Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска и официјално ја завршува кусата летна пауза и почнува со подготовките за новата сезона. Како што објавија од редовите на „црвено-црните“, ростерот на тимот е комплетиран и во него се 38 фудбалери, од кои 10 од младинската школа на клубот. Стручниот штаб е исто така потврден, а нов кормилар на Вардар во Европа ќе биде aргентинскиот стратег Кристан Фабиани. Вардар за денеска најави и потпишуваме договор со еден од спонзорите за претстојниот период. Инаку, клубот главниот дел од подготовките пред првите настапи во квалификациите од Лигата на шампионите ќе ги спроведе во Италија.
Author: saso
Шведскиот атлетски супер-стар Арманд Дуплантис го претрпе првиот пораз во натпреварите во скок со стап од 2023 година, откако не успеа да победи пред домашната публика на собирот од Дијамантската лига во Стокхолм. Актуелниот светски рекордер прескокна 5,80 метри, што е за 51 сантиметар помалку од неговиот најнов светски рекорд од 6,31 метри. Потоа Дуплантис не успеа да ја надмине височината од 6,00 метри во два обида, а потоа и 6,05 во третиот обид. Победата ја однесе Австралиецот Кертис Маршал со скок од 5,90 метри.
Сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан, одлучи да се повлече од функцијата претседател по она што тој го нарече, лажни обвинувања против него. Долгогодишниот косопственик и претседател на Вест Хем, Дејвид Саливан, се повлекува од функцијата. Велшкиот бизнисмен поднесе оставка од сите позиции во клубот. Ова е резултат на обвиненијата против него кои наскоро ќе бидат објавени. Клубот јасно става до знаење дека обвинувањата немаат никаква врска со Вест Хем или активностите на клубот. Самиот Дејвид Саливан ги нарекува обвинувањата лажни, но сепак одлучи да поднесе оставка за да избегне создавање немири во клубот. Вест Хем испадна од Премиер лигата…
Јувентус е во очајна потрага по нов голман. Според информациите, Јувентус има сериозни сомнежи за Микеле Ди Грегорио и Матија Перин. Еми Мартинез од Астон Вила се појави како можна опција за „Старата Дама“, но договор ќе биде многу тешко да се постигне. Гуљелмо Викарио од Тотенхем е поверојатна опција, но Јувентус разгледува и други солуции. „Скај Италија“ сега објави дека Мартинез останува и конкретна опција за италијанскиот тим, иако има долгорочен договор со Астон Вила. Тимот на Унаи Емери сака само 5 милиони евра за да се раздели со него, но поголем проблем ќе бидат барањата на самиот Мартинез…
Најдобриот македонски атлетчар, Дарио Ивановски, член на АК „Скопски маратон“, победи на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52ч. Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1:31:35ч., втора пристигна Биљана Кираџиева од Србија (1:34:07ч.), а трета финишираше Благица Јованова од Македонија со време 1:35:24ч.…
Универзитетската карате репрезентација отпатува за Бразилија на Светското унивезитетско првенство во главниот град на Бразил од 8 до 13 јуни. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот. За нашата репрезентација, предводена од селекторот Бошко Заборски, ќе настапат: Рудина Алиу -55 кг Универзитет „Мајка Тереза“ – СкопјеЈована Мицовска -61 кг Универзитет „Св. Кирил и Методиј“Викторија Јовановска -61 кг Универзитет за туризам – СкопјеГреса Мустафиу +68 кг Универзитет „Мајка Тереза“ – СкопјеВукашин Јовановиќ -67 кг Универзитет „Св. Кирил и Методиј“Љупче Михајлов -75 кг Универзитет „Гоце Делчев“ – ШтипДанило Божовиќ -84…
Во наредните четири дена, Кошаркарската федерација на Македонија и Скопје ќе ги обединат европските минибаскет експерти. Од 4. до 7 јуни, главниот град на Македонија ќе биде центар на европската минибаскет сцена, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во партнерство со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет. Настанот ќе собере тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот…
Францускиот прволигаш Монако објави дека Себастијан Покоњоли заминува од функцијата главен тренер. Белгиецот го презеде тимот во октомври 2025 година. Под негово водство, тимот од кнежевството одиграа 38 натпревари во сите натпреварувања, од кои победија на 16, загубија на 13 и одиграа 9 нерешено. На крајот од минатата сезона, Монако го освои 7-мо место на табелата во Лига 1, освојувајќи 54 бода.
Игра. Емоција. Дружба. Тоа се Плазма спортски игри за млади! Спортскиот караван на Плазма Спортските игри за млади, по Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Велес, денеска пристигна во својот седми град-домаќин – Кавадарци! Повеќе стотици млади спортисти се појавија на градскиот плоштад натпреварувајќи се во повеќе дисциплини. Пред присутните се појавија и повеќе спортисти од градот, како амбасадори на игрите. Тука беа кошаркарот Тодор Златев како и фудбалерот Александар Вареловски. Настанот го отвори претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елна Мицковска.
Македонија доживеа убедлив пораз од Турција од 4-0 на вечерашниот контролен натпревар што се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Многу работи во нашата игра треба да се поправат, откако четири натпревари сме без постигнаг гол. „Загубивме со 4-0 и ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Да, имаме четири меча без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме. Ние креираме нешто ново, се знае дека…
