на Охрид го совлада унгарскиот тим Татабања со 31:25 во вториот реванш натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп и успеа да го освои првиот историски трофеј во клупската историја.
Охриѓани сезонава покажаа дека го заслужија овој европски пехар. Одиграа фантастично цела сезона и на крајот сосема заслужено во два меча го победија унгарскиот тим и го продолжија она што минатата сезона го започна Алкалоид.
Вечерва во реванш мечот, Јасухира одигра брилијантен меч со 9 гола, а меѓу стативите повторно царуваше Пилиповиќ, овој пат со 13 успешни интервенции. Охрид вечерва има многу причини да слави!

